Пронајдена дрога на Ќафасан, приведени тројца полски државјани, еден е во бегство

Во заедничка акциска контрола на царинската управа на Република Македонија и граничната полиција – регионален центар Запад, вчера на граничниот премин „Ќафасан“ беше пронајдена и одземена 1,6 килограми опојна дрога марихуана. Притоа, три лица – полски државјани се приведени, а еден полски државјанин е во бегство. Полските државјани беа детално контролирани при обид за влез во Република Македонија со нивното патничко моторно возило марка „Пежо“ со полски регистарски ознаки. При контролата, двајца од нив се упатиле кон тоалетот при што, во близина на контејнерите од џебовите извадиле и оставиле две…

повеќе...

Македонски државјанин фатен во обид да прошверцува марихуана

Во рамките на оперативната акција „Таргет“ (која ја спроведува Секторот за контрола и истраги при Царинска управа во координација со граничните царински испостави) на 07.01.2015 година на граничниот премин Табановце – автопат од страна на инспекторите од Мобилните тимови и царинските службеници од граничниот премин, спречен е обид за шверц на околу половина килограм марихуана. Имено, на 07.01.2015 година околу 17:15 часот на излез од Република Македонија на граничниот премин Табановце-автопат се пријавил автобус со македонски регистарски ознаки што сообраќал на редовна линија Кичево – Анзбах, по што бил селектиран…

повеќе...

Поднесени кривични пријави од Царинка Управа во декември 2014

Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија, во месец декември 2014 година до надлежните јавни обвинителства поднесе10 кривични пријави против 3 правни и 11физички лица. Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „Недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, „Криумчарење“, „Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „Фалсификување на исправа“. Недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори Три кривични пријави, против три физички лица,…

повеќе...

Запленети девизи, свежа риба, компјутерски делови и фалсификати

Во текот на минатата недела и викендот, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење стока, при што привремено се задржани девизи, свежа риба, компјутерски делови, делови за огради, пропиленски кеси, налепници и фалсификати. Покрај тоа откриена е и една царинска измама. Задржана е следната стока: Девизи – 9.500 швајцарски франци, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при личен претрес на албански државјанин кој допатувал со лет од Цирих. Во паричникот и во џеб од кошулата на патникот пронајдени се 10.000 евра и 9.500 швајцарски франци. Согласно законските прописи, на патникот…

повеќе...

Царинарница Битола се уште работи отежнато

Од Царинската управа информираат дека поради прекин во снабдувањето со електрична енергија и интернет врските, како и големите наноси снег и денес, 2 јануари 2015 година работата на повеќе гранични царински испостави на територијата на Царинарница Битола се одвива во отежнати услови. Поради проблеми со снабдувањето со електрична енергија, прекин на телефонската и интернет врската, како и недорасчистените наноси од снег на патишатата, работата во царинската испостава Ќафасан се одвива крајно отежнато, посебно на отсекот за стоково царинење. Иста е ситуацијата и во царинската испостава Стење. Во отежнати услови поради нерасчистените…

повеќе...

Запленети девизи, виагра, технички производи, козметика, ловечка муниција и фалсификати

Во текот на минатата недела и викендот, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење стока, при што привремено се задржани девизи, таблети виагра, техничка стока, модни додатоци, козметички производи, мемориски картички, ловечка муниција, нутритивни додатоци на исхраната и фалсификати. Покрај тоа откриен е и еден обид за влез на дизел гориво за кое постои забран за увоз. Задржана е следната стока: Девизи – 19.700 евра, откриени на граничниот премин Богородица, при контрола на патничко моторно возило со српски регистарски таблички и личен претрес на возачот – српски државјанин, пријавен за…

повеќе...

Наскоро бесцаринска трговија со Турција и за земјоделско-прехранбени производи

Економските и трговските односи меѓу Македонија и Турција беа главни теми на разговор на денешната средба во Скопје меѓу министерот за економија Беким Незири и неговиот турски колега Нихат Зејбекчи, кој престојува во земјава во рамките на работната посета на премиерот Ахмет Давутоглу. На средбата министерот Зејбекчи предложи да се прошири Договорот за слободна трговија меѓу двете земји потпишан во 1999 година и да има бесцаринска трговија не само за индустриски, туку и за земјоделско-прехранбени производи. „Со ЕУ нашата земја има царинска унија, но без либерализација во земјоделскиот сектор. Затоа,…

повеќе...

Донесен законот за изменување и дополнување на законот за акцизите

Собранието на Република Македонија на седницата одржана на ден 17.12.2014 година го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите. Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во Службен Весник на Република Македонија бр. 188 од 19.12.2014 година, а ќе се применува од 1 јануари 2015 година. Со измените и дополнувањата на овој закон, акцизата на цигари од 1 јануари 2015 година ќе изнесува 1,353 ден. по парче и 9% од малопродажната цена. Ако комбинираната акциза е под износот од 1,553 ден. по парче се применува…

повеќе...

Македонија, Србија, Унгарија и Кина потпишаа договор за царинска соработка

Македонија, Србија, Унгарија и НР Кина потпишаа договор за заемна царинска соработка. Договорот го потпишаа денеска во рамки на Третиот состанок на шефовите на влади на Кина и на земјите од Централна и Источна Европа. Договорот предвидува царините на сите четири земји да соработуваат во делот на размена на информации и документи, како и да се признава царинењето и постапката од другите царини и да ја продлабочи соработката. Целта на документот е да се поддржи регионалната и меѓународната трговија и да се создаде позитивна клима за стопанствата и граѓаните за…

повеќе...

Кривична пријава за полициски службеник од ГП „Ќафасан“ за примање поткуп

Од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со РЦ за ГР Север и Сектор за внатрешна контрола и професионални стандарди до ОЈО Струга е поднесена кривична пријава против лицето Љ.П. (43) од Тетово, вработен во МВР-РЦ за ГР Запад, како Раководител на смена во Полициска станица за Гранични проверки – Ќафасан, за сторено кривично дело – “примање поткуп“ по член 357 ст.2 од КЗ. Во рамките на своите службени овластувања, пријавениот во својство на службено лице како раководител на смена на ГП Ќафасан, со…

повеќе...