Комплетирано 23 коло од Првата МФЛ

Денес се одиграа натпреварите од 23 коло од Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати: Ренова  3:0  Брегалница Шкендија  3:1  Шкупи Силекс  0:0  Работнички Турново 3:1  Младост Царев Двор Вардар  2:1  Металург По денешната победа Вардар останува на првото место со 58 бодови пред Шкендија на второто место со 53 бодови. WebOhrid

повеќе...

Одржано редовното Генерално собрание на ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија на денешното редовно Генерално собрание донесе одлука за измени на системот на натпреварување во националниот шампионат кои ќе стапат на сила од сезоната 2017/18. Првата лига, од сезона 2017/18 ќе биде со 10 екипи, како и актуелниот натпреварувачки систем, со таа разлика што сега ќе има четири циклуси и 36 првенствени натпревари за секоја екипа. Втората лига од сезоната 2017/18 ќе биде поделена во два региони (ИСТОК и ЗАПАД) со по 10 екипи и три циклуси (по 27 натпревари). Третата лига од сезоната 2017/18, место досегашните…

повеќе...

Одиграни натпреварите од 20 коло од Првата МФЛ

Денес се одиграа натпреварите од 20 коло од Првата Македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати: Брегалница  0:3  Шкендија Младост Царев Двор  0:1  Силекс Металург  1:2  Работнички Шкупи  1:0  Ренова Турново  0:1  Вардар Вардар и понатаму се наоѓа на првото место со 49 бодови, пред второпласираната Шкендија со 44 бодови. WebOhrid

повеќе...

Управниот одбор на ФФМ ја констатираше оставката на Скендеровски

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница ја констатираше оставката на селекторот на А футсал репрезентацијата на Македонија. „Причините за повлекувањето на досегашниот предводник Васко Скендеровски се од лична природа и поради презафатеност со повеќе професионални ангажмани.“ – информираат од ФФМ. Исто така, Управниот одбор на ФФМ го закажа редовното Генерално собрание на 5 март 2016 година во Скопје. WebOhrid

повеќе...

Македонија на 138 место на најновата ФИФА рејтинг листа

Фудбалската репрезентација на Македонија ја започнува новата 2016 година на 138 место на ФИФА рејтинг листата. Според најновата листа, Македонија забележа пад од -2 места и моментално е на 138 место од вкупно 209 репрезентации. Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листата, каде и понатаму останува Белгија, пред Аргентина на второто место и Шпанија на трето место. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Тајланд, со скок од +12 места се најде на 121 место, додека пак најголем пад од -45 места има репрезентацијата на Куба која се најде на 136…

повеќе...

Игор Ангеловски официјално именуван за селектор на фудбалската репрезентација

На денешната седница Управниот одбор на ФФМ донесе одлука досегашниот вршител на должност селектор на А репрезентацијата, Игор Ангеловски, да биде именуван за селектор на фудбалската репрезентација на Македонија. Покрај оваа одлука, на седницата на управниот одбор беа донесени и следните одлуки: – Беа усвоени извештаите од органите и телата на Фудбалската Федерација на Македонија од есенскиот дел од натпреварувачката сезона 2015/16; – Се усвои правилникот за лиценцирање на клубови за учество во натпреварувања во организација на УЕФА; – Беа донесени пропозициите за КУП натпреварувањето во мал фудбал; – Се…

повеќе...

ФК Вардар: Да не го видиме Ставрев повеќе на нашите натпревари!

Во врска со судењето на судијата Александар Ставрев на 1/4 финалниот натпревар од Купот на Македонија, управата на ФК Вардар објави соопштение во кое стои: „Како предводници и луѓе кои одвојуваат време и пари за доброто на Вардар, по вчерашното скандалозно делење на правдата на Александар Ставрев, јавно прашуваме кому му пречи ваков Вардар – организиран, квалитетен и со поглед кон Европа? Зошто некому сме му трн во окото и тоа откако успешно ги реализираме сите наши најавени проекти, пред сѐ кампот во Хиподром и Академијата во Градскиот парк. Се…

повеќе...

Одржани работни состаноци за Суперкупот 2017

Изминатата недела во „Куќата на фудбалот“ беа одржани два работни состаноци во врска со организацијата на СУПЕРКУП финалето на УЕФА 2017 година кое го организираме на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје. По одлука на Влада на Р.М. е формирано тело/работна група со претставници од Фудбалската федерација на Македонија, канцеларија на Влада на Република Македонија, Министерство за внатрешни работи, Министерство за финансии, органот во составот на Министерсто за финансии – Царинска управа на Република Македонија, Министерство за транспорт и врски, Министерство за правда, Министерство за економија, Министерство за здравство, АД…

повеќе...

Селекторот Ангеловски го објави списокот на играчи за натпреварите против Црна Гора и Либан

Предводникот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за пријателските пресметки против Црна Гора на 12 ноември и Либан на 17 ноември на националната арена „Филип Втори“. По објавувањето на списокот, селекторот Ангеловски на прес-конференција ги сподели очекувањата во пресрет на пријателските натпревари против Црна Гора и Либан. „Натпреварите против Црна Гора и Либан треба да претставуваат еден нов старт, проветка и подготовка за квалификацискиот циклус за Светското првенство 2018. Не отпишувам никого, вратата е отворена за секој фудбалер кој ке игра…

повеќе...

Потврден терминот за нов курс за УЕФА А тренерска Диплома

Центарот за Едукација на тренери при ФФМ ги информира тренерите кандидати кои се пријавени за курсот за добивање на УЕФА А Тренерска Диплома дека е потврден терминот на одржување на првиот од трите семинари од курсот и тоа: 13 – 17 Ноември 2015 год. во Спортскиот Центар на Хотел Истатов – Нов Дојран, со почеток во 12 часот. Термините за одржување на останатите два семинара од курсот ќе бидат договорени во координација со тренерите кандидати во оваа група. Од ФФМ ги информираат тренерите дека зголемувањето на бројот на семинари за…

повеќе...