Препораки за унапредување на меѓуминистерската организација, координацијата и управувањето со ИПА фондовите и подготовка на националната верзија на правото на ЕУ, се дел од резултатите на твининг проектот „Понатамошно зајакнување на организациските и институционалните капацитети за процесот на европската интеграција“. Спроведен е од Секретаријатот за европски прашања и конзорциумот од три земји членки на ЕУ – Германија, Полска и Хрватска, а во него беа вклучени и експерти од Бугарија. На денешната конференција по повод затворањето на твининг проектот се обрати вицепремиерот задолжен за европски прашања Арбр Адеми, кој истакна дека…
повеќе...Tag: делегација
Делегација на Општина Охрид во посета на Винковци
Делегација на општина Охрид, составена од советниците Љупчо Настоски и Кујтиум Усеини, беше во посета на збратимената општина Винковци. Целта на посетата беше отворањето на 51. “Vinkovachih jeseni”. Во рамки на посетата, делегацијата на општина Охрид оствари средба со градоначалникот на Винковци, Младен Карлич, каде беше разговарано за продлабочување на соработката помеѓу двете општини. Исто така делегацијата имаше средба и со министерот за наука, образование спорт на Хрватска, Предраг Шустар.
повеќе...По 28ми пат одржана манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ во Велгошти
Синоќа во селото Велгошти, во близина на манастирот „Света Петка “ по 28-ми пат се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, во организација на МЗ Велгошти и Општина Охрид. На споменикот на „Живко Чинго“ свежо цвеќе положија заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев со претставници од Локалната самоуправа, претставници на Месната заедница од Велгошти, делегација на ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти. Пред присутните се обрати заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев. На чествувањето, на младата охриѓанка Емилија Карафилоска, заменик градоначалникот му ја врачи наградата „Живко Чинго“ за најдобар, која изнесува 30.000 денари.…
повеќе...Делегации на СДСМ оддадоа почит на загинатите во катастрофалниот земјотрес во Скопје
Делегации на СДСМ на државно и на партиско ниво оддадоа почит на загинатите во катастрофалниот земјотрес во Скопје што се случи на 26 јули 1963 година. Денеска, на 53 – годишнината од земјотресот во Скопје, на Споменикот на загинатите, свежо цвеќе положи потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, придружуван од членката на И.О Татјана Прентовиќ и претседателот на СДММ и пратеник Стефан Богоев. Во државната делегација на Собранието на Р.Македонија која положи цвеќе на Споменикот на загинаните, почит оддаде пратеничката од СДСМ, Софија Куновска. Во делегацијата на Град Скопје, почит на…
повеќе...Свечено одбележан Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј
Денес во градскиот парк во Охрид се одржа централната свеченост по повод одбележувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј. Делегации на Општина Охрид, Општинското средно стручно училиште кое го носи нивното име и сите останати воспитно-образовни и други институции, политички партии, здруженија на граѓани и поединци, положија цвеќе и се поклонија пред споменикот на светителите. Претседателот на Советот на Општина Охрид, Гордана Коњановска, во рамките на свеченоста, им врачи пригодни награди на учениците од основните и средните училишта кои освоиле признанија на државни и меѓународни натпревари.…
повеќе...Делегација од Бурса во посета на Охрид
Делегација од Бурса, Република Турција предводена од заменик градоначалникот Абдула Карадач денес беше во посета на Општина Охрид. Турските гости остварија средба со заменик градоначалникот Ангел Јанев, на која беа разгледани можностите за соработка меѓу Охрид и Бурса. Пред претставниците на локалната власт од овој индустриски град, беа презентирани можностите и условите за поголемо присуство на турските туристи во Охрид. Гостите од Бурса изразија подготвеност да учествуваат со своја донација во проектот за партерно уредување на муслиманските гробишта.
повеќе...Одбележана 108 годишнината од смртта на Марко Бошнаков
Делегација на општина Охрид денес положи свежо цвеќе пред спомен плочата на Марко Бошнаков, пред неговата родна куќа, по повод 108 годишнината од неговата смрт. Пред присутните охриѓани за животот и делото на Бошњаков пригоден говор одржа претседателот на Комисијата за одбележување празници и манифестации, Дејан Пановски. „Историски час“ одржа Славица Јанкоска- Раководител на Државниот архив на Република Македонија, подрачно одделние Охрид. Марко Бошнаков е роден во Охрид во 1874-та година. Основното образование го стекнал во родниот град, а како средношколец учел во Солунската Гимназија. Бил сведок на создавањето на…
повеќе...Охрид празнува во чест на Прличев
По повод одбележувањето на манифестацијата „Прличеви беседи“, делегација на општина Охрид предводена од градоначалникот Никола Бакрачески положи цвеќе пред бистата на поетот пред Библиотеката „Григор Прличев“. Цвеќе положија и делегации од институциите што го носат името на Прличев, Библиотеката , Центарот за култура и Основното училиште како и претставници на политичките партии. Градоначалникот Бакрачески присуствуваше и на традиционалната визита во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во чии рамки беседа за поетот одржа Јован Стрезоски член на Друштвото на Писатели на Македонија. Во рамки на празнувањата вечерва во Центарот за Култура ќе…
повеќе...Делегација на Општина Охрид во работна посета на Визмар – Германија
Делегација на општина Охрид предводена од Претседателот на советот на град Охрид, Гордана Коњановска, престојува во работна посета на градот Визмар, Германија. Во состав на делегацијата се и секретарот на општината, Димитар Спасески и Горан Мицкоски од Секторот за туризам и локален економски развој. Покрај средбите со претставници на градот Визмар и размената на искуства во врска со функционирањето и поставеноста на градската управа, основна тема на дискусија е разгледување на можностите за туристичка соработка помеѓу градовите Охрид, Струга и Поградец преку реализација на проекти кои ќе овозможат збогатување на…
повеќе...Делегација на Општина Охрид во посета на Нови САД
Во рамките на одбележувањето на 1 февруари- Денот на Нови Сад, делегација на општина Охрид престојува во овој пријателски град. Делегацијата што ја сочинуваат заменикот градоначалник Ангел Јанев, советникот Климент Шешоски и директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ Розе Костеска имаа повеќе средби со домаќините на кои се разговараше за продлабочување на соработката. За охридската делегација беа организирани и посебни средби со туроператори од Нови Сад на кои се разговараше за привлекување на туристи од ова подрачје и со претставници од детските градинки на кои се договорени заеднички проекти.
повеќе...