„Македонија е земја со четврт најголем раст во 2013 година во Европа и четврта најниско задолжена земја што е одличен резултат“, изјави премиерот Никола Груевски. Кризата во Европа, посочи тој, влијаеше не само на земјите во ЕУ, туку и на земјите кои се надвор од неа, а се нејзини партнери. „Најтешка година беше 2009-та, но не застанавме туку продолживме со нашите проекти и капитални инвестиции кои придонесоа во извлекувањето од кризата. Имавме добра комуникација со бизнис заедницата“, рече Груевски во интервју за телевизија Сител. Најсериозен раст има во градежништвото, а…
повеќе...Tag: европа
Охрид со нов пристап во презентацијата пред Европа
Градоначалникот Никола Бакрачески денес во работна посета го прими амбасадорот и шеф на Мисијата на Македонија при ЕУ во Брисел, д-р Андреј Лепавцов. На средбата градоначалникот Бакрачески ја изложи идејата за нов пристап и стил во промовирањето на Охрид пред пошироката Европска јавност. Во таа насока, во координација со Мисијата на Македонија при ЕУ во Брисел, се очекува во наредниот период Охрид на нов, креативен начин да биде претставен пред Европските инстуции во Брисел и Стразбур. Се очекува во периодот до крајов на годинава, кога Европските институции работат со полна…
повеќе...МЗТ Скопје доби вајлд-карта за настап во Еврокупот
Откако минатата сезона успешно дебитираше во АБА лигата, МЗТ Скопје Аеродром за оваа година доби вајлд-карта за настап и во второто по ранг европско клупско натпреварување – Еврокупот. По пауза од 13 години, аеродромци повторно се враќаат на европска сцена. Низ соопштение за јавноста, управата на КК МЗТ Скопје Аеродром денеска информираше дека барањето за настап во Еврокуп натпреварувањето преку вајлд-карта било прифатено и актуелниот македонски шампион ќе биде дел од 48-те екипи за претстојната 2013/14 сезона. Со задржувањето на главните кошаркари во тимот и неодамнешниот потпис со Влада Вукоичиќ…
повеќе...Отворена конференцијата на министрите за одбрана на земјите-членики на САД-Јадранската повелба
Сите земји-членки на САД-Јадранската повелба даваат долгорочен придонес во меѓународни операции и во регионалната безбедност. Нашиот заеднички успех и унапредувањето на регионалната соработка е пристап на двојна добивка за мирот и стабилноста во регионот и пошироко. Тоа го истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, на денешното отворање на Конференцијата на министрите за одбрана на земјите-членки на САД-Јадранската повелба која се одржува во Охрид, Република Македонија. Во контекст на промоцијата на демократските вредности, со заедничкото и здружено присуство во Авганистан, посочи министерот Џафери, ние придонесуваме кон безбедноста и…
повеќе...Остварена средба на Вељаноски со Жан Клод Мињон
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, изразувајќи задоволство од посетата на Република Македонија и од средбата, истакна дека испoлнувањето на обврските и заложбите кон Советот на Европа се од суштинско значење за создавањето на демократското општество. Притоа, препораките на Советот на Европа за Република Македонија, секогаш претставуваат израз на поддршката за понатамошен демократски развој и на овие препораки Република Македонија секогаш посветува големо внимание. На средбата стана збор за неодамнешните локални избори, за кои претседателот Вељаноски истакна дека беа организирани на фер и демократски начин, а на…
повеќе...Посилна соработка меѓу земјите во регионот – порака од министерскиот состанок на ПСЈИЕ во Охрид
Засилена соработка меѓу земјите во регионот, е пораката што беше испратена од денешниот формален состанок на министри за надворешни работи во рамките на Процесот за соработка на Југосисточна Европа што се одржа во Охрид. На состанокот, како што информира на заедничката прес-конференција министерот Никола Попоски, било разговарано за можностите за зајакнување на соработката и за поефикасно искористување на средствата кои се нудат од страна на ЕУ за меѓусебно поврзување. „Во овој контекст би констатирал дека Македонија имаше успешно претседавање со над 30 министерски и експертски средби и тоа немаше да…
повеќе...Охрид ќе биде претставен на програмите од Дојче Веле
Претседателот на Советот на Општина Охрид Гордана Коњановска, денеска оствари средба со уредници на програмите од Дојче Веле, кои деновиве престојуваат во Охрид. На средбата новинарите пројавија најголем интерес за богатото природно и културно наследство на Охрид, туризмот и европските перспективи на Охрид. Претседателот Коњановска, гостите ги запозна со основните податоци за нашиот град и идните планови и заложби на локалната самоуправа за развојот на градот. Одговорниот уредник на 30 редакции на Дојче Веле, Уте Шифер, се интересираше за вклученоста на Охрид во европски проекти и европските перспективи на градот,…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески ќе го претстави Охрид во Париз
На покана на Филмскиот Фестивалот на Југо-источна Европа “SEE a Paris”, кој под покровителство на УНЕСКО ќе се оддржи од 22 до 25 мај, во Париз престојува Градоначалникот на Охрид, д-р Никола Бакрачески. На свечената церемонија, која е предвидена за утре, покрај обраќањето на Генералниот Директор на УНЕСКО г-ѓа Ирина Бокова, министерот за култура на Р.Црна Гора, г-дин Бранислав Миќуновиќ, и други високи личности, предвидено е да се обрати и Градоначалникот Никола Бакрачески, кој пред присутниот аудиториум ќе ги претстави културните и духовните вредности на градот на тема „Охрид- кандидат…
повеќе...Охрид ќе биде домаќин на 16-тиот Самит на Шефови на држави и влади на земјите учеснички од Југоисточна Европа
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на 1 јуни 2013 година, во Охрид, ќе биде домаќин на 16-тиот Самит на Шефови на држави и влади на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Главни теми на кои ќе биде посветен Самитот под мотото „Солидарност во акција” се намалување на ризиците од катастрофи и адаптација кон климатските промени. 16-тиот Самит на Шефови на држави и влади на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа претставува завршна активност во рамките на едногодишното македонско претседавање со оваа регионална…
повеќе...Охрид со низа активности го одбележа Денот на Европа
По повод Денот на Европа во Охрид се организираа повеќе активности. Во општинскиот Центар за услуги беше промовирана ЕУ инфо точка, односно европско катче, каде што граѓаните ќе имаат можност да ги добиваат сите информации кои што се однесуваат на Европската унија. Гости во нашиот град се амбасадорот на кралството Холандија Мариет Шурман и амбасадорот на Кралството Шведска Ларс Валунд. „На тој начин нашите граѓани од Охрид ќе бидат во тек со сите случувања кои што се случуваат во рамки на ЕУ, дали се тоа определени огласи, конкурси, информации и…
повеќе...