Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонијa

Невладината организација „Грашница“ од Охрид во соработка со Македонското еколошко друштво (МЕД), во периодот Јануари 2014 – Јуни 2015 година ќе го спроведуваат проектот „Поврзување на луѓето со природата – зајакнување и вмрежување на граѓанските здруженија во Македонија”. Во состав на проектот, НВО „Грашница“ ќе спроведува 3 настани, почнувајќи со дебата за проблемите околу шумите и нивното искористување и природните богатства на Белчишко Блато, ЕКО-караван кој ќе обедини повеќе заинтересирани страни, и настан кој ќе опфати нешто повеќе околу одржливото искористување на дивиот и култивиран растителен диверзитет на Илинска-Плакенска Планина.…

повеќе...

Огласи за издавање под закуп на недвижен имот сопственост на општина Дебарца

Врз основа на член 31 од Законот за користење и располагање со стварите на државните органи („Службен весник на РМ“ број 8/05, 35/11, 166/12, 137/13, 188/13 и 27/14), и Одлуката за спроведување на постапка за јавно наддавање за издавање под закуп на деловен простор во зградата-интернат с.Белчишта за вршење на угостителска дејност –служење на ладни сендвичи, бели пецива, колачи, топли напитоци и безалкохолни пијалоци, број 07-798/5, од 30.05.2014 година, донесена од советот на општина Дебарца, Комисијата за располагање со недвижни и движни ствари за потребите на општина Дебарца објавува: О…

повеќе...

Реакција на ЈПК „Дебрца“ во врска со соопштението на СДСМ Дебарца

Во врска со вчерашното соопштение од СДСМ Дебарца, во кое беа обвинети надлежните за состојбата на јавните површини низ селата во општината Дебарца, реакција испрати ЈПК „Дебрца“ во која стои: „Врз основа на прикажаната „загрижувачка состојба за јавната површина“ од страна на СДСМ и приложените слики, сигурно и самиот фотограф е свесен дека сликал приватни ниви, кои ЈПК „Дебрца“ не може и нема овластување да ги одржува тие приватни имоти, туку стриктно јавни површини. Напоменуваме дека косењето на јавните површини се одвива со предвидена динамика, и уште да потсетиме дека…

повеќе...

Дефект на главната водоводна мрежа во Подмоље, Оровник, Горенци и Требеништа

Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ испрати известување до медиумите, во кое стои: „Се известуваат жителите на населените места Подмоље, Оровник, Горенци и Требеништа дека поради дефект на главната водоводна мрежа, во текот на денешниот ден и ноќта, нема да има вода за пиење. Екипите на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ се на терен и во утринските часови се очекува нормализирање на водоснабдувањето.“ – известуваат од ЈПК „Дебрца“.

повеќе...

СДСМ Дебарца: Патиштата и јавните површини во Дебарца обраснати со трева

Центарот за комуникации при ОО СДСМ Дебарца, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „И покрај големите ветувања на новата локална власт во општина Дебарца и пред се на новото раководство на Јавното комунално претпријатие „Дебрца“ дека ќе ја подобрат состојбата со јавната чистота во општината состојбата ни оддалеку не е таква. Сите општински патишта, улиците и јавните површини во населените места се покриени со трева, со што е доведено во прашање безбедното одвивање на сообраќајот, односно нормалното функционирање на  јавните површини за основните намени. Граѓаните со сметките за…

повеќе...

Поставен камен темелник на повеќенаменската балон сала во Требеништа

Денес беше поставен камен темелник  на повеќенаменската балон сала во село Требеништа, која што е со должина од 48 метри, ширина 26 метри и висина од 10 метри.  На  настанот присуствуваше градоначалнкиот на општина Дебрца, Игор Трајкоски како и пратениците Антонио Милошоски, Александар Николоски и Сашо Василески. „Денес за општина Дебрца претставува еден значаен ден, бидејќи ние започнуваме проект со кој што ќе им овозможиме на младите да имаат долг репрезентативен примерок во однос на спортот. Оваа сала ќе претставува еден допринос пред се за младите и за другите кои…

повеќе...

Во општина Дебрца ќе се одржи прво издание на првиот фестивал „Црешнобер 2014“ – Фолк фест

Во општина Дебрца, с. Требеништа ќе се одржи првото издание на првиот фестивал „Црешнобер 2014“-фолк фест. Фестивалот ќе се одржува 2 дена и тоа, на 21 јуни(сабота) со настап на играорни групи и на 22 јуни(недела) – фестивалска вечер на македонската изворна песна. Подготовките како што велат организаторите се веќе во тек. Досега е потврдено учеството на околу 15 пеачи, меѓу кои познати реномирани имиња од македонската народна песна.  Фестивалот е во организација на Лав радио Охрид, додека  покровител на културната манифестација е општина Дебрца. Инаку, огласот е  сеуште отворен…

повеќе...

Утре ќе се постави камен темелник на спортската сала во Требеништа

Утре во село Требеништа ќе се постави камен темелник  на повеќенаменската балон сала. На  настанот ќе присуствуваат пратениците Антонио Милошоски, Александар Николоски и Сашо Василески. Исто така во село Ботун ќе се постави камен темелник, каде се врши реконструкција на водоводната мрежа и проширување на системот со две нови каптажи. Финансирањето на објектите е со сопствени средства на општина Дебарца.

повеќе...

10 години од постоењето на Здружението на граѓани кои го почитуваат ликот и делото на Јосип Броз ТИТО – разгранок Охрид и Дебрца

Денес Здружението на граѓани кои го почитуваат ликот и делото на Јосип Броз ТИТО – Разгранок Охрид и Дебрца одбележа два значајни свечености – 10 години (јубилеј) од постоењето на Здружението на граѓани кои го почитуваат ликот и делото на Јосип Броз ТИТО – разгранок Охрид и Дебрца, како и 122 години од раѓањето на Јосип Броз ТИТО претседател на СФРЈ. На активноста на Здружението на присутните членови, почитувачи и граѓани на одбележувањето им се обрати новиот секретар-благајник Томчо Алексоски, претседателот Радоја Митрески како и потпретседателот Стојан Коруноски. На средбата…

повеќе...

Под мотото „Знам да спасам живот“ утре ќе се одржи општинскиот натпревар по прва помош

Несреќите се случуваат секојдневно и насекаде: во домот, на улица, на училиште, на работно место, на игралиште, во природа и каде ли уште не. Во таквите ситуации правилното укажување прва помош значи спасување човечки живот.  Во рамките на своите активности во делот на првата помош Црвен крст Охрид утре,11 мај (недела) со почеток во 9:15 ч.-квалификации и 12:30 ч.-финале, под мотото „ЗНАМ ДА СПАСАМ ЖИВОТ”, ќе го организира традиционалниот, 43-ти по ред, Општински натпревар по прва помош. На натпреварот, стекнатите знаења и техники за укажување на прва медицинска помош ќе…

повеќе...