Осум диви обложувалници во Струга, Кичево и Дебар, беа цел на акциските контроли на тимови од полициски службеници и инспектори на УЈП. Акциската контрола беше реализирана на 30-ти минатиот месец во врска со Законот за приредување на игри на среќа-обложувалници и забавни игри. Во шест нелегални обложувалници, инспекторите констатирале дека организаторите на обложувањето имале работници на пулт кои наплатуваат и издаваат друга документација за обложување. Ниту еден од организаторите на обложувањето немале лиценца и друг вид одобрение за приредување на игрите на среќа. Инспекторите од УЈП извршија увид во затекнатата…
повеќе...Tag: дебар
Груевски: Над пет милиони евра за Охрид, Струга, Вевчани и Дебар
Во регионот на Охрид, Струга, Дебар, па и Вевчани предвидени се 5,12 милиони евра за инфраструктурни проекти кои дел се преку Програмата за рурален развој што се распределени на овие четири општини, а дел се директни инвестиции од страна на различни министерства. Овие пет милиони евра директно ќе одат за развојот на овие четири општини, најави премиерот Никола Груевски. „Внимаваме на овој регион доста, се трудиме што повеќе да донесеме средства, инвестиции во различни проекти што се значајни за граѓаните како водоводи, канализациски мрежи, градба на инфраструктурни проекти, локални и…
повеќе...Кривична пријава за фирма од Дебар поради незаконит ископ и продажба на песок
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконита експлоатација на минерални суровини“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против правниот субјект „Дукас компани-Миче“ ДООЕЛ Дебар како и против Е.Д. (59) од Дебар, сопственик и управител во правниот субјект. Пријавените, во текот на јули оваа година, извршиле незаконска експлоатација на минерални суровини односно бесправен ископ на песок од речното корито на реката Радика. Тие, во близина на дебарското село Косоврасти, ивршиле ископ на 6 м³ песок од речното корито на Радика, а потоа и продажба на ископаната количина.…
повеќе...Тешка кражба во куќа во Дебар, полицијата трага по сторителот
Полициската станица од Дебар, интензивно работи на пронаоѓање на сторителот на кривичното дело „тешка кражба“, кој од куќа во Дебар, според пријавата на оштетениот сопственик, одзел 19.700 евра и златен накит. Кривичното дело, во полициската станица во Дебар е пријавено во текот на вчерашниот ден од Б.И. (48) од Дебар сопственик на куќата кој со семејството е на привремена работа во Италија. Според поднесената пријава, казненото дело тешка кражба била извршена во периодот јануари-април оваа година. Засега непознатиот сторител, со употреба на скала се искачил до прозорецот од купатилото на…
повеќе...Кабловска телевизија од Дебар заработи кривична пријава
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “повреда на правото од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против правниот субјект-Кабловска телевизија “CABLECALL“ Дебар како и против управителот А.Т.(40) од Дебар. Од извршените проверки во компјутерите и оперативниот систем кој беше инсталиран во компјутерите на фирмата лоцирана на улицата „100“б.б. во Дебар, констатирано е дека во текот на 2014 година, на два компјутери инсталирале, употребиле и користеле туѓ софтвер Windows ХР заштитен со патент од фирмата Microsoft. Со тоа,…
повеќе...Притворен жител од Центар Жупа поради извршени тешки кражби
Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „Тешка кражба“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против С.М. (27) од Центар Жупа. Него одредена му е мерка притвор во траење од осум дена. Тешките кражби, пријавениот ги извршил во текот на јануари оваа година, од две куќи во селото Житинени општина Центар Жупа сопственост на двајца браќа кои биле на привремена работа во странство. Тој, со подесен предмет ја оштетил и ја отворил металната врата за влез во дворот од првата куќа, а потоа и прозорот на…
повеќе...Кражба во црквата „Св. Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар
Три засега непознати лица рано утрово се обиделе да извршат кражба на икони од црквата „Св. Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар. Полициската патрола од полициската станица во Дебар утрово во 03 часот и 10 минути на ул. Павле Џиковски“ ги забележала тројцата непознати како во возило марка „Голф“ со дебарски таблици ставаат повеќе предмети. Полициските службеници ја спречиле кражбата но трите лица сепак успеале да избегаат кон боровата шума над населбата „Варош“ по што, при преглед на патничкото моторно возило „Голф“ пронајдени се 10 икони. Дополнително при преглед на…
повеќе...Ловна муниција пронајдена кај лице од Дебар
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ полициската станица Дебар поднесе кривична пријава против З.М. (52) од селото Могорче. На 13-ти декември минатата година, во домот на пријавениот, пронајдени се седум куршуми со калибар 12 милиметри што нелегално ги поседувал. Истите се одземени и по извршеното вештачење констатирано е дека пронајдените куршуми претставуваат ловна муниција со калибар од 12 милиметри наменати за лов, односно за испалување со ловни оружја-ловни пушки. Претресот во домот на пријавениот З.М. е извршен по…
повеќе...Забрана за тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар
Поради интезивни врнежи од снег и ниски температури, се воведува забрана за тешки товарни возила на патот правец крак Маврово-Дебар. На планинскиот премин Ѓавато воведена е забрана за движење на тешки товарни возила, поради снег на коловозот. За останатите видови на возила се препорачува употреба на зимска опрема. Според информациите добиени од ЈП „Македонија пат“, сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Врнежи од слаб снег кој не се задржува на коловоз има на Попова Шапка, Стража, Маврово, Прилеп, Ресен, Битола и Крушево, а…
повеќе...Кривична пријава против правно лице од Дебар поради користење нелиценциран софтвер
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „повреда на правото од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“ полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против правниот субјект „Професионал-ПЦ“ како и против управителката А.С. (54) од Дебар. Од извршените проверки во компјутерите и оперативниот систем кој беше инсталиран во компјутерите на фирмата лоцирана на улицата „Братство Единство“ во Дебар, констатирано е дека во текот на 2014 година, на два компјутери е инсталиран и користен туѓ и нелиценциран софтвер на Windows 7, заштитен со патент од фирмата…
повеќе...