Црвен крст Охрид започнува со нова едукативна програма за учениците до петто одделение

Во рамки на своите едукативни програми и активности Црвен крст Охрид започнува со нова програма за помагање за пишување на домашните задачи на учениците од прво до петто одделение по сите предмети. Со оглед на големиот интерес за продолжен престој на децата од одделенска настава како и поради зафатеноста на родителите и се почестата потреба од дополнителна работа со учениците, оваа едукативна програма на Црвен крст Охрид има за цел да ги потврди и на креативен начин да ги подобри и развива знаењата и вештините на учениците стекнати во училиштето.…

повеќе...

Младите волонтери на Црвен крст Охрид на креативен начин ја пренесоа Приказната за една идеја

Вчера, на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ младите волонтери на Црвен крст Охрид на оригинален и креативен начин ја пренесоа Приказната за една идеја. Идеја востановена од Анри Динан, која повеќе од 150 години претставува патоказ на милиони волонтери низ целиот свет и темел на најголемото хуманитарно движење, Црвениот крст. Бројната публика со силен аплауз ги поздравуваше актерските вештини на талентираните младинци на Црвен крст Охрид кои под водство на ПХВ инструкторите Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц, за само 10 дена успеаја да ја подготват и успешно…

повеќе...

Охрид пулсираше во ритамот на хуманоста, спортот и здравјето

Денес Охрид пулсираше во ритамот на хуманоста, спортот и здравјето. Бројните посетители и учесници од сите возрасти, во хуманитарната спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“, која денес во организација на Црвен крст Охрид и во соработка со Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-сите за спорт“ и Сојузот на училишен спорт, се реализираше на Градскиот плоштад во Охрид, уживаа во разновидните спортско-рекреативни, здравствено-едукативни и културно-забавни содржини. Главната трка го означи стартот на оваа акција на која младите го покажаа својот спортски дух натпреварувајќи се во фудбал, баскет, бадминтон, тенис, хокеј на трева,…

повеќе...

Започнува традиционалната и спортско рекреативна акција „За посреќно детство“

Пет дена до стартот на овогодинешната, традиционална хуманитарна и спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ која во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира на 1ви октомври. Овој настан кој е со широко општествено значење, ќе започне во 11 ч. со „главна трка“ на младите чиј старт ќе биде од плоштадот „Крушевска република-Чинар“, а цел на градскиот плоштад „Климент Охридски“, каде продолжуваат спортски, културно забавни и здравствено-едукативни содржини проследени со голем број награди. Учество на овој настан се обезбедува со купување на учеснички број кој чини 30 денари. Средствата собрани…

повеќе...

Започнува новиот циклус Час за приказни на англиски јазик

Црвен крст Охрид го најавува почетокот на есенскиот циклус од едукативната програма ЧАС ЗА ДЕТСКИ ПРИКАЗНИ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК кој ќе стартува на 22.09.2016 година и ќе трае 15 недели. ЧАС ЗА ДЕТСКИ ПРИКАЗНИ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК е програма која постои повеќе од 7 години во рамките на програмските активности на Црвен крст Охрид и е наменета за деца од 4 до 7 годишна возраст. Оваа интересна програма овозможува поттикнување и развој на креативноста, емоционалната сигурност, хуманоста и солидарноста кај децата уште од најмала возраст. Тимот волонтери кои ја водат…

повеќе...

Црвен крст: На вчерашниот концерт собрани над 100 илјади денари

На вчерашниот хуманитарен концерт кој на иницијатива на пејачката Елена Велевска и во организација на Општина Охрид и Црвен крст Охрид се одржа на Градскиот плостад во Охрид, во касите на Црвен крст Охрид беа собрани 101.570 денари, 50 евра, 20 австралиски долари, 20 УСА долари, 5 новозеландски долари и 20 лева. Со своја донација (бебешки пелени, вода и конзервирана храна) на вчерашниот хуманитарен настан, помогнаа и Тамаро маркетите. Сите собрани средства ке бидат наменети за помош на населението од поплавените подрацја во скопскиот регион. Од Црвениот крст Охрид изразуваат…

повеќе...

Во Охрид се одржаа обуки за спасување на вода и прва помош од операција Флориан

Петдневната обука за спасување на вода и прва помош која од 27ми јуни во организација на Црвен крст Охрид и во соработка со инструктори за безбедност на вода и прва помош од Операција Флориан, Манчестер, Англија се реализираше за припадниците на Граничната (езерска) полиција и членовите на Единицата за спасување на вода и Единицата за спасување на планина и непристапни терени при Црвен крст Охрид, денеска заврши со реализација на показна вежба на спасување на давеници од превртен чамец и педалинка од водите на Охридското езеро кај „старото пристаниште“. И…

повеќе...

Поетско читање за старите лица

Во рамки на Програмата на грижа за стари лица која веќе една година ја спроведува Црвен крст Охрид, вчера на сцената на малиот плоштад кај (Мини Маркет) волонтерите на Црвен крст Охрид од различни возрасти и на различни јазици читаа поезија во која уживаа корисниците на оваа програма и бројни наши сограѓани. Преку поетските творби, во најголем број напишани од самите волонтери, беше упатена порака за за вреднување на разновидноста на културите и толеранцијата, взаемната доверба и разбирање, почитта и вниманието кон старите лица. Потребите на старите лица се во…

повеќе...

Поетско читање за љубителите на пишаниот збор на малиот плоштад кај Мини Маркет

Црвен крст Охрид веќе една година реализира програма на грижа за стари лица која опфаќа најразлични форми на грижа, помош и поддршка на стари лица со различен социо-економски статус, од општините Охрид и Дебрца. Програмата ја спроведуваат волонтерите на Црвен крст Охрид, а оваа година таа е поддржана и од локалната самоуправа на Охрид. За корисниците на оваа програма и за сите заинтересирани наши сограѓани, љубители на пишаниот збор, Црвен крст Охрид на ден 30.06.2016 г. (четврток), на сцената на малиот плоштад кај (Мини Маркет) со почеток во 19 ч.…

повеќе...

Доделени дипломите за завршено соодветно ниво од БОБ програмата

Во прекрасен природен амбиент, со поглед на Охридското езеро, на пригодна свечаност во Едукативниот тренинг центар на Црвен крст Охрид во с. Велестово, денес, на децата кои ја следат Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид, им беа доделени дипломи за завршено соодветно ниво од БОБ програмата. Настанот беше искористен за дружење, забава, спортување и едукација, во што свој допринос дадоа тренерите на БОБ програмата и родителите, а стоматолошката ординација Д-р Сашо Стоев на сите деца им додели едукативни боенки. Признание и подарок доби седумгодишната…

повеќе...