КУД „Дримкол“ од Вевчани секогаш оригинални на Балкански фестивал

Синоќа на сцената на Долни Сарај, фолклорниот ансамбал при КУД „Дримкол“ од Вевчани ја воодушеви публиката со својот сценски настап на Балканскиот фестивал во Охрид. Овој ансамбал на програмата годинава беше забележан во ново светло, односно наспроти изворниот традиционален фолклор од Дримколската област преку кој го препознаваме, Дримкол синоќа беше верен чувар и презентер на градскиот фолклор од југозападното играорно подрачје. Градската носија, чалгиската музика, автентичните и грациозни чекори, староградските песни беа елемнтите кои допринесоа Дримкол на оригинален начин да го пренесе на сцена градскиот фолклор од Битола, Охрид и…

повеќе...

Отворено 54-то издание на Балкански фестивал на народни песни и и игри

На летната сцена „ Долни Сарај“ , синоќа свечено беше отворено годинешното 54. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри, најстарата фолклорна манифестација на Балканот и еден од најпретпознатливите и највредни делови од богатиот македонски и охридски културен мозаик. На учесниците на фестивалот топло добредојде во Охрид и успешни настапи им посака градоначалникот Никола Бакрачески. „Од овде, од прекрасната летна сцена „ Долни Сарај“, од вечерва па до 11 јули, низ песната, орото и музиката, фолклористите од повеќе земји ќе упатуваат универзални пораки за хуманизам, презентирање на сопствениот…

повеќе...

Вечерва свечено отворање на 54-то издание на Балкански фестивал

Во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид, вечерва, со почеток во 21:00 часот, на сцената на Долни Сарај свечено ќе биде отворено 54-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри 2015. Свеченото отворање на фестивалот веќе години наназад е резервирано за настап на Националниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“. Оваа година на фестивалот ќе учествуваат 11 ансамбли и КУД што ги негуваат традиционалните народни песни и игри од Македонија, Бугарија, Србија, Хрватска, Полска, Турција, Канада. Манифестацијата е под покровителство на Собранието на…

повеќе...

Заврши 14-то издание на „КанеоФест“ 2015

Синоќа на летната сцена при Центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа втората(поп) вечер од фестивалот „КанеоФест“2015, со што фестивалот беше затворен. На фестивалот се натпреваруваа изведувачи на новокомпонирани, дотогаш неизведени поп мелодии, каде публиката во ревијалниот дел од фестивалот уживаше во настапите на неколку познати имиња од македонската естрада. Инаку, фестивалот „Канеофест“, годинава се одржа по 14-ти пат. WebOhrid/А. Андриоски

повеќе...

Христијан Стојоски – најдобар дебитант на годината на „КанеоФест“

Најмладиот шармантен и талентиран охриѓанец Христијан Стојоски оваа година за прв пат настапи на Охридскиот фестивал „КанеоФест“ со негова нова композиција „Ќе ја грабнам, ако морам“, каде тој е автор на текстот, музиката и аранжманот. Младиот Христијан ги освои срцата на публиката на летната сцена при Центарот за култура „Григор Прличев“, а ја доби првата награда за најдобар дебитант на годината. Честитки и понатамошни успеси! WebOhrid

повеќе...

Свечено отворено 14-то издание на „Канеофест“ 2015

На летната сцена при Центарот за култура „Григор Прличев“ синоќа свечено беше отворено четиринаесетото издание на фестивалот „Канеофест“ 2015, што го организира ТВ Морис од Охрид, со поддршка на Локалната самоуправа и бројни помагатели.  На првата фестивалска фолк вечер беа изведени деветнаесет нови композиции, а во ревијалниот дел настапија Спасен Силјаноски, Виданка Георгиевска, Мишко Србиноски. Вечерва ќе биде посветена на поп- музиката и ревијален настап на неколку познати имиња од македонската естрада. WebOhrid/А.Андриоски

повеќе...

Утревечер по 14-ти пат започнува „Канеофест“ 2015

На летната сцена при Центарот за култура „Григор Прличев“ утревечер, со почеток во 21:00 часот свечено ќе биде отворено четиринаесетото издание на фестивалот „Канеофест 2015“, што го организира ТВ Морис од Охрид, со поддршка на Локалната самоуправа и бројни помагатели. „Традицијата на одржување на Канеофест трае веќе 14 години, а по 4-ти пат е под покровителство и организација на ТВ Морис од Охрид. Гласањето ќе оди преку публика и преку стручното жири кое што ќе биде составено од музички професори. За (фолк вечерта), утревечер пријавени се околу 22 новокомпонирани композиции,…

повеќе...

На 6-ти јули започнува 54-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри 2015

Oвогодинешното издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри, во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид, од 6-ти до 11-ти јули ќе го одбележи 54-то годишно реномирано издание како најстара фолклорна манифестација на Балканот, на која се афирмираат културните достоинства на народите. Годинава на Балканскиот фестивал најавено е учество на 11 ансамбли и КУД што ги негуваат традиционалните народни песни и игри од Македонија, Бугарија, Србија, Хрватска, Полска, Турција, Канада. Отварањето на фестивалот веќе години наназад е резервирано за настап на Националниот ансамбл за…

повеќе...

Црвен крст Охрид ќе го поддржи хуманитарниот концерт на хорот „Златно славејче“

Црвениот крст од Охрид ќе го поддржи хуманитарниот концерт на хорот „Златно славејче“ кој под мотото „Од децата за децата“ ќе се реализира на 31-ви мај (недела) во Охрид. Екипите на Црвен крст Охрид утре од 12:00 часот на Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ ќе ги продаваат влезниците за концертот, каде во 14:00 часот ќе се приклучат и „славејчињата“. Организаторот на настанот СТ-продукација, заедно со Црвен крст Охрид на децата од дневниот ценар „Зраци“ ќе им подари ЦД со детска музика од хорот „Златно славејче“ и сокчиња.

повеќе...

Заврши Аматерскиот младински театарски фестивал „Вдиши театар“

Како шлаг на торта беше вчерашниот настап на малата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“, на театарската актерска група на младите на Црвен крст Крагуевац со музичко-едукативниот перформанс „ПХВ КАБАРЕ“, што воедно и го затвори второто издание на Аматерски младински театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“. На креативен начин младите актери го истакнаа значењето на толеранцијата, недискриминацијата, неконфликтноста и презентираа начини за практикување на истите. И оваа година Аматерскиот младински театарски фестивал ги исполна очекувањата на организаторот Црвен крст Охрид, а ценејќи според посетеноста и позитивните реакции и коментари на публиката,…

повеќе...