Спречен обид за нелегално внесување на ловечка мунуција од Грција

Царинските службеници од граничниот премин Богородица спречија обид за нелегално внесување на ловечка муниција, притоа запленувајќи 661 парче непријавена муниција. На 21.08.2013 година за влез во Република Македонија, на граничниот премин Богородица се пријави патничко моторно возило – комбе со грчки регистарски таблици, управувано од грчки државјанин. При детална царинска контрола на возилото, во просторот под седиштата, пронајдени се 661 парче сокриена ловечка муниција, спакувана во картонски кутии за кои возачот, кој истовремено е и сопственик не поседувалдозвола издадена од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, која е неопходна…

повеќе...

Запленет глисер во водите на Охридското Езеро

Мобилните царински екипи викендов запленија моторен чамец-глисер EVINRUDE – HUSTLER 75943. На 03.08.2013 година, при вршење контрола на пловните објекти во водите на Охридско Езеро, царинските инспектори, во соработка со припадници на Капетанијата и Езерската Полиција на Охридско Езеро, кај плажата Горица 3 запреа моторен чамец-глисер со италијански регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин. При контролата е утврдено дека глисерот бил внесен во Република Македонија пред седум години без за него да биде спроведена соодветна царинска постапка и да бидат платени царински давачки. Сопственикот не поседувал никаква документација за да…

повеќе...

117 кг марихуана откриени во албански автобус на Табановце

Царинските службеници од граничниот премин Табановце открија обид за пренесување на 117 кг високо квалитетна марихуана, во автобус со албански регистарски таблички. Имено, на 14.06.2013, околу 20:30 часот) за излез од Република Македонија се пријави автобус марка NEOPLAN со албански  регистарски таблички, сопственост и управуван од албански државјанин со инцијали Е.Б. од Тирана. Како втор возач на автобусот е лице – албански државјанин со иницијали К.Б.  Во автобусот патувaле околу 20-тина патници. Според изјавата на возачите, крајната дестинација на автобусот бил Белград, Србија. Иако и патниците и возачите изјавиле дека…

повеќе...

Околу 100 илјади евра запленети на Табановце

Вчера, (02.06.2013 година) околу 15:30 часот на влез во Република Македонија на граничниот премин пристигна лице со иницијали О.Р., македонски државјанин од Скопје. До границата, О.Р. пристигнал со автобус, но на меѓупросторот помеѓу Србија и Македонија одлучил да слезе од автобусот и да ја помине границата пеш. Заобиколувајќи го цариникот кој во тој момент вршеше преглед на возило, лицето ја помина пасошката контрола. Полициски службеник го стопира десетина метри подолу, враќајки го назад за да му се изврши царинска контрола. Прашан дали има нешто да пријави, лицето одговори дека со…

повеќе...

Спречен обид за нелегално внесување на 54 илјади швајцарски франци

Царинските службеници на Аеродромот Александар Велики во Скопје вчера (30.05.2013 г.) спречија обид за нелегално внесување на 54 илјади швајцарски франци. Околу 16 часот, на аеродромот Александар Велики со лет од Швајцарија пристигна македонски државјанин од с. Боговиње, тетовско. Патникот, иако помина на зелен канал каде што поминуваат патници кои што немаат ништо за пријавување, беше селектиран за детална контрола. Притоа, кај него се пронајдени 66 илјади швајцарски франци. Законот за девизно работење предвидува дека резиденти можат слободно да внесат девизни средства во противвредност на 10 илјади евра, па според…

повеќе...

Министерот Ивановски го врачи Сертификатот за функционалност на Царинската управа

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска на директорот на Царинската управа Ванчо Каргов, официјално му го врачи Сертификатот за функционалност на царинскиот информациски систем МАКЦИС, наменет за обработка на царински декларации. МИОА го издава овој сертификат за информациските системи кои ги користат органите при комуникација и размена на податоци и документи по електронски пат, а Царинската управа е првата државна институција во Македонија која добива ваков сертификат. „Ова е прв сертификат кој се доделува на една институција, врз основа на Законот за електронско управување, а сертификатот е…

повеќе...

На Ќафасан запленети 12 килограми марихуана

Царинските службеници на граничниот премин Ќафасан спречија обид за влез на 12 кг марихуана. Вчера (10.05.2013 год.) околу 16:00 часот, за влез во државата се пријави автомобил Алфа Ромео со италијански регистарски таблички, управувано од италијански државјанин со иницијали Р.Н. (45) кој патувал заедно со уште еден италијански државјанин со иницијали В.М. (32). На прашање на царинскиот службеник дали имаат нешто да пријават за царинење, лицата одговориле негативно додавајќи дека одат на одмор во Македонија, а потоа и во Бугарија. Царинскиот службеник одлучил да изврши рутинска контрола и во моментот…

повеќе...

Спречен обид за нелегално внесување на 30 илјади швајцарски франци

Царинските службеници на Аеродромот Александар Велики спречија обид за нелегално внесување на 30 илјади швајцарски франци. Вчера (02.05.02013 година) околу 20.00 часот, со лет од Mulhouse пристигнал македоснки државјанин од с.Бојане – Скопје Сарај кој се определил за зелениот канал каде поминуваат патници кои немаат ништо за пријавување за царинска контрола. Лицето е селектирано за царинска контрола, при што во внатрешниот џеб од сакото, царинските службенци пронајдоа вкупно 42 илјади швајцарски франци. Согласно законот за девизно работење, резиденти можат слободно да внесат девизни средства во противвредност од 10 илјади евра,…

повеќе...

Царинската управа и А.Д. МЕПСО потпишаа Меморандум за меѓусебно разбирање и соработка

Царинската управа на Република Македонија и А.Д. МЕПСО потпишаа Меморандум за меѓусебно разбирање и соработка. Меморандумот го потпишаа двајцата директори, г-н Ванчо Каргов и м-р Синиша Спасов. Целта на склучувањето на овој Меморандум е идентификување на специфични подрачја и предмети каде соработката и координацијата помеѓу Царинската управа и А.Д. МЕПСО е од есенцијално значење за спроведување на контролата на увозот, извозот и транзитот на електрична енергија во Република Македонија, при тоа водејќи сметка за принципите за оценка на ризик, барањата и размена на информации помеѓу договорните страни, како и јасно…

повеќе...

Спречен обид за шверц на половина килограм чист хероин

Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Одделот за недозволена трговија со дрога во содејство со Царинската Управа на Р. Македонија реализираше случај на недозволена трговија со наркотична дрога –  хероин, наменет за домашниот нарко пазар  при што запленети се околу 500 грама  хероин, со  што е пресечен меѓународен канал за недозволена трговија  со хероин на релација од Р.Турција до Р.Македонија. Денес (15.04.2013) по претходно добиено сознание за можен транспорт на хероин во раните утрински часови околу 03:30 часот на граничен премин „Богородица“, на влез од Р. Македонија…

повеќе...