Австралиската амбасадорка во работна посета на Охрид

Австралиската амбасадорка во Белград, ополномоштена за Република Македонија, Јулија Фини, денес беше во работна посета на Општина Охрид. Таа оствари средба со градоначалникот Бакрачески, при што беше запозната со актуелностите и активностите на локалната самоуправа. Градоначалникот Бакрачески и амбасадорката Фини, го посетија и Дневниот Центар “ЗРАЦИ“, каде неодамна се релизира проектот “Охрид без бариери“, со донација од ДАП (Direct Aid Program) на Австралиската амбасада, во висина од 5926 австралиски долари. При посетата Н.Е. Џулија Фини на штитениците на домот им врачи пригодни подароци. „Таа е наш голем пријател, како на…

повеќе...

Одиграно финалето од турнирот во мал фудбал за јуниори во Велгошти

Синоќа во Велгошти се одржа финалето од турнирот во мал фудбал за јуниори, на кој учествуваа 20 екипи од Охрид и Струга. Организатори на турнирот се Климент Калачоски и Димитар Балески со помош на директорот на ОУ „Живко Чинго“ – Ѓоко Чингоски. Синоќа се одиграа финалните натпревари. Во борбата за трето место, екипата на Црногорци забележа победа од 3:2 против тимот од Лескоец. Првото место го освои екипата Beast, која со 5:2 го совлада Boss Burger. На овогодинешниот турнир беа доделени парични награди и пехари. Прво место – пехар, медали…

повеќе...

Во тек е пријавувањето за Вториот спортско-едукативен летен камп Охрид 2017

Останува помалку од еден месец до почетокот на Вториот Спортско едукативен летен камп Охрид 2017. Летниот камп оваа година ќе се одржи од 10 – 16 јули со локација како и минатата година – Хотел Десарет. Бројот на учесници е ограничен така што Асоцијацијата на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ ги повикува сите заинтересирани (деца од 8 – 14 години) што побрзо да се пријават и со тоа да постанат дел од едно незаборавно искуство на дружење, едукација, спорт и забава кое ќе го паметат целиот свој живот.…

повеќе...

Ученици од ОУ „Григор Прличев“ во посета на охридскиот аеродром

Согласно програмата по предметот Општество, учениците од трето одделение од ОУ „Григор Прличев“ – Охрид заедно со нивните наставници денес го посетија Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Од страна на вработените учениците се запознаа со работата на аеродромот, а имаа и можност да видат полетување и слетување на авион на пистата. На крајот тие си заминаа среќни и задоволни од новото доживување, кое сигурно долго ќе го паметат. WebOhrid

повеќе...

Прв Бреинобреин Демо Фест на младите таленти

Првиот БРЕИНОБРЕИН ДЕМО ФЕСТ на децата кои ја посетуваат Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид, кој поради вчерашните временски непогоди беше одложен, ќе се одржи денес (31.05.2017г.) во предворјето на црквата Св.Софија со почеток во 18:30 ч. Преку 100 деца на возраст од 4-14 години на атрактивен и креативен начин ќе ги презентираат знаењата, техниките и вештините кои ги стекнале и развиле со следење на Бреинобреин програмата, а кои ја потенцираат фотографската меморија, нумеричките и вербални способности, мултитаскингот.

повеќе...

Вечерва ќе се одржи првиот Бреинобреин Демо Фест на младите таленти

Црвен крст Охрид го организира првиот Бреинобреин Демо Фест на младите таленти кои ја посетуваа едукативната Бреинобреин програма во Центарот за развивање на животни вештини, Бреинобреин-Црвен крст Охрид. Преку 100 деца на возраст од 4-14 години на атрактивен и креативен начин ќе ги презентираат знаењата, техниките и вештините кои ги стекнале и развиле со следење на Бреинобреин програмата, а кои ја потенцираат фотографската меморија, нумеричките и вербални способности, мултитаскингот. Не пропуштајте го овој единствено интересен настан кој ќе се реализира вечерва во предворјето на црквата Св.Софија, со почеток во 19:00…

повеќе...

Ученици од ОУ „Св.Климент Охридски“ во посета на печатницата Летра-дизајн

Учениците од прво одделение од Основното училиште „Св.Климент Охридски“, заедно со своите наставнички беа во посета на печатницата Летра-дизајн. Во рамки на посетата вработените од печатницата ги запознаа учениците со својот асортиман кој го печатат и како се одвива процесот на печатење и добивање готов производ. Учениците со интерес ги рагледуваа печатарските машини. Сите ученици добија поклон од печатницата со што радосно и полни со впечатоци заминаа.

повеќе...

Ученик од ОУ „Григор Прличев“ меѓу најуспешните на Државниот натпревар по информатика

И оваа учебна година ученикот Христијан Дончески VII одделение од ОУ „Григор Прличев“ повторно меѓу најуспешните. На XI-тиот државниот натпревар по информатика за апликативни вештини го освои II место. Под водство на менторот Марина Џепароска Танасоска со Halloween game се здоби со бесплатна обука во Semos edukacija.

повеќе...

Ученици од ОУ „Св.Климент Охридски“ во посета на охридскиот аеродром

Согласно програмата, но и со успешната соработка со родителите од училиштето учениците од ОУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид заедно со своите учителки од второ одделение го посетија Охридскиот аеродром. При посетата учениците беа сведоци на слетување и полетување на еден авион, а притоа беа пречекани како патници, при што се запознаа и со пилотот на авионот.

повеќе...

ОУ „Братство Единство“ победник на финалниот турнир во одбојка од училишните спортски лиги

На ден 16.05.2017 во рамките на училишните спортски лиги на сојузот за училишен спорт Охрид под покровителство на Локалната самоуправа Охрид организираше финален турнир во одбојка во Спортската сала „Билјанини Извори“ за основни училишта. Учествуваа четири екипи, кои со заеднички сили се потрудија да одиграат најдобро што можат за своето училиште. Се одиграа два натпревари, а постигнати беа следните резултати: Натпреварот за трето мессто се играше помеѓу учениците од ОУ „Св.Наум Охридски“ Пештани и ОУ „Живко Чинго“ Велгошти и како победник на овој натпревар е екипата на ОУ „Св.Наум Охридски“…

повеќе...