Попоски-Могерини: Успешно спроведени реформи и избори мора да бидат наградени од ЕУ

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, на денешната средба со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски во Брисел му ветила дека успешно спроведување на реформските мерки и одржување на успешни избори во април идната година ќе донесе и награда од страна на ЕУ за нашата земја во однос на евроинтеграциите. Ова во изјава за дописникот на МИА од Брисел го потврди минситерот Попоски, кој посочи дека освен за македонската политичка ситуација, со потпретседателката на Европската комисија разговарале и за бегалската криза. „Со Могерини…

повеќе...

Попоски се сретна со специјалниот претставник на германското МНР за ЈИЕ, Турција и ЕФТА

Министерот за надворешни работи Никола Попоски и специјалниот претставник на германското Министерство за надворешни работи за Југоисточна Европа, Турција и ЕФТА Ернст Рајхел денеска разговараа за предизвиците и перспективите во европската интеграција на Република Македонија, во светлина на неодамна објавениот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата во пристапниот процес. Како што соопшти МНР, Попоски на средбата потенцирал дека Македонија останува подготвена за процесот на пристапни преговори. „Од 2009 година, кога беше дадена првата препорака од Комисијата, секоја година сме се подобро подготвени за овој процес“, порача Попоски. Според…

повеќе...

Седма препорака за Македонија за почеток на преговори за членство во ЕУ

Европската комисија денеска го објави Извештајот за напредокот на Република Македонија, според кој нашата земја по седми пат во низа доби препорака за почеток на преговорите за членство во Европската унија, овојпат условена со целосно спороведување на јулскиот политички договор од Пржино и реализирање на препорачаните реформи. Eврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, истакна дека на ова прашање ќе се навратат повторно по изборите, закажани за 24 април 2016 година. Во Извештајот повторно се апелира за решавање на спорот со името, подобрување на меѓуетничките односи и намалување на невработеноста. Покрај за…

повеќе...

Иванов: Ако се затвори коридорот, Македонија ќе го стори истото што и земјите на ЕУ

Ако коридорот за транзит на бегалците се затвори ќе мора некаде да се забави протокот на бегалците, затоа во Грција се предвидува таков пункт, но бидејќи Македонија од јужната до северната граница има куса дестинација од 160 километри, нелогично е тие да остануваат. Сепак, капацитетите на Македонија се да згрижат до максимум 2.000 бегалци и тоа со помош на УНХЦР и на Црвениот Крст. Ова го посочи претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на брифингот со новинарите по завршувањето на мини-Самитот на десет ЕУ-земји со Македонија, Србија и Албанија.…

повеќе...

Солидарни и со помош на ЕУ до заедничка борба против новиот феномен

Европската унија ќе ја помогне финансиски, но и советодавно секоја земја на мигрантската рута, со цел олеснување при приемот на бегалците од Арапскиот свет, се вели во заклучокот од Декларацијата донесена по денешната конференција „Источен Медитеран – Западен Балкан” за правецот на транзит на мигрантите. Како што јавува дописникот на МИА од Луксембург, Република Македонија, која е во центарот на мигрантската рута, ќе има достапност до 300 милиони евра дполнителна хуманитарна помош од ЕУ, заедно со останатите земји од соседството на Сирија, Турција, Грција, Србија и Унгарија. Министерот за надворешни…

повеќе...

EУ изрази поддршка за напорите на Македонија за соодветен пристап во менаџирање на состојбите со мигрантите

„Решенијата на национално ниво се парцијален пристап и без ефективна реакција од ЕУ нема да се подобрат состојбите со менаџирањето на миграциските процеси. За индивидуалните или вкупните напори кои ги правиме на национално ниво секоја од државите, посебно во рутите кои се транзитни на мигрантите кои доаѓаат од Република Грција, веќе сме сведоци на реакции или на индивидуални решенија секоја држава посебно. Потребно е да се најде глобално решение кое ќе биде согласно највисоките европски стандарди на солидарност и хуманост“ – изјави меѓудругото министерот Чавков на денешната посета на прифатниот центар…

повеќе...

Почнува кампањата „Биди активен“ на ЕУ

Република Македонија и оваа година ќе биде дел од кампањата на Европската унија „Биди активен“ со која се промовираат спортот и здравиот начин на живот, чија цел е помасовно вклучување на младите во спортските активности. „Особено сме задоволни што Македонија, единствена од земјите во регионот кои не се членки на ЕУ, ќе биде дел од промотивната активност за одбележување на Европската недела на спортот,“ рече заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, изразувајќи благодарност до Унијата за обезбедената поддршка. Учесници во предвидените активности што ќе се одржат во понеделник…

повеќе...

Земјите од Западен Балкан поблиску до ЕУ преку регионални енергетски проекти

Министерот за економија Беким Незири, кој заедно со владината делегација учествува на дводневната конференција за Западен Балкан што се одржува во Виена, учествуваше на тркалезната маса за економскиот просперитет и инфраструктурното поврзување. На сесијата која е продолжение на Берлинскиот процес што минатата година го иницираше германската канцеларка Ангела Меркел, министерот Незири ги претстави актуелните енергетски проекти што обезбедуваат безбедно и квалитетно снабдување со сите видови енергија, како и активностите за поврзување на Македонија со електроенергетските системи на соседните држави со цел формирање на функционален регионален пазар на електрична енергија. „Како…

повеќе...

Македонија и Србија бараат поголем ангажман од ЕУ околу мигрантската криза

Потребно е Европската унија да преземе конкретни мерки по прашањето на азилантите бидејќи издвоените по еден милион евра за помош на Македонија и на Србија не се доволни, истакнаа денеска министрите за надворешни работи на двете земји, Никола Попоски и Ивица Дачиќ, на заедничката прес-конференција на Конференцијата за Западен Балкан во Виена. „Ако нема европски одговор на ова прашање никој од нас нема илузии дека проблемот ќе биде решен. Охрабрува тоа што Европската комисија е свесна за проблемот“, истакна Попоски. Тој укажа дека Македонија е соочена со специфичен проблем што…

повеќе...

Вечер на ЕУ – незаборавен настап на словенското трио и врвно камерно музицирање

Во рамките на традиционалоната вечер на Европска унија на фестивалот Охридско лето, во црквата Св. Софија, незаборавен настап имаше словенското трио составено од врвните уметници, Мојца Злобко Вајгл (харфа), Ева Нина Козмус (флејта) и Кармен Печар (виолончело). „Со особено интересниот избор на програма, преку впечатливите изведби на овие сјајни уметници, тие покажаа што значи врвно камерно музицирање. Брилијантните уметници сплотувајќи ја својата индивидуалност во извонреден камерен звук, и дарија на публиката многу емоција, топлина и им ја разгалија душата на присутните. Задоволната публика ги награди со многу аплаузи, а тие…

повеќе...