Градоначалникот Трајкоски присуствуваше на училишната лига во мал фудбал „Дебрца“

Денес започна Училишната лига во мал фудбал „Дебрца“ каде главен покровител е општина Дебрца и Градоначалникот Игор Трајкоски, а е во организација на ОУ „Дебрца“. Оваа година во рамките на насоките од Министерството за образование и наука за подобар и поквалитетен спортски живот на младите, особено на учениците на кои најмногу им е потребен, започна да функционира Локалната лига во мал фудбал. Промовирајќи ја максимата „ Во здраво тело-здрав дух“ учениците активно се вклучуваат преку овој проект во реализацијата на проектот за поисполнет и подобар животот на младите на овие…

повеќе...

Заврши изградбата на резервоарот за вода во Требеништа

Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски изврши увид во градежните активности за изградба на новиот резервоар за вода за пиење во селото Требеништа. „На терен прикрај се градежните работи на резервоарот за вода, каде што се врши оградување на резервоарот, преостанува уште поврзување на резервоарот со постоечката каптажа.“- информираат од Локалната самоуправа. Новиот резервоар е со зафатнина од 150 кубни метри, изработен е од армирано бетонски ѕидови и армирано бетонски плочи, изведен на висинска кота од 735 метри надморска висина, со што се овозможува гравитационо снабдување со вода за пиење…

повеќе...

Конкурс за избор на најстар жител во Охрид и Дебрца и брачен пар со најмногу години во брак

Во рамки на своите програмски активности од социјално-хуманитарната сфера, Црвен крст Охрид традиционално и оваа есен под мотото „Сите сме нивни деца“ од 23-29 Ноември ќе ја одбележи Неделата на грижа за стари лица. Меѓу бројните активности предвидени да се реализираат во Неделата на грижа за стари лица, Црвен крст Охрид го распишува конкурсот за избор на најстар жител / жителка во општините Охрид и Дебрца и за избор на брачен пар со најмногу поминати години во брак во Охрид и Дебрца. К О Н К У Р С за…

повеќе...

Австралиска донација за учениците од општина Дебрца

Учениците во општина Дебрца денес добија донација од страна на фондацијата Вржовски сопственост на Крис Вржовски од Перт Западна Австралија. Вржовски на учениците им додели 12 комплети тренерки со што им посака успех во образовниот процес. Донацијата беше организирана од страна на почесниот Конзул на Република Македонија во Западна Австралија, Зоран Ќосески. На примопредавањето присуствуваа градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски и директорот од ОУ „Дебрца“, Иван Димоски.

повеќе...

Учениците од ОУ „Дебрца“ се вклучија во одбележувањето на Детската недела

Во рамките на Детската недела која секоја година се одбележува во првата седмица од месец октомври, под мотото „За подобро утре“  училиштето „Дебрца“ и Детската организација при ова училиште се вклучија во одбележувањето со низа активности. „Првачињата беа запознаени со Конвенцијата за правата на децата донесена од УНЕСКО, па согласно неа беа изработени цртежи со кои ги збогатија холовите на училиштата. Преку тие мали ремек-дела, ги искажаа своите права, но не заборавија и на своите должности. Учениците беа и во посета на Локалната самоуправа, и остварија непосредна средба со градоначалникот и вработените…

повеќе...

Основците од „Дебрца“ го проследија анимираниот цртан филм „Пим и Пом“

Во рамките на одбележувањето на Детската недела, денес учениците од ОУ „Дебрца“, од прво до шесто одделение имаа можност да го проследат анимираниот цртан филм синхронизиран на македоски јазик „Пим и Пом“. „Посетата на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, беше изведена со цел развивање интерес и љубов спрема филмската уметност, подигнување на свеста за седмата уметност – филмот.“– велат од ОУ „Дебрца“.

повеќе...

Се одбележува Детската недела во ОУ „Дебрца“

Под мотото „Сите заедно до подобро утре“ , од 5-ти до 9-ти Октомври, во ОУ „Дебрца“ се одбележува Детската Недела. По повод ,„Детската Недела“ во посета на Локалната самоуправа беа ученици од прво до петто одделение од ОУ„Дебрца“ заедно со нивните наставници. „При посетата учениците накратко се запознаа со работата на градоначалникот и како оваа институција се грижи за заштита на правата на детето. Оваа недела во училиштето во општината Дебрца ќе се дискутира за правата на децата, а нашата цел е да допреме до децата и да ги поттикнеме…

повеќе...

Одбележан патрониот празник на општина Дебрца

Со низа свечености се одбележа денот на општина Дебрца. Чествувањето започна со полагање свежо цвеќе во село Црвена Вода на спомен обележјето на Манифестот на генералштабот на НОВ и ПОМ, потоа беше отворен реновираниот споменик од Трајче Дојчиноски во село Белчишта. „Овој ден не е посебен само за Дебрца, туку и за Македонија, бидеќи тогаш се обединува народот со повик да се вклучи во ослободувањето на својата земја. Дебрца е поим за слободарски дух ,за силна желба за самостојност ,Дебрца е поим за хероизам и саможртва ,за неисцрпна енергија и…

повеќе...

Извршено авионско прскање против комарци

Рано утрово, во периодот од 5 до 8 часот, на подрачјето на општина Охрид, Струга и Дебрца, беше извршена авионска адултна дезинсекција против комарци. На територијата на општина Охрид со дезинсекцијата беше опфатен потегот од Прентов мост до вливот во Охридското езеро по течението на Коселска река. Во градското подрачје во зона на Касарната и Дебело поле како и во населбите Воска и Даљан. На територијата на општина Струга се спроведе дезинсекција во атарите на селата Мислешево, Мороишта и Драслајца, како и на потегот од Подмоље по магистралниот пат кон Ќафасан…

повеќе...

СДСМ Дебрца: На Министерството за финансии му требаа 4 години за да ја подготви одлуката за обештетување на земјоделците од општина Дебрца

ОО на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите, во кое се вели: „Во врска со вчерашната изјава на Министерот за финансии, Ставрески за донесената одлука на Владата на РМ за обештетување на земјоделците од општина Дебрца за штетата предизвикана од елементарната непогода -град, во 2010 година, во која потенцираше дека благодарение на градоначалникот на општината Дебрца и пратениците на ДПМНЕ од Охрид и Струга Владата ја донела одлуката, а во името на вистината, сакаме да го корегираме министерот. Имено, Владата на Република Македонија, уште на на триесет и шестата седница,…

повеќе...