ОУ „Григор Прличев“ се вклучи во кампањата „Од децата – за децата“

Под мотото „ОД ДЕЦАТА – ЗА ДЕЦАТА“ во соработка со Црвен крст Охрид училиштето „Григор Прличев“ се вклучи во кампањата за одбележување на Неделата за борба против гладта (16-22 октомври). Вработените и учениците и оваа година несебично и во рамките на своите можности прибраа различни прехрамбени производи и средства за хигиена. Производите беа подигнати од страна на волонтерите на општинскиот Црвен крст каде понатака би ги спакувале во соодветни картонски кутии кои ќе им бидат поделени на децата од социјално најзагрозените семејства. Ваквите акции го подигнуваат нивото на свест кај…

повеќе...

ОУ „Св.Климент Охридски“ доби нова канцеларија и училница

Поради подобрување на условите за работа, во ОУ „Св.Климент Охридски“ се изгради една канцеларија и една училница. Канцеларијата е направена за потребите на инклузивниот дефектолог, чија работа се покажа мошне успешна, и набавени се дидактички средства за таа потреба. Исто така, поради зголемениот број на ученици во изминатата година, училиштето се соочи со недостиг на училница, па оваа година се направи уште една. Училницата и канцеларијата се направени со помош на донации од Лајонс клуб „Десарети“, од Кармен Бауцентар и од училиштето со свои сопствени средства.

повеќе...

Среќен ден за првачињата во ПОУ „Св.Наум Охридски“ во Елшани

Денес во подрачното училиште „Св.Наум Охридски“ во с.Елшани, беше особено значаен и интересен ден за најмалите ученици – првачињата. Имено на иницијатива на наставничката по германски јазик Ивана Маховска Шикалеска, со несебична поддршка од „ЛК Лихнидос“, останатите Лајонс клубови и хумани граѓани и организации, како и од страна на црквата Св.Пророк Илија и црковниот одбор во с.Елшани, на учениците им беа подарени училишни ранци и потребниот училишен прибор за претстојната учебна година. Ранчињата на првачињата им ги подели отец Атанас Казанџиски, кој воедно им посака многу здравје и успех во…

повеќе...

Основни училишта од Охрид и Дебрца добија прибор од акцијата „Дарувајте радост на првачињата“

Во рамки на хуманитарната собирна акција под мотото „Дарувајте радост на првачињата“, младите на Црвен крст Охрид собираа училишен прибор кој денес го донираа во 7 основни училишта во Охрид и Дебрца, наменета за 114 првачиња. Од Црвениот крст Охрид изразуваат благодарност до поединците, фирмите и институциите кои ја помогнаа оваа хуманитарна акција.

повеќе...

Статичните велосипеди во Холандскиот парк долго време не се во функција

Статичните велосипеди во Холандскиот парк подолго време не се во функција. Недостасуваат педали на секој од нив, а недостасува и таблата на која пишуваше за оваа донација. И покрај тоа што надлежните во неколку наврати извршија нивна санација, сепак тие не можат да излезат на крај со вандалите кои „се дежурни“ 24/7. Имено, овие статични велосипеди беа подарок од Кралството Холандија во 2011 година. Тогашната амбасадорка во Македонија, Симоне Филипини за Холандскиот парк во Охрид изјави дека тоа е место каде холандските туристи ќе се чувствуваат како дома. Деновиве, може…

повеќе...

Црвен крст Охрид започнува собирна акција за училишен прибор „Даруваме радост на првачињата“

Со мотото „Даруваме радост на првачињата“ Црвен крст Охрид започнува собирна акција за училишен прибор потребен за првачињата кои потекнуваат од социјално-загрозени семејства од општините Охрид и Дебрца. Акцијата започнува од петок, 11.08.2017 и планирано е да трае до крај на месец август 2017 година. Црвен крст Охрид упатува апел до сите граѓани и фирми и ги повикуваат да се вклучат во оваа собирна акција и да подарат радост на првачињата. Потребен е следниот училишен прибор: • Тетратки со квадратчиња (А5 формат) • Тетратки без линии (А4 формат) • Тетратки…

повеќе...

Здружението „Во твоја слава“ и овој Велигден со вредносни ваучери за 40 социјално загрозени лица и семејства од Охрид

Четириесет корисници на социјална помош, поединци или социјално загрозени семејства од Охрид и околината, и оваа година за Велигденските празници добија вредносни ваучери од страна на Здружението на граѓани „Во твоја слава“ од Охрид. Како и минатата година, Здружението во рамки на своите активности за грижа и помош на лица од ранливите категории, обезбеди вредносни бонови што примателите на помошта ќе можат зависно своите потреби и приоритети да ги реализираат во централната продавница на „Стоп-Шоп“ во Охрид кај Музичкото училиште. Средствата за активноста на Здружението „Во твоја слава“ што се…

повеќе...

Лајонс клубот „Десарети“ – Охрид донираше ваучери за социјално загрозени семејства

По повод големиот Христијански празник – Велигден, Лајонс клубот „Десарети“ – Охрид, донираше вредносни ваучери од по 3.000 денари на 15 социјално загрозени семејства од Охрид, во соработка со Црковниот храм „Св.Ѓорѓи“. Вкупната вредност на донацијата изнесува 45.000 денари. Л.К. „Десарети“ – Охрид јавно ги повикува сите хумани луѓе, како и здруженија во пресрет на овој голем празник да го покажат своето човекољубие и да помагаат на оние на кои што им е најпотребна помош, со цел и ранливите категории на граѓани да можат да го прослават овој голем христијански…

повеќе...

Вечерва хуманитарен концерт „Во потрага по изгубените насмевки“

Волонтерски тим на млади на ЦКА-ПХВ програмата при Црвен крст Охрид под мотото „Во потрага по изгубените насмевки“ ќе организираат хуманитарен концерт кој ќе се одржи вечерва (понеделник, 10.04.2017) со почеток во 20:00 часот во НУЦК „Григор Прличев“, а со цел средствата од продадените влезници и од донациите во собирните каси на Црвен крст Охрид ќебидат наменети за помош на самохрана мајка од Охрид со две малолетни деца. На концертот учество ќе земат повеќе талентирани млади од Охрид, а дополнително за убавата атмосфера ќе се погрижат Студиото за танц „Соната“…

повеќе...

МКФ со апел до сите хумани луѓе за помош на Стеван Гешоски

Македонската кошаркарска федерација упатува јавен апел до сите хумани луѓе на просторите на Република Македонија. Станува збор за поранешен кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром и на Работнички како и поранешен технички директор на македонската репрезентација, Стеван Гешоски, кој пред речиси две години доживеа исхемичен мозочен удар. Како последица од ударот поранешниот кошаркар има отежнат говор, парализирана десна страна како и силни болки во екстремитетите на десната страна и на вратот. Првичниот третман од физикална терапија речиси и да не помогнал, па лекарите на Стеван Гешоски му препорачале операција со која…

повеќе...