Шкендија ќе игра против Милан, Вардар против Фенербахче во плеј-офот за Лигата Европа

Денес во седиштето на УЕФА во Нион беа извлечени паровите за плеј-оф натпреварите од Лигата Европа. Шкендија ќе игра против Милан, додека пак Вардар ќе игра против Фенербахче. Натпреварите од плеј-офот предвидено е да се играат на 17 и 24 август. Но, постои можност за дополнителни промени на датум на одигрување, ден порано или подоцна или пак промена на улогата домаќин/гостин на тимовите. Победниците од плеј-оф натпреварите ќе влезат во групите од Лигата Европа. Групите ќе ги сочинуваат 48 тимови, поточно 22 тимови кои победиле во плеј-офот, 16 клубови кои автоматски…

повеќе...

Работнички надвор од игра, Шкендија оди во следната фаза од Лигата на Европа

Работнички ја заврши овогодишната одисеја во натпреварувањата од квалификациите за Лигата на Европа. Работнички денес во гости во Белорусија претрпе пораз од 3:0. На првиот натпревар Работнички и Динамо Минск одиграа 1:1, па според тоа Динамо Минск оди понатаму со вкупен резултат од 4:1. За разлика од Работнички, Шкендија имаше релативно полесен противник, тимот на ХЈК од Финска. По победата од 3:1 минатата недела, Шкендија денес успеа да одигра 1:1 во гости и со вкупен резултат 4:2 успеа да се пласира во следното коло од квалификациите за Лигата на Европа.…

повеќе...

Шкендија и Работнички одат во следната рунда од Лигата на Европа

Шкендија забележа победа од 0:4 на гостувањето против Дачија во Молдавија и со вкупен резултат од 7:0 оди во следната рунда од квалификациите за Лигата на Европа. Работнички на домашен терен оствари победа од 6:0 против Тре Пене од Сан Марино и со вкупен резултат 7:0 оди во следната рунда од Лигата на Европа. Пелистер поторно беше поразен од Лех Познан, овој пат во Македонија. Пелистер претрпе пораз од 0:3 и е елиминиран со вкупен резултат од 0:7 од овогодишното натпреварување во Лигата на Европа. Во следната рунда, Шкендија ќе игра…

повеќе...

РК Вардар е шампион на Европа

Ракометниот клуб Вардар е шампион на Европа. Синоќа во финалето од Лигата на шампиони, со гол во последните секунди од натпреварот Вардар го победи ПСЖ со 24-23, со што нашиот најтрофеен ракометен клуб ја израдува целата македонска јавност. Вардарци испишаа историја во македонскиот ракомет, освојувајќи го најелитното европско ракометно злато. WebOhrid

повеќе...

Владин тим во Брисел го претстави напредокот во Македонија пред издавањето на извештајот на ЕК

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска-Томовска, заедно со заменик-министерот за правда Биљана Бришковска-Бошкоски и државниот секретар за европски прашања Ана Блажевска се во дводневна работна посета на Брисел, каде во очи на претстојното објавување на прогрес-извештајот на Европската комисија за Република Македонија, се сретнаа со голем број високи претставници на Европската унија, на кои директно им го претставија напредокот во македонската држава во повеќе области. Во Европскиот парламент, трите владини претставнички се сретнаа со известувачот за Македонија во ЕП, Иво Вајгл и со европратеничката и претседател на „Групата…

повеќе...

Претседателот на СДСМ Заев учествуваше на Мониторинг комисијата на Советот на Европа

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, денес, на покана на Мониторинг комисијата на Советот на Европа учествуваше на состанокот на Комисијата кој се одржува во Тирана, Албанија. На состанокот се разговораше за најновиот развој на настаните и степенот на спроведување на договорот од Пржино. Во рамките на пост-мониторинг дијалогот со Република Македонија, кој се одвива во рамките на Советот на Европа, претседателот Заев ги искажа своите видувања за побрзо и полесно надминување на политичката криза во Република Македонија, која настана како резултат на криминалното владењее на ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период.

повеќе...

Шкендија се пласира во плеј-офот од Лигата Европа

Шкендија претрпе минимален пораз 0:1 на гостувањето против Млада Болеслав. Но, победата на Шкендија во Скопје пред седум дена со 2:0 беше доволна за нашиот претставник да патува во следната рунда од Лигата Европа. Ждрепката за плеј-офот е утре, а термините за одигрување на натпреварите се на 18 и 25 август. Победниците од плеј-офот ќе играат во групната фаза од Лигата Европа. WebOhrid

повеќе...

Шкендија го совлада Нефчи и оди во следната рунда од Лигата Европа

Откако на дуелот пред седум дена одиграа без голови, денес во повратниот дуел Шкендија успеа да го совлада Нефчи и да се пласира во следната рунда од Лигата Европа. На Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, Шкендија минимално го совлада Нефчи со 1:0, а голот го постигна Бесарт Ибраими во 31 минута. Работата дополнително ја олесни и Ванче Шиков кој „заработи“ два жолти картони, односно црвен картон во 72 минута со што гостите од Азербејџан до крајот од натпреварот играа со играч помалку. Во третата рунда од квалификациите за Лигата Европа…

повеќе...

Шкендија, Работнички и Силекс ги добија противниците во квалификациите за Лигата Европа

Шкендија, Работнички и Силекс ги добија противниците во квалификациите за Лигата Европа. Шкендија ќе игра против Краковија од Полска, Силекс против Вадуз од Лихтенштајн, а Работнички против Будуќност од Подгорица, Црна Гора. Првите натпревари треба да се одиграат на 30 јуни, додека пак повратните дуели на 7 јули. Шкендија и Работнички ќе започнат на свој терен, а Силекс ќе гостува. Дополнително ќе се утврди времето на одигрување. WebOhrid

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески на прием кај евроамбасадорот Аиво Орав

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески вчера во Скопје беше на прием што го организира Шефот на делегацијата на Европската Унија во Македонија, Аиво Орав, а по повод празнувањата посветени на 9 мај – денот на Европа. Роденденот на Европската унија – 9 мај годинава во Македонија се одбележа со серија активности преку кои се приближува пораката на ЕУ до македонските граѓани во насока на нивно запознавање за приближувањето на земјата кон полноправно членство во Унијата. Македонија е земја кандидат од 2005 година и се уште го очекува датумот за отпочнување…

повеќе...