Набавена опрема за ЈПК Дебрца

Општина Дебарца денес изврши набавка на камион и багер кои ќе бидат наменети за потребите на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ – с.Белчишта. Имено, изминатиот период беа набавени контејнери и алати за сечење на гранки, а како што велат од општината, со тоа ќе бидат подобрени условите за работа на претпријатието и навремено ќе се решаваат зададените проблеми. Покрај тоа, општина Дебарца изврши и субвенционирање на Јавното претпријатие во висина од 50.000,00 денари. „Општина Дебарца, откако е предводена од градоначалникот Игор Трајкоски до денес има вложено 3.700.000,00 денари за…

повеќе...

Екипи на ЈПК Дебрца работат на отстранување на дефектот на водоводната мрежа кај Оровник

Поради дефект на водоводната мрежа, во текот на вчерашниот ден имаше прекин на водоснабдувањето во одредени делови од општината кај село Оровник, со што жителите и фирмите на тоа подрачје немаа вода за пиење. Екипите работат на отстранување на дефектот, и во најкратко време состојбата ќе се нормализира, информираат од ЈПК Дебрца.

повеќе...

ЈПК Дебрца: Огромните наследени долгови сеуште претставуваат голем проблем за тековното работење на претпријатието

И покрај поминати повеќе од шест месеци од промената на власта во Општина Дебарца, огромните долгови што се наследија во јавното претпријатие сеуште претставуваат голем проблем за тековното работење на ЈП. Секојдневно пристигнуваат решенија и тужби па и извршители кои си ги бараат ненаплатените долгови створени од тогашниот директор Благјоче Стојчески. Имено, за неговото незаконско работење вистински доказ е пристигнатото решение за извршување на ЈПК Дебрца, во износ од 132 300 денари за пресудата според која екс директорот во неговото раководење направил повреда на членови од законот за животна средина…

повеќе...

Министерката за култура во посета на реконструираниот дом во општина Дебарца

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска денес беше во посета на општина Дебарца. Целта на нејзината посета беше реконструираниот културен дом во село Мешеишта, кој воедно претставува еден од најдобро од уредените домови во општината. По разгледување на културниот дом, министерката за култура оствари средба со градоначалникот Трајкоски, секретарот на Општината Дуклески, директорот и вработените од основното училиште и со жители Дебарца.

повеќе...

Божиќна честитка од градоначалникот на Општина Дебарца Игор Трајкоски

Христовото раѓање е најзначаен миг кој допринесува мир, спокојство и благодет. Низ ваквите вредности човештвото станува посилно во своите верувања и чекори по вистинскиот пат. Ние денес одејќи по божјиот пат го славиме божјото раѓање. Токму поради тоа дозволете ми од мое име и од Локалната самоуправа -Општина Дебaрца да Ви го Честитам Големиот христијански празник – Божиќ. Христос се роди! Исто така дозволете ми да Ви искажам искрени честитки со надеж за просперитет, мир, благосостојба, здравје, љубов, се она што го симболизира овој голем празник. За многу години!

повеќе...

Божиќна честитка на ОО на СДСМ Дебарца

Општинската организација на СДСМ-Дебарца на сите граѓани, православни христијански верници им го честита Христовото Рождество-Божик, најрадосниот христијански празник, празникот на раѓањето на нов живот, празникот од кој се очекуваат нови почетоци и нова надеж за подобри и посреќни денови. Нека во Годината која е пред нас биде помалку немир, а повеќе мир, помалку омраза, а повеќе љубов, помалку неслога, а повеќе слога. Честит Божик! Ви посакуваме христијанска љубов, лична и семејна среќа, насмевки и топлина, и секако верба во можноста за ново раѓање на добрината, меѓусебната почит и чесноста. Христос…

повеќе...

СВР продолжува со акцијата за пронаоѓање на исчезнатото девојче од Лешани

Рано утрово, СВР Охрид отпочна уште една акција за преглед  на  поширокиот  планински предел во општината Дебарца. Денешната акција се реализира во атарот на селото Велмеј, а се спроведува по наредба на јавен обвинител од Охрид. Оваа полициска активност е поврзана со пребарување на планинските места за пронаоѓање на исчезнатата малолетна девојка од селото Лешани, која во СВР Охрид  на 12-ти ноември минатата година беше пријавена како исчезнато лице од страна на нејзиниот татко. Денес, СВР Охрид врши пребарување на поширокиот планински појас околу местото викано „Натнасер бачила“  и околните…

повеќе...

Општина Дебарца добива современ културен дом

Општина Дебарца добива нов и современ културен дом. Во село Мешеишта во завршна фаза е реконструкцијата на културниот дом, а во неговата изградба е опфатено поставување на прозори и врати, замена на стар паркет со нов, поставување на завеси, изградба на настрешница (покриeн влез), поставување на подни плочки, поставување на нови седишта со капацитет до 300 места со инвестиција од вкупно  1.115.000,00  денари. Со оваа реконструкција општина Дебарца ќе добие еден современ културен дом кој ќе се користи за голем број манифестации. Воедно завршува уште едно од дадените ветувања на градоначалникот…

повеќе...

Советот на Општина Дебарца го донесе буџетот за 2014 кој тежи 83 милиони денари

Денес Советот на Општина Дебарца ја одржа 11-тата седница на која беше изгласан буџетот за 2014 година. Буџетот се усвои со 10 гласа ЗА и 1 против. Покрај тоа на седницата се расправаше и за останатите 36 точки кои беа ставени на дневен ред меѓу кои беа и годишните програми за 2014 година. – Предлог –  Годишна програма за активностите  на Општина Дебарца  во социјалната заштита во 2014 год. – Предлог- Годишна програма за комунален развој и уредување на Општина Дебарца за 2014 год. – Предлог- Годишна програма за користење…

повеќе...

ОО на СДСМ Дебарца им го честита Божик на верниците од католичк​а вероисповед

ОО на СДСМ Дебарца, на сите верници од католичка вероисповед, кои ги слават празниците според Грегоријанскиот календар, им го честита големиот христијански празник Божиќ, со искрени желби за здравје, среќа, успех и благосостојба во Новата Година. Додека последниов бадников ден догорува, слушнeте го Господ што ви зборува, следи го патот на срцето што ве води, Среќен Божиќ – Христос се роди. За многу години!

повеќе...