Во Општина Охрид денес се одржа продолжението од четвртата седница на Локалниот Економски Совет, со која претседавеше градоначалникот Никола Бакрачески. Членовите на советот расправаа по пет точки кои не беа разгледани на состанокот одржан минатиот месец. Прва на дневен ред беше точката што се однесува на развојниот план за авто-кампот „Андон Дуков“. Во таа насока градските татковци ги зедоа во предвид одлуките на комисијата што беше формирана во рамките на Владиниот економскиот совет кој направи увид на сите авто-кампови кои што во моментов функционираат околу Охридското Езеро, а беа разгледани…
повеќе...Tag: економија
Пешевски: „Дрекслмајер“ ја потврдува успешноста на владините економски политики
Дрекслмајер“, најголемата нова фабрика во Македонија, со најголем број вработени, јасно покажува дека политиките на Владата се правилно насочени кон подигнување на животниот стандард на граѓаните, изјави вицепремиерот Владимир Пешевски. Пешевски, во придружба на министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Веле Самак, имаше средба со високи претставници на германската компанија. „Дрекслмајер“ е еден од проектите со кој се гордееме. Преку 50 милиони евра изнесува вкупната инвестиција од која дел е на локални добавувачи кои ја изградија фабриката. Моментно вработува околу 4.000 лица, а се очекува таа бројка да…
повеќе...Македонија е земја со четврт најголем раст во Европа во 2013
„Македонија е земја со четврт најголем раст во 2013 година во Европа и четврта најниско задолжена земја што е одличен резултат“, изјави премиерот Никола Груевски. Кризата во Европа, посочи тој, влијаеше не само на земјите во ЕУ, туку и на земјите кои се надвор од неа, а се нејзини партнери. „Најтешка година беше 2009-та, но не застанавме туку продолживме со нашите проекти и капитални инвестиции кои придонесоа во извлекувањето од кризата. Имавме добра комуникација со бизнис заедницата“, рече Груевски во интервју за телевизија Сител. Најсериозен раст има во градежништвото, а…
повеќе...Студиски престој на средношколците од економско училиште во Хрватска
Со цел практично запознавање на учениците со работењето на успешните компании, а во корелација со наставната програма и тематските содржини по предметот Практична настава, како и предметите Бизнис, Менаџмент и Економија, во наредниот период ќе се реализира научно-едукативна посета на Р.Хрватска, конкретно на реномираните европски и светски компании – КРАШ од Загреб и ВИНДИЈА од Вараждин, Р.Хрватска. Компанијата КРАШ произведува кондиторски производи (познатите чоколади, вафли и др.), а компанијата ВИНДИЈА млечни производи. Оваа посета се организира под менторство на Горан Попоски, професор по економска група на предмети, и со огромна…
повеќе...Економското училиште ќе го носи името „Св.Кирил и Методиј“
Сегашното Економско училиште и медицинската паралелка ќе се издвојат од Гимназијата „Св.Климент Охридски“, вака одлучија охридските советници на вчерашната седница по усвојувањето и изгласувањето на предлог одлуката што се однесува на оваа тема, а чиј предлагач беше секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески. „На крајот на минатата недела Министерството за образование ја даде согласноста за поделба. Претходно стручна комисија од министерството направи увид врз објектите, наставниот кадар, бројот на учениците и утврди дека сите услови за поделба се исполнети. Веќе е одлучено и за името на училиштето кое ќе се…
повеќе...Ставрески: Растот на индустриското производство силен импулс врз економијата
„Растот на индустриското производство и зголемувањето на бројот на работници во индустријата во јануари е позитивно и ќе даде силен имплус врз развојот на економијата во оваа година“, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Коментирајќи ги најновите статистички податоци за растот на индустриското производство од 6,4 проценти, министерот Ставрески оцени дека трендовите во индустријата се добри и оти тоа претставува поддршка за постигнувањето на предвидениот економски раст за годинава. Според него, значајно е и тоа што има креирање нови работни места во индустријата. „За 6,5 проценти е…
повеќе...Груевски: Економскиот напредок останува приоритет
Развојот на економијата и намалување на невработеноста преку привлекување странски инвестиции кои ќе значат нови работни места е главниот предизвик на Владата. Ова го порача премиерот Никола Груевски на средбата со македонските иселеници во Дизелдорф. „Исклучително значајно за нас е нашите граѓани, нашиот народ, Македонците и сите останати етнички заедници кои живеат во Македонија да дојдат што побрзо до работно место, а оние кои имаат да дојдат до повеќе можности за повисоки плати“, рече премиерот и додаде дека оваа Влада е економски ориентирана, пријателски расположена кон бизнисот и секако влада…
повеќе...Сарачини ги претстави можностите за инвестирање во Македонија на самит во Бурса
Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска престојува во работна посета на Бурса, Република Турција, каде учествува на вториот по ред Меѓународен економски самит на балканските земји, што се организира под покровителство на Владата на Република Турција. Пред присутните вицепремиери на Турција и Косово, министри за економија од земјите во регионот, како и околу 800 бизнисмени од регионот, министерот Сарачини ги презентираше економските состојби во Македонија и можностите за инвестирање, ставајќи акцент на поволната бизнис клима, реформите кои континуирано се спроведуваат со цел привлекување инвестиции и поволностите кои се нудат Технолошко-индустриските…
повеќе...Нови 9 милиони евра од ЕБОР за енергетска ефикасност
Македонските приватни субјекти, јавни институции и општини може да аплицираат за новата кредитна линија во износ од 75 милиони евра во рамки на регионалната Програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Од нив во Македонија од декември преку Охридска банка веќе се достапни 6 милиони евра, а од крајот на идниот месец и дополнителни 3 милиони евра. Досега до банката се поднесени една апликација и четири барањa од приватни субјекти. Токму промоцијата на новата кредитна линија и изработката на акциски план за…
повеќе...Владата ги усвои измените за зголемување на минималната плата
Измените на Законот за минимална плата со кои од март годинава треба да започне тригодишното зголемување се усвоени на последната владина седница. Со нивното изгласување во Собранието, реално ќе започне зголемувањето на минималната плата од сегашните 8.050 денари на 10.080 денари. Според социјалните партнери, се работи за историски успех со кој ќе се подобри животниот стандард на граѓаните и ќе се зголеми мотивираноста и продуктивноста на работниците, а корист ќе имаат и работодавачите. За синдикатите, работодавачите и Владата, значано е тоа што зголемувањето на минималната плата е направено со заеднички…
повеќе...