Канческа-Милевска: Продолжуваат конзерваторските работи во Стоби

Во посета на археолошкиот локалитет Стоби, кој е во состав на НУ Стоби, денеска беше министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска заедно со Виктор Лилчиќ, директор на Управата за заштита на културното наследство. По направениот увид во изведувањето на конзерваторските работи на локалитетот Стоби, министерката Канческа-Милевска за медиумите информира дека се во тек многу важни конзерваторски работи на овој, како што потенцира, мошне значаен археолошки локалитет во Македонија. Во моментов стручни екипи интензивно работат на конзервација, реставрација и археолошки доистражувања на Римскиот театар, кои се во завршна фаза. Исто така, во…

повеќе...

Работна средба на ФЗОМ со делегација на Фондот за задолжително здравствено осигурување на Албанија

Законската регулатива, начинот на којшто се остваруваат правата од здравственото осигурување, особено македонскиот модел на стекнување на правото на ортопедски помагала беа во фокусот на работната средба на директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, др. Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани со директорката на Фондот за задолжително здравствено осигурување на Република Албанија, Вјолца Брахо. Средбата се одржа на иницијатива на Фондот за задолжително здравствено осигурување на Република Албанија чии претставници изразија интерес да добијат подетален преглед и информации за реформите спроведени во Фондот за здравствено осигурување на Македонија. На…

повеќе...

Шест милиони евра за обнова на регионалниот пат Битола-Ресен-Буково

До крајот на годинава се очекува да бидат завршени активностите за обнова регионалниот патен правец Битола-Ресен-Буково. „Станува збор за инвестиција во вредност од шест милиони евра со која ќе бидат реконструирани 27 километри, истакна министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, при денешниот увид на градежните активности. Мисајловски рече дека регионалниот пат се асфалтира и оти очекува првите седум километри да бидат завршени за месец до два и дел од патот од Битола кон Ресен да биде пуштен. – Исто така, паралелно се работи на патот од Ресен кон Битола…

повеќе...

Кривична за стружанец поради повреда на правата од работен однос и социјално осигурување

СВР Битола поднесе кривична пријава против О.Н.(45) од Струга управител на ТД „Еуро Мебел 2011“ ДООЕЛ Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ и против ТД „Еуро Мебел 2011“ ДООЕЛ Струга заедно со прво пријавениот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правата од работен однос“ и „повреда на правото од социјално осигурување“. О.Н. на 15.11.2015 година, без дадено овластување од страна на А.М. управител на правното лице „Еуро Мебел Лаб“ од Струга склучил договор во име на „Еуро Мебел Лаб“…

повеќе...

Заев: Заедно со граѓаните ќе го браниме Уставот

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес при неговата посета во Битола изјави: „Најнапред да ја искористам приликата да ги поздравам битолчани, Битола и целиот битолски регион. Ние сме денеска овде, во недела посветена за младите. Отвараме дебати за иднината на нашата младина. Без младите ни е џабе се. Најпоразителниот факт во Македонија е оваа пуста миграција, иселување. Пред се застапено помеѓу младите луѓе коишто ги напуштаат родните краишта и заминуваат по белиот свет, трудејќи се да најдат подобра иднина за себе и за нивните идни поколенија. Но, изјавата ја давам…

повеќе...

Мајка сама пријавила дека ги запалила становите на синот во Охрид и Битола

Вчера во 21.00 часот во СВР Охрид дошла Љ.К. (54) од Битола и пријавила дека лично самата се обидела да ги опожари становите на нејзиниот син З.К. (30) од Битола, лоцирани на ул. „Момчило Јорданоски“ во Охрид и на ул. „Питу Гули“ во Битола. Пожарите биле изгаснати од страна на ТППЕ Битола, односно ТППЕ-Охрид. Увид извршиле екипи од ОКТУПА при СВР-Битола и ОКТУПА-Охрид. Притоа било утврдено дека во станот во Битола целосно се изгорени аголна гарнитура за седење и тепих во дневната соба, тепих во ходник, а оштетена и опожарена е…

повеќе...

Ташевска-Ременски: Кожната болест „скабиес“ била дијагностицирана минатата година, а надлежните не пријавиле во министерството

Министерската за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски ги посети Јавната установа Дом за доенчиња и мали деца-Битола, Дневниот центар за деца со посебни потреби и Центарот за социјална работа во Битола при што изврши увид во работењето на установите со цел запознавање со потребите и активностите на истите. При посетата на Домот за доенчиња и мали деца, Ташевкса-Ременски посебно се интересираше за здравствената грижа и состојбата на дечињата кај кои во текот на месец јули, ноември и декември минатата година било дијагностицирано кожно заболување. Министерката посетата на Домот…

повеќе...

Го убил деда си заради имотот

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Ш. (21) и А.Н. (20) и двајцата од село Пласница поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело -“убиство“ предвидено и казниво според чл.123 ст.1 од КЗ на Р.М. Пријавените се сомничат дека на 11.10 2014 година во периодот меѓу 20,30 – 22,30 часот го нападнале и убиле 71 годишниот Риза А. исто така од Пласница. Имено, пријавените се познавале со жртвата, А.Ш бил негов внук од син и живеел во истата куќа со Риза А. а и второпријавениот А.Н. честопати доаѓал во домот…

повеќе...

Претседателот Иванов се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Битола

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов во Народната канцеларија во Битола оствари средба со граѓани на која што се запозна со нивните ставови и мислења околу општествените состојби во Република Македонија и во градот Битола. Битолчани го информираа македонскиот претседател за нивните предизвици од секојдневниот живот и го запознаа со идеи и предлози, како и нивни размислувања во насока на надминување на тие предизвици. Претседателот Иванов истакна дека , како и досега така и во иднина, преку сите механизми во негова надлежност ќе се залага за надминување нa предизвиците…

повеќе...

Потпишани договори за реализација на проектот за топлификација на Битола

Владите на Република Македонија и на Сојузна Република Германија, ЕЛЕМ и КфВ банката денеска потпишаа една спогодба и три договори за реализација на проектот за изградба на нов систем за централно греење во Битола, Новаци, Могила и Логоварди. Со договорот КфВ на ЕЛЕМ му дава заем од 39 милиони евра за реализација на проектот со фиксна каматна стапка од 1,5 отсто, што е историски најмала камата за изградба на инфраструктурен објект во Македонија, рок на отплата од 15 години со вклучен грејс-период од четири години. Ниската каматна стапка ќе значи…

повеќе...