Потенцијалниот турски инвеститор Левент Ерсој се сретна со градоначалникот на општина Дебрца

Директорот на позната компанија во Турција „Fish and chips“, Левен Ерсој покрај посетите во општините Охрид и Струга ја посети и општина Дебрца каде оствари средба со градоначалникот Игор Трајкоски. На средбата се разгледуваше можноста за изградба на големи Аутлет-шопинг центри кои би се граделе во близина на регионалниот пат Охрид-Кичево. Градоначалникот Трајкоски ја посочи локацијата за изградба на шопинг центри кај клучката Оровник-Подмолје,  бидејќи како што кажа, општината веќе има изработено урбанистички план каде има предвидено такви комерцијални објекти. Потенцијалниот инвеститор Левен Ерсој рече дека е заинетересиран за инвестирање во…

повеќе...

Основците од „Дебрца“ во посета кај градоначалникот Трајкоски

Во рамките на училишниот материјал и програма по предметот Опшество, учениците од IV одделение од ОУ ,„Дебрца“ заедно со своите наставнички денес ја посетија општина Дебрца. Целта на оваа посета беше запознавање на учениците со функционирањето на Општината. Учениците ја искористија можноста при оваа посета да поразговараат со Градоначалникот и да постават редица интересни прашања поврзани со Општината. За нив интересно беше да слушнат кои се активностите и работата на Градоначалникот, на Советот и на службите кои функционираат во состав на општина Дебрца.

повеќе...

Ќе биде ли изграден паркингот во Лешани ветен уште пред 2 години?!?

До нашиот медиум пристигнаа реакции од мештаните во Лешани кои очекуваат да биде изграден ветениот паркинг кај манастирот „Сите Светии“- Си Свети. Информациите говорат дека на местото означено и планирано за паркинг однесена е само песокта. „Очекуваме да се реализира ветеното, а патем и забелешка дека преполнетиот контејнер кој стои до несудениот паркинг треба барем редовно да се празни. Тоа, секако е должност и задача на Комуналното претпријатие на општината Дебарца.“ – велат во дописот загрижените граѓани од Дебрца, кои ни испратија и неколку фотографии од пред манастирот „Сите Светии“ во Лешани.

повеќе...

Годишно собрание на Здружението на трудови инвалиди од Охрид и Дебрца

Здружението на трудови инвалиди од општините Охрид и Дебрца го одржа годишното собрание. На сoбранието Извештај за работа на здружението пoднесе претседателот Климе Димоски кој рече дека во минатата година се постинати програмските задачи согласно Националниот сојуз на трудовите инвалиди на Македонија и програмските определби на здружението од аспект на финансиските можности. Според претседателот Димоски, мiнатата година се оценува ако позитивна осоено на културен и спортски план. Тој Нагласи дека на финаиски план Здружението на трдови инвалиид забележа позитивни резултати и покра потешкотиите на општестен план. Димоски се заблагодари на…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Многу ветено, малку остварено

ОО на СДСМ Дебрца, испрати реакција во врска со денешната прес-конференција на градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски. Во реакцијата стои: „Денешниот Отчет на Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски за сработеното во изминатите две години претставува уште една тавтологија на која се навикнавме изминативе две години кога се работи за прес конференциите на градоначалникот. И овојпат бевме сведоци на најобично набројување на веќе чуените проекти, список на проекти кои ќе се реализирале, со што се прави уште еден обид за замајување на граѓаните на општина Дебрца дека нешто се…

повеќе...

Отчет од двегодишниот мандат на градоначалникот на општина Дебрца

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски, денес даде отчет за сработеното во изминатите две години. Во целост го пренесуваме отчетот: „Денес, кога изминуваат две години откако ВМРО ДПМНЕ ја презеде Локалната самоуправа на Општина Дебрца во целост можеме да констатираме дека транспаретноста, одговорноста и отчетноста се одлики на градоначалничкиот мандат. Низ овој период жителите на Општина Дебрца и пошироката македонска јавност беа сведоци на еден процес во кој целосно се возобновуваше општината, се започнаа процеси за модерно и пред се правилно водење на самата Општина, искористување на грантови, реализација на…

повеќе...

Основци од „Дебрца“ подарија велигденски јајца на збратименото училиште „Нури Мазари“ од Корошишта

Во рамките на одбележувањето на големиот празник Велигден ЦОУ„Дебрца“ с. Белчишта се одржаа работилници со учениците, родителите и наставниците во сите подрачни училишта на територијата на Општината Дебрца во кој се вапсуваа јајца и се изработуваа велигденски украси. Денес на вработените во општина Дебрца и на учениците од ОУ „Нури Мазари“- Корошишта им беа поделени Велигденски јајца. На учениците и вработените од ОУ „Нури Мазари“ им беа презентирани и обичаите за празникот Христово Воскресение.

повеќе...

ЕВН да вложи повеќе во Дебрца

По дводневни проблеми со напојување на електрична енергија, конечно денес им светна на лешанци и другите дебрчани, но сепак, како што кажуваат од жители од Дебрца, некои села уште немаат струја. Како што велат тие, изминатиот период прекините биле чести и долготрајни. Причина за ова е како што велат е стариот далеквод и столбовите кои се стари и повеќе од 60 години.  Потребно е, додаваат дебрчани, да се вложи во нова електрична инсталација за да се обезбеди редовно и капацитетно електрично напопјување на сите приклучоци во Дебрца. WebOhrid

повеќе...

СДСМ Дебрца: Советот на млади на општина Дебрца партиско тело на ВМРО – ДПМНЕ

Советничката група на СДСМ во советот на општина Дебрца, испрати соопштение до медиумите, во врска со денешната одржана 27-та седница на советот на општината Дебрца. Во него стои: Како и многу пати досега и овој пат на дневен ред беа ставени повеќе точки на самиот ден на одржувањето на седницата и спротивно на членот 46 став 4 од Деловникот на советот на општината Дебрца материјалите по точките на дневниот ред наместо најмалку пет дена пред одржувањето на седницата беа доставени на самата седница. Од принципиелни причини, а поради грубото кршење на…

повеќе...

Иницијатива за формирање на Локален совет на млади Дебрца

По принципот на многу општини во Република Македонија и општина Дебрца излезе со иницијатива за формирање на Локален совет на млади. „По тој повод, во сабота, 4-ти април со почеток во 19:30 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид, ве покануваме заедно да ја славиме сплотеноста, да ја славиме младоста.“ – велат од Локалниот совет на млади при општина Дебрца. Вечерта ќе ја збогатат младата охриѓанка Натали Илијоска, играорната група Дебрца од општина Дебрца, а воедно ќе имаме прилика репризно да ја проследиме претставата „Сомнително лице“, во изведба на учениците…

повеќе...