Денес, се одржа редовен состанок на Советодавното тело при Царинската управа (кое брои 13 членки, односно во кое покрај Царинската управа членуваат стопанските комори, АМЕРИТ, Групацијата на меѓународни шпедитери и логистички оператори, МАСИТ, кластерот за текстил), на кој се разгледаа повеќе актуелни прашања од областа на царинското работење и барања на деловната заедница. На претставниците на деловната заедница им беа презентирани предностите од поднесување на електронско барање за пристап кон ИКТ системите на Царинската управа со користење на еден единствен образец. Имено, со зголемувањето на бројот на електронски апликации во…
повеќе...Tag: царина
Запленeти девизи, моторцикл, автоделови, сензори и друго
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, делови за товарни возила, моторцикл, облека, обувки, хидро-масажен базен, ножеви за машини за мелење месо, сензори, сирење и балони. Задржана е следната стока: ДЕВИЗИ – 31.000 швајцарски франци и 9.500 евра, откриени во два одвоени случаи на граничниот премин Богородица. Во првиот случај, при контрола на швајцарски автомобил и личен претрес на швајцарски државјанин, кој како патник во автомобилот се пријавил за излез од државата, во ранец пронајдени се 41.270 швајцарски франци,…
повеќе...Спречен обид за нелегално внесување на чекови во вредност од 667 илјади евра
Царинските службеници од Аеродромот Александар Велики во Скопје спречија обид за нелегално внесување на чекови во вредност од 2.197.846 турски лири. На 31.05.2016 година за влез во државата се пријави лицето Б.С. турски државјанин, кој пристигнал со лет од Истанбул. Лицето се одлучило да помине на зелен канал каде што поминуваат патници што немаат ништо за пријавување, при што е селектиран за детална контрола. При извршениот преглед, кај патникот се пронајдени хартии од вредност, односно чекови во вредност од 2.197.846 турски лири (во противвредност од 667. 267 евра) кои се…
повеќе...Откриени мигранти и запленети наркотици, девизи, цигари, техничка стока и друго
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија мигранти и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани наркотици, девизи, цигари, тутун, автомобил со бункер, регистарски таблички, воздушна пушка, техничка стока и друго. Задржана е следната стока: НАРКОТИЦИ – 64 грама марихуана, 20 таблети матамфетамин и 7 грама масло од канабис, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на автомобил со македонски регистарски ознаки, пријавен за излез од државата на граничниот премин Богородица, управуван од македонски државјанин, кој бил придружуван од двајца други македонски државјани. При извршениот…
повеќе...Во Охрид одржана обука за управување со чамци
Царинската управа на Република Македонија во соработка со Програмата за контрола на извозот и гранична безбедност (EXBS) при Амбасадата на САД во Скопје, во период од 16ти до 26 мај во Охрид одржа напредна обука за управување со чамци, како продолжение на основната обука за управување со чамци која се одржа во текот на минатата година. Напредната обука за управување со чамци беше наменета за гранични полицајци и царински службеници што работат на езерски патролни активности. Покрај претставниците од Македонија, учесници на обуката беа и претставници од Албанија и Косово. Покрај…
повеќе...Откриени мигранти и царинска измама, запленети цигари, тутун, лекови, фалсификати и друго
Во текот на минатите две седмици, царинските службеници открија мигранти, царинска измама и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани цигари, тутун, лекови, стоматолошка опрема, техничка стока, фалсификати и друго. Мигранти Во два одвоени случаи откриени се пет мигранти: – Во првиот случај, мобилните царински тимови во соработка со Министерството за внатрешни работи прoнајдоа тројца мигранти без документи за идентификација, при контрола на товарно моторно возило со српски регистарски ознаки, управувано од српски државјанин, извршена во близината на Скопје. При контролата на возилото, кое пренесувало лекови (инфузија) од…
повеќе...Конференција на директорите на Царинските управи од Европскиот регион на СЦО
Во период од 19 до 20 мај 2016 година, директорката на Царинската управа на Република Македонија учествуваше на Конференцијата на директорите на царинските управи од европскиот регион во организација на Светската царинска организација (СЦО), што се одржа во Астана – Казахстан. Во знакот на годината на дигитална Царина на СЦО, промовирана на 26 јануари-Меѓународниот ден на царината, главен акцент на Конференцијата беше ставен на ИТ системите чија употреба води кон прогресивен напредок и придонесува за поголема ефективност и ефикасност во работењето и олеснување на трговијата, транспортот и современата размена на…
повеќе...Обука за препознавање и идентификување на фалсификувани и шверцувани тутунски производи
Царинската управа на Република Македонија во период од 16 до 20 мај 2016 година, во соработка со Philip Morris TKP LLC Скопје, одржува обука за препознавање и идентификување на фалсификувани и шверцувани тутунски производи, во Скопје, Гевгелија и Битола. Учесници на обуката се царински службеници во чија надлежност е откривање и спречување на кривични дела и царински прекршоци, во кои спаѓаат фалсификување и криумчарење на производи од тутун и истите имаат можност да се запознаат со методите и начините на препознавање и идентификување на фалсификувани и шверцувани тутунски производи. Во…
повеќе...Промовирана кампањата „Не за нелегални алкохолни пијалоци“
Денес во Царинската управа на Република Македонија се одржа прес конференција која имаше за цел да се презентираат резултатите од контролите на акцизни добра во малопродажба, да се промовира спотот кој накратко сликовито ги презентира задачите на Царинската управа, како и да се промовира јавната кампања „Не за нелегални алкохолни пијалоци“, која е веќе започната со изработка и делење на флаери низ Македонија. Една од задачите на Царинската управа е контрола на акцизите. Уште од 2010 година во надлежност на Царинската управа е целосното управување со акцизите при увоз и…
повеќе...Одржана работилница за управување со ризик
Во период од 10 до 12 мај 2016 година, во Регионалниот тренинг центар на Светската царинска организација во Скопје, Царинската управа, во соработка со Светската царинска организација и Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, организира работилница за управување со ризик. Проценката и управувањето со ризик има огромно значење во царинското работење и суштествено во проактивното донесување на одлуки значајни за успешното спроведување на царинските контроли Управувањето со ризик овозможува навремено преземање на соодветни мерки, дејствија и акции со кои ќе се спречи, намали или избегне ризикот…
повеќе...