На првиот БРЕИНОБРЕИН-АБАКУС натпревар во Хрватска, кој на 7-ми март се одржа во Загреб, впечатлив настап имаа децата од Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид. Десет охридски генијалчиња од завршните нивоа на Бреинобреин програмата, стекнатите мултитаскинг вештини успешно ги презентираа пред своите соученици од Хрватска, кои ги следат почетните нивоа од интернационалната Бреинобреин програма. Со воодушевување беа поздравени од бројната публика децата од Охрид кои истовремено пресметуваат повеќе суми и пеат, танцуваат, прават оригами и сл., а од страна на Мастер франшизерот на БРЕИНОБРЕИН програмата за Европа, Бреинобреин-Црвен крст Охрид центарот беше…
повеќе...Tag: фестивал
Основци од „Живко Чинго“ наградени на фестивалот на детски творби
Двајца ученици од ОУ „Живко Чинго Велгошти“ (Крстаноска Благица и Христијан Балоски од VII одд.) беа наградени на VI -от фестивал на детски творби и творби за деца „Беше еднаш еден неизбришлив лав“. „Ова е меѓународен конкурс кој е во организација на општина Медијана, Ниш. Овие награди беа во конкуренција од над 2000 творби што оваа година пристигнале на адресата на фестивалот Медијана. Наградените ликовни творби од нашите ученици беа „Девојка во носија“ и „Паун“.“– велат од училиштето. Наградите на учениците им беа врачени од страна на Градоначалникот на Ниш,…
повеќе...По петти пат „Sound of Egypt“ во Охрид
Заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ го отвори Фестивалот на музичкото и фолклорно творештво на Египќаните од Р. Македонија „Sound of Egypt“, што по петти пат се одржува во Охрид. „Како град на соживотот во кој се негуваат различните култури и вредности, овој фестивал зазема посебно место на културната и фестивалска мапа на Охрид. Почитувани, ова е Ваша ноќ. Вечерва преку музиката и танцот, ќе биде отсликан духот, енергичноста и љубезноста кои се одлика на етничката група на која вие припаѓате. Со желба…
повеќе...Признание за Клаудио Губитози директор на филмскиот фестивал за млади Џифони
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во резиденцијата на амбасадорот на Италија во Македонија, Ернесто Масимино Белели присуствуваше на свечен прием по повод поддршката на брендот „Џифони“ во одржувањето на филмскиот фестивал за млади„ Џифони-Македонија“. На приемот пред членовите на делегацијата од Република Италија и бројните гости, министерката Канческа-Милевска му врачи благодарница на директорот на фестивалот „Џифони“, Клаудио Губитози за неговата голема посветеност во заложбите за продлабочување на културните врски меѓу Република Македонија и Република Италија. Фестивалот „Џифони“ е еден од најреномираните филмски фестивали за млади во светот. Како дел од…
повеќе...Фестивалот „Етноплоштад“ препознатлив по високите културни вредности
Андријана Јаневска, Митан проект, Љубојна, Брас фантази, Сашо Гигов-Гиш, Чалгија блуз, Монистра, Уска Кан, како и многу фолклорни ансамбли од Македонија, Србија и од Бугарија се дел од реномираните музички имиња и состави кои ќе настапат на двете сцени на традиционалниот, 6-ти по ред, „Етноплоштад-фестивал“ (Ethno Square Festival), кој од 28 до 30 август се одржува во Берово. Од општина Берово, која е организатор на Фестивалот, нагласувааат дека се подготвени за исклучителното фестивалско доживување за сите вљубеници на етномузиката. Во изминатиот период Фестивалот стана препознатлив по високите културни вредности што…
повеќе...Пијано маратон на малиот плоштад кај „Долна порта“
Денеска од 17 часот на новиот плоштад кај Долна порта во Охрид, ќе се одржи пијано маратон на кој освен учесниците на PIANO SUMMER OHRID ќе може да се претстави секој кој има желба да отсвири нешто од класичниот пијано репертоар, или од современи автори, вклучувајќи и свои лични композиции или импровизации. Специјален гостин на маратонот ќе биде Љупчо Доневски со премиерното изведување на неговата композиција „Звукот на младоста“. Маратонот е отворен за сите љубители на музиката. Влез слободен.
повеќе...Започна 53-то издание на Струшките вечери на поезијата
Со традиционалното читање на Константиновата „Т’га за југ“ и палење на фестивалскиот оган пред Домот на поезијата во Струга, синоќа почнаа 53-те Струшки вечери на поезијата. Струшките вечери за отворени ги прогласи министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, според која, поезијата не е само песна на рајот, таа е песна и на земјата. „Иако ова место толку ја сака поезијата и копнее по неа, тоа не е случајно. Името на Македонија е многу славно и распространето во историјата. Поезијата тука постоела, ќе постои и нема да исчезне“. – рече Канческа-Милевска. Таа…
повеќе...Седми хорски фестивал во Охрид
Вчеравечер беше отворено годинешното издание на Хорскиот фестивал што во Охрид се одржува по седми пат. Фестивалот за отворен го прогласи заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев. „Хорската музика, посебно преку овој фестивал, без сомнение, години наназад го прават еден од најуспешните, најпријатните и најраспеаните градови во Европа.Овие денови благодарение на ова издание на Охридскиот Хорски фестивал, Охрид е збогатен со Вас, почитувани: Од Литванија, Романија, Србија, Босна, Полска, Хрватска, Германија, Унгарија, Украина, Бугарија, Турција, Естонија, Македонија … Благодарам што преку музиката и преку Вашето присуство, дел од Вашата култура ја…
повеќе...Започнува седмото издание на охридскиот хорски фестивал
Охридскиот хорски фестивал е манифестација која оваа година, традиционално, ќе се одржи во Охрид по седми пат во организација на Охридскиот хор. Почетокот на фестивалот е закажан на 21.08.2013 (четврток), а ќе трае до 25.08.2013 (понеделник). На фестивалот се пријавени да учествуваат 34 хорови од 13 европски земји. Фестивалот има ревијален дел и натпреварувачки дел кој опфаќа неколку категории. Пријавените хорови ќе се претстават на натпреварувачките концерти, концертите на духовна музика, поп и фолк концертите. Жири комисијата ќе ја сочинуваат реномирани лица од музичкиот свет и тоа: Марчин Томчак (Полска),…
повеќе...Охрид домаќин на првиот пијано фестивал
Со пијано концерт на истакнатиот германски пијанист и професор Клаус Шилде синоќа во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид започна фестивалот „Piano Summer Ohrid“, што годинава за прв пат се одржува во градов. Фестивалот за отворен го прогласи Претседателката на Советот на Општина Охрид, Гордана Коњановска. „Верувам дека и раѓањето на овој фестивал, ќе придонесе кон збогатувањето на нашата духовна ризница и уште повеќе Охрид ќе го отвори кон светот и предизвиците кои ги носи иднината. Ве уверувам дека градот Охрид ќе стори се Вашата хумана и космополитетска идеја да…
повеќе...