Се санира и расчистува коритото на реката кај Средоречие

Поради тоа што постоечката состојба на речното корито во потегот на селото Средоречие е доста тесно и плитко и обраснато со ниска и висока вегетација и делумно заполнета со наноси, деновиве сe спроведува акција за санација и расчистување на коритото на реката кај Средоречие.  На овој дел од коритото се врши машинско отстранување на вегетацијата (капини и други нискостеблести и високостеблести растенија). Мерките се спроведуваат за да се заштити селото и полето од евентуално поплавување заради пораст на нивото на водотекот во престојниот период.

повеќе...

Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца во посета на ЈЗУ Општа болница Охрид

Во рамките на одбележувањето на „Неделата за грижа на старите лица“ која се спроведува од 17 до 23 ноември , финансирана од Европската Унија, преставници на Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца, денеска ја посетија ЈЗУ Општа болница Охрид. Целта на посетат беше да се информираат за грижата на пациенти во Геронтолошкото оделение во кое се сместени над 30 воглавно стари лица, како и за условите и згрижувањето и здравстевствената заштита на пезионерите кои се лекуваат во одделенијата при Охридската болница. Директорот на ЈЗУ Општа болница д-р Лубен Арнаудов,…

повеќе...

Формирано здружение на Пензионери во општина Дебрца

Денес во просториите на општина Дебрца се одржа оснивачко собрание на Пензионерите од општината, на кое се донесе одлука за формирање на здружение на Пензионери на општина Дебрца со седиште во с.Мешеишта. За Претседател на здружението се избра Сисоја Иваноски од с.Горенци. Собранието го донесе Статутот на здружението како и програмата за работа на здружението на Пензионери на општина Дебрца. Собранието избра извршен одбор од 5 члена и надзорен одбор од 3 члена со мандат од 4 години.

повеќе...

Честитка од градоначалникот Трајкоски по повод 23-ти Октомври

Градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски, по повод 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба упати честитка до сите граѓани. „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, Ден на создавањето на Внатрешна македонската револуционерна организација преставува симбол на македонската истрајност за создавање на своја независна и слободна држава. Во Солун на 23 октомври 1893 година се роди идејата за формирање на Внатрешна Македонска револуционерна организација на чија идеја за Независна слободна држава Македонија сите ние сме наследници а таа наша должност треба да ја пренесеме на идните поколенија…

повеќе...

Учениците од ОУ „Дебрца“ дел од проектот „Музеите во училиштата и училиштата во музеите“

Дел од учениците на ОУ„Дебрца“ с.Белчишта во наредниот период кој следува се вклучени во интерниот проектот кој спроведува училиштето „Училиштата во музеите и музеите во училиштата“. Проектот има за цел да иницира изучување на социјалната и духовната култура на Македонија во школскиот систем,преку интересни методи на школска имплементација,во која музеите и училиштата би требало да работат заедно. Цел на проектот е да го подигне нивото на ученичко знаење за одредени аспекти на народната култура, во духовната, материјалната и социјалната сфера, да предизвика интерес кај учениците за оваа област, да ја…

повеќе...

Вработените и учениците од ОУ„Дебрца“ активно вклучени во проектот-Македонија без отпад

Денеска учениците и вработените од Основното училиште „Дебрца“ активно се вклучија во проектот „Македонија без отпад“. Во централното училиште и во сите подрачни училишта на Општина Дебрца учениците и вработените ги исчистија и хортикултурно ги уредија школските дворови. Учениците со своите вредни рачиња допринесоа за почиста животна средина. Како дел од акцијата беа одржани и едукативни предавања за чиста и здрава животна средина.

повеќе...

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Дебрца и Регионална Комора на занаетчии Охрид

Во Општина Дебарца ,Градоначалникот на општината Игор Трајкоски и Претседателот на Регионалната Занаетчиска комора Охрид Сашо Богоески пристапија кон потпишување М Е М О Р А Н Д У М за меѓусебна соработка и партнерство. Градоначалникот кој ја преставува општината Дебрца и Регионалната занаетчиска комора – Охрид која ги застапува интересите на занаетчиите се согласни во духот на взаемност и разбирање , заедно да придонесат за успешна реализација на проектите и програмите за работа , кои се во интерес на општината и занаетчиите . Во таа насока општината ќе настојува…

повеќе...

Oдбележан Патрониот празник на општина Дебрца

Денес во с.Црвена Вода со низа свечености достојно се одбележа Патрониот празник на општина Дебрца и 71- година од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ. Активностите за чествување на празникот започнаа со полагање на свежо цвеќе и посета на спомен домот од делегацијата на општина Дебрца , Општинската организација на Сојузот на борци во општините Охрид и Дебрца, општинската организација на Сојуз на борци Струга, Здружение на Ветераните од одбраната и безбедноста на РМ (огранок Охрид), Здружение на Титоисти Охрид и Струга и МЗ Црвена Вода. Празнувањето…

повеќе...

Делегација од Општина Дебрца утре ќе оствари средби со жители од неколку села во општината

Во текот на утрешниот ден, 4-ти октомври (сабота), градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски придружуван од секретарот на општина Дебарца, Илија Дуклески, директорот на ЈКП Дебрца, Јасмина Мицкоска, директорот на ОУ „Дебрца,“ Иван Димоски, советниците на советот на општина Дебарца од ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска, Нола Исмаилоска, Момчило Аврамоски, Крсто Мукоски и директорот на Пуик, Цветко Грозданов ќе се сретнат со жителите на населените места: 1. Оровник 16 часот во просториите на училиштето 2. Требеништа 17 часот во просториите на училиштето 3. Мешеишта 18 часот во поранешната општинска зграда 4. Ботун…

повеќе...

Утре ќе се одржи прослава по повод Патрониот празник на општина Дебрца

По повод Партониот празник на општина Дебрца и 71- година од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ, општина Дебрца и Општинската организација на Сојузот на борци во општините Охрид и Дебрца, утре организираат свеченост со почеток во 10:00 часот во Црвена Вода. Одбележувањето ќе започне со полагање свежо цвеќе на споменикот и посета на спомен домот, потоа се продолжува на централната прослава во просториите на салата во село Мешеишта, каде пригодно обраќање ќе има градоначалникот, Игор Трајкоски и професорот по Историја, Наце Иваноски и за крај литературна творба…

повеќе...