По долги години денес за првпат и елшанци ја „вкусија“ силата на надојдената река како последица на топењето на снеговите од Галичица придружено со обилните синоќешни дождови. Особено беа загрижени жителите чии куќи и ниви се на центарот, односно на сретселото каде е и протекува Елшанска Река. Но за среќа, поплавени се и тоа делумно само неколку подрумски простории и гаражи кои се под водотекот, како и ниви и бавчи покрај течението на реката. Сепак, ова е предупредување и потсетување за елшанци на далечната 1976 година кога навистина се случи…
повеќе...Tag: елшани
Елшанци традиционално први до Светиот крст
Жителите на Елшани, традицоионално и оваа година први во Македонија стигнаа до светиот крст. Уште од мугрите , во 5:00 часот со утринска богослужба започна чествувањето на празникот Богојавление. Повеќе стотини елшанци излегоа рано в црква на богослужба и осветување на леб и вода, а потоа на сретсело кај Клајнецот каде во изворските води традиционално се фрла светиот крст. Повеќе десетини млади елшанци со голема празнична возбуда скокаа по крстот. Оваа година среќниот фаќач беше Ристе Матлиоски кому ова му е вторпат да стигне прв до крстот. Како спомен на…
повеќе...Утре градоначалникот Бакрачески во обиколка на неколку селски населби
Утре, со почеток во 14 часот, градоначалникот Никола Бакрачески, во придружба на секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, директорите на јавните претпријатија и раководителите на сектори ќе биде во посета на селските населени места. Агендата на посетата е следна: – 14 часот – с. Љубаништа – 15 часот – с. Трпејца – 16 часот – с. Пештани – 17 часот – с. Елшани Целта на посетите е запознавање на градоначалникот со проблемите на овие населени места и можностите за нивно побрзо решавање.
повеќе...Настан за паметење во Елшани
„Илинденската вечер во Елшани“ која по првпат се организираше за време на големиот македонски празник, ќе остане запаметена по многубројните спортски и културни настани, како и по сенародната масовна фолк забава која траеше до доцна по полноќ. Организаторите успешно го реализираа замисленото: со турнирот во мал фудбал на кој учество зедоа елшански, охридски и скопски екипи и за чие финале се обезбедија голем број награди. Со изложбатат на фотографии во импровизираната галерија кај Клајнецот каде авторот Танче Ламбески низ еден фото времеплов ги потсети посетителите роднокрајни елшански обичаи и традиции,…
повеќе...Отпочна „Илинденска вечер во Елшани”
Синоќа, со финалниот натпревар на турнирот „Илинден 2014“, отпочнаа празничните чествувања, овојпат зацртани со културната манифестација „Илинденска вечер во Елшани”. Имено, по неколкудневни спортски и фудбалски натпревари, a пред неколку стотини посетители, со интонирање на македонската химна отпочна и се одигра финалето меѓу екипите на „Лева Патика“ и “Чанди компани”. Победници на турнирот станаа „Лева патика“ откако го добија финалето со 6:2. Посебно за паметење од овој настан беше и одбележувањето на 5-годишнината од формирањето на здружението на граѓани „Родољуби Свети Илија“ – Елшани, чиј претседател, проф. Димче Донески во…
повеќе...За првпат „Илинденска вечер во Елшани“
Годинава, на 2 август, по повод верско-националниот празник Илинден, во Елшани за првпат се организира културно-забавната манифестација „Илинденска вечер во Елшани“. Како што велат од организациониот одбор при МЗ на с. Елшани, според зацртаната програма планирано е со свое учество настанот да го одбележат млади музички таленти, роднокрајни фотографи, културно-уметнички друштва, фолк пејачи, како и реномиран патувачки театар од Скопје. „Намерата на организациониот одбор е преку оваа манифестација да го промовира и етаблира Елшани на културната и туристичката мапа на Македонија. Искрено се надеваме и веруваме дека манифестацијата „Илинденска вечер…
повеќе...Нов водоснабдителен систем во Елшани
Нов резервоар за вода со капацитет од 100 метри кубни и нова водоводна мрежа во должина од 2 200 метри ќе добие селото Елшани. Денес Градоначалникот Никола Бакрачески направи увид на градежните активности за изградба на резервоарот кои веќе се во тек. „Новиот резервоар за вода значи крај на долгогодишниот проблем со кој се соочуваа мештаните односно недостаток на вода и слаб притисок особено во летниот период од годината. По изградбата на резервоарот ќе се изгради и нова водоводна мрежа со должина од 2 200 метри. Тоа би подразбирало…
повеќе...Промовирана под-стратегијата за рурален развој на општина Охрид 2014-2018
Денеска во селото Елшани беше промовирана под-стратегијата за рурален развој на општина Охрид 2014-2018 кој е прв документ во општинава, изработен во согласност со домашните и меѓународните стратешки документи. Изработувач е Секторот за туризам и локален економски развој во рамки на предвидените средства од буџетот за нормално и тековно работење без дополнителни трошоци. „Под стратегијата за рурален развој има задача, следејќи ги насоките и европските трендови, аргументирано да го насочи руралниот развој како еден од врвните приоритети за охридскиот микро регион. Истовремено со ставање во функција на севкупните потенцијали на…
повеќе...Се проширува патот за Елшани
Локалната самоуправа се грижи и за локалните патишта. Деновиве, Mесната Заедница Елшани во соработка со Општинскиот инспекторат и ЈП „Охридски Комуналец“ работи на расчистување и проширување на патот за Елшани.
повеќе...Елшанци – најранобудни верници
Елшанци сануваат од 5:00 осветуваат вода во црквата „Свети Илија“ и подоцна, точно во 6:00 се фрла крстот во водите на елшанските извори каде присуствуваат над 90% од жителите на Елшани, а потоа сите на оро и со песна македонска! Оваа година светиот крст го фати Ристе Матлиоски. По неколку саати од сите елшански домаќинства пред 12:00 по двајца од куќа – елшанци заминуваат на светијонски ручек кај Кумот! Има 5 крстови, односно 5 колови каде најмалиот има помалку од десет куќи, а најбројниот повеќе од 50. По ручекот околу…
повеќе...