ФФМ донираше комплет спортска опрема за женските младински клубови

Фудбалската федерација на Македонија им донираше опрема (дресови, копачки, маици, шорцеви, фудбалски топки) на женските клубови во млади категории. Во „Куќата на фудбалот“ донација примија вкупно дванаесет клубови кои се натпреваруваат во младинските женски лиги. АС Јунајтед, Кочани, Габер, Младост, Шар Планинка, Билјанини Извори, Кратово, Џиџи, Топ Гол, Порече, Атлетико и Тиверија. Сузана Трпеска од Шар Планинка во врска со оваа донација го потенцираше значењето на доделената опрема и дополни: „Ова е позитивно за развојот на женскиот фудбал. Благодарност до ФФМ што и на овој начин се обидува да влијае…

повеќе...

Илчо Ѓорѓиоски реизбран за претседател на ФФМ

Илчо Ѓорѓиоски едногласно е реизбран за претседател на Фудбалската федерација на Македонија со четиригодишен мандат до 2021 година. На Редовното изборно генерално собрание кое се одржа во хотел „Александар Палас“ во Скопје, Илчо Ѓорѓиоски со 91 глас го доби мандат да го предводи македонскиот фудбал. „Најнапред сакам да ја искажам мојата благодарност до сите вас за укажаната доверба. Голема чест е да се биде претседател на ФФМ и да се бориме за македонскиот фудбал како што тоа некогаш го правевме на теренот. Вратата на Фудбалската федерација секогаш ќе ви биде…

повеќе...

ФФМ организира „Форум на тренери“ на 20 и 21 февруари

Центарот за едукација на тренери и Тренерската организација при ФФМ го организираат годишниот Форум на тренери со дводневна програма на презентации од интернационални и домашни стручни лица. Форумот ќе се одржи на 20 и 21 февруари 2017 во Хотел „Александар Палас“ – Скопје со почеток во 13:45 часот на 20 февруари. Покрај едукативниот карактер на овој настан, Форумот има и јубилејно значење бидејќи се поклопува со 15-годишнина од организација на првиот семинар за тренери за добивање на УЕФА Диплома во Македонија и го носи насловот: „15 години тренерска едукација во…

повеќе...

ФФМ одржа состанок со ревизорските куќи за клупско лиценцирање

Одделението за лиценцирање на ФФМ, како дел од стратегијата за асистенција на клубовите во процесот на клупско лиценцирање одржа состанок со ревизорските куќи кои клубовите апликанти за натпреварување во УЕФА и Прва МФЛ ги пријавија како нивни ревизори. Состанокот се одржа во просториите на ФФМ, а на него беше разговарано за правилата, начинот и принципите врз основа на кој треба да се доставуваат информации од финансиски карактер. На ревизорските куќи им беше презентиран извештајот од УЕФА инспекцијата на Одделението за лиценцирање на ФФМ и забелешките во него, а посебно оние…

повеќе...

Регионалната лига за млади категории е од големо значење за клубовите

На конструктивен состанок со клубовите од Првата лига во „Куќа на фудбалот“, координаторот на младинските категории во ФФМ Зоран Стратев ја претстави идејата за формирање регионално натпреварување за млади категории во кое би биле вклучени младински екипи од Македонија, БиХ, Црна Гора, Унгарија, Словенија, Србија и Хрватска. По првичните разговори во Загреб со претставниците на асоцијациите вклучени во проектот во регионалната младинска лига би се натпреварувале генерациите 2002 година (тимови до 16 години) и 2004 година (екипи до 14 години), а натпреварувањето би започнало веќе во септември годинава. Зоран Стратев…

повеќе...

ФФМ донираше спортска опрема за 115 екипи во младинска конкуренција

Фудбалската федерација на Македонија им донираше опрема (спортска опрема и фудбалски топки) на екипите од Супер и Првата лига (пионери, помлади пионери, кадетска и младинска конкуренција). Во просториите на „Куќата на фудбалот“ донација примија претставници на 115 екипи кои се натпреваруваат во системот на Фудбалската федерација на Македонија. „Фудбалската федерација на Македонија повторно го помага развојот на младите категории. Помошта во вид на спортска опрема е многу важна и е од голема помош за екипите и за родителите на децата кои тренираат“, – истакна Драган Иванов од ФК Силекс. Координаторот…

повеќе...

Семинар за доктори и физиотерапевти за клубовите од Прва и Втора МФЛ

Комисијата за здравство и анти-допинг на 11. февруари 2017 година (сабота) во хотел Континентал, Скопје ќе го одржи годишниот лиценцен семинар за доктори и физиотерапевти од клубовите кои се натпреваруваат во Прва и Втора МФЛ. Во продолжение можете да ги пронајдете агендата за семинарот како и материјалите за истиот. Агенда (11.02.2017) Алатка за препознавање на потрес на мозокот СКАТ3 – помагало за оценка на потрес на мозокот

повеќе...

Извлечени полуфиналните двојки од Купот на Македонија

Денеска во комплексот „Куќа на фудбалот“ без извлечени двојките од полуфиналните натпревари во рамките на Купот на Македонија. Актуелниот лидер на првенствената табела, екипата на Вардар за противник го доби бранителот на Куп трофејот, тимот на Шкендија. На вториот натпревар силите ќе ги одмерат екипите на Брегалница и Пелистер. Првите средби ќе се одиграат на 1 март (среда) со почеток од 14:00 часот, додека реваншите се закажани за 19 април (среда) во истиот термин. Распоредот на средбите од полуфиналето на Купот на Македонија: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА БРЕГАЛНИЦА – ПЕЛИСТЕР

повеќе...

Македонија со ново „рекордно“ ниско место на најновата ФИФА рејтинг листа

Македонската фудбалска репрезентација по поразот од Албанија, забележа пад од -8 места и моментално се наоѓа на 146 место на најновата ФИФА рејтинг листа. Ова е нов „рекорд“ за нас, откако претходно оваа година (април и мај) нашата репрезентација беше на 141 место. На врвот од ФИФА рејтинг листа каде остана Аргентина и Белгија, додека пак на третото место се искачи Германија. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Боливија со скок од +35 места се искачи на 75 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Централноафриканската Република од -35 места и…

повеќе...

Објавен оглас за физиотерапевти во спортската академија

За ангажирање на ФИЗИОТЕРАПЕВТИ за работа со фудбалери во паралелките за фудбал во Спортската академија во паралелките во Тетово, Гостивар, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Штип и Велес. Конкурсот се објавува согласно член 15 од Законот за спортска академија и одредбите од Правилникот за посебни критериуми за ФИЗИОТЕРАПЕВТИ во спортска академија. – Во Тетово се бара 1 (еден) физиотерапевт; – Во Гостивар се бара 1 (еден) физиотерапевт; – Во Охрид се бара 1 (еден) физиотерапевт; – Во Битола се бара 1 (еден) физиотерапевт; – Во Прилеп се бара 1 (еден) физиотерапевт;…

повеќе...