Симоновски: Во ниту едно училиште во општина Охрид не е блокирана сметката

Вo врска со прес конференцијата на ОО на СДСМ Охрид, на која обвинија дека локалната власт манипулира со охридската јавност за образованието, реагираа директорите на основните и средните училишта во Охрид. „Како директор на најголемото основно училиште во Охрид, морам да проговорам во јавноста за некои невистини, искажани на прес-конференцијата на СДСМ Охрид. Како прво, во стварност е дека во ниту едно училиште во општина Охрид не е блокирана сметката. Вистина е дека некои училишта со примопредавањето на власт кога седнавме како директори, сметките им беа блокирани.“– истакна директорот на ОУ…

повеќе...

Засадени 30 бадеми во близина на Горна Порта

Благодарение на поволните временски услови ЈП „Охридски Комуналец“ секојдневно е на терен на повеќе локации во градот и пошироката околина, реализирајќи го проектот зацртан од градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, за создавање нови 40 зелени катчиња, кои секојдневно никнуваат и го красат Охрид. Денеска во присуство на градоначалникот Никола Бакрачески, пратеникот Александар Николоски, секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, директорката на ЈП „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа, претставник од фирмата Левидиа Дооел, Јасмина Луканова и др. се уредуваше зацртаното зелено катче во близина на Горна Порта, каде заради зачувување на…

повеќе...

Средба со директорите на основните и средните училишта

Градоначалникот Никола Бакрачески денеска имаше редовна средба со директорите на основните и средните училишта. Директорите на училиштата информираа за тековните состојби во одвивањето на наставно- образовниот процес и за планираните  идни активности. На средбата беше договорено да се интензивираат планираните проекти кои треба да завршат до крајот на оваа учебна година, за да може покрупните зафати да се одвиваат за време на летниот распуст. Посебно беше потенцирано дека Локалната самоуправа ќе инвестира и ќе го помога развојот на основните и средните училишта. Потврда на ваквата определба е дека во 2013…

повеќе...

Секретарот Спасески на работен состанок со претставници на месните заедници

Во административната зграда во Косел, секретарот Димитар Спасески, придружуван од директорот на МЈП „Проаква“ Томе Паскалоски и директорката на ЈП „Охридски Комуналец“ Елена Скрческа, оствари работен состанок со претставници од месните заедници од Косел, Лескоец, Опеница, Вапила, Ливоишта и Куратица. На состанокот беше разговарано за проблемите кои овие жители ги имаат во комуналната сфера и водоснабдувањето. Во наредниот период ЈП „Охридски Комуналец“ во соработка со месните заедници ќе отпочне акција за расчистување на дивите депонии, уредување  на зеленилото покрај патиштата, кастрење на дрвата и одредување на дополнителни локации за поставување…

повеќе...

Доделена паричната помош на новороденчињата родени во јануари

Врз основа на доставениот список од ЈЗУ Општа Болница, а по претходно потпишаниот меморандум за соработка меѓу градоначалникот Никола Бакрачески и директорот на општата болница Љубен Арнаудов, општина Охрид во месец февруари на 15 мајки чии деца се родени во месец јануари годинава, трансферира по 5 000 денари еднократна парична помош. Финансиската поддршка на локалната самоуправа е во насока на стимулирање на наталитетот и во неа се опфатени новороденчиња кои што се родени во Одделението за гинекологија при Општата Болница – Охрид чии родители имаат адреса на живеење во Општина…

повеќе...

Директори на успешни странски компании ќе го прошират гласот за инвестициските можности во Македонија

Македонија нуди одлични услови за инвестирање во најразлични сектори. Ќе ги искористиме нашите деловни врски и мрежи да го пренесеме гласот за Македонија и да овозможиме што поуспешни директни инвестиции тука, порачаа менаџерите од познати странски компании по денешната средба со владиниот тим. Менаџерите од САД и Велика Британија се членки на новоформираниот Интернационален совет на реномирани директори чија цел е овозможување директни контакти со одговорните во големите компании ширум светот, клучни при носењето одлуки за идните вложувања. Советот го организира Кабинетот на министерот за странски инвестиции Бил Павлески. „Идејата…

повеќе...

Бетонската жардињера на „Туристичка“ се обновува со нови садници

Бетонската жардињера која се наоѓа помеѓу коловозните ленти на „Булевар Туристичка“ хортикултурно се дотерува. Сите оштетени садници на потегот од крстосницата кај гимназијата до крстосницата кај градскиот пазар се отстрануваат, земјената подлога се обработува и се засадуваат нови садници. Планирано е на овој потег да се засадат околу 60 нови садници од зимзелени и украсни видови кои на сообрќајницата ќе и дадат подобар естетски изглед, а во исто време нема да претставуваат  пречка во одвивањето на сообраќајот.

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески на терен во стариот дел на Охрид

Градоначалникот Никола Бакрачески  заедно со директорите на охридските јавни претпријатија, денес оствари неколку часовна обиколка низ стариот дел од Охрид, со цел да ги сослуша и увиди проблемите кои  се од јавен интерес, а ги тиштат жителите од населбите  Месокастро и Варош. Градоначалникот  на терен ги сослушуваше  проблемите и барањата  на  жителите од овој дел на градот,  а  кои беа претежно  од областа на комуналната и инфраструктурна сфера. Со своите сограѓани  тој  ги согледуваше можностите за нови паркинг простори, уредени простори, подобрување на канализациската и водоводната мрежа, паркови и ново…

повеќе...

Средба на премиерот Груевски со извршниот директор на ММФ, Мено Снел

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, денеска оствари средба со извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд,  Мено Снел. Соговорниците се осврнаа на повеќе теми од областа на економијата и реформските процеси кои се важни за макроекономската стабилност и економскиот напредок на државата. Премиерот Груевски го запозна својот соговорник со реформите и мерките кои се превземаат на планот на поттикнување на инвестициските вложувања, унапредување на трговската размена, како и обезбедувањето на стабилен економски развој. Премиерот Груевски истакна дека Владата на Република Македонија го дава максимумот на полето на обезбедување…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески посветен и на селата, утре во работна посета во Рача, Коњско и Велгошти

Утре, во 10 и 30 часот, градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески заедно со директорот на Агенцијата за патишта Љупчо Ѓоргиески, ќе ги посетат селата во Рача и Коњско, каде во 2014 година  ќе се реализираат проекти. Во 12.00 часот, градоначалникот  Бакрачески заедно со министерот  за образование и наука, Спиро Ристовски ќе го посетат училиштето „Живко Чинго“ во с. Велгошти, каде во тек е негова санација.

повеќе...