Претседателот Иванов ќе учествува на Форумот Кран Монтана во Кралството Мароко

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од денес до петок ќе престојува во работна посета на Кралството Мароко, по повод учеството на Форумот Кран Монтана, придружуван од Министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции,  Бил Павлески. Предвидено е претседателот Иванов да се обрати на официјалната сесија на отворањето на Форумот Кран Монтана, што се одржува во градот Дакла. Главни теми на собирот се унапредувањето на дијалогот меѓу Африка, Магреб и Европа, политиката на соработка на Мароко, како и неопходноста од подобрување на климата за странски инвестиции и обезбедување на…

повеќе...

Министерот Ивановски на бизнис форум во Естонија за привлекување на странски инвестиции

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, од денес, 11-ти до 13-ти (петок), ќе биде во посета на Естонија, каде ќе учествува на бизнис форум во организација на Стопанската Комора на Естонија. Тој ќе има презентација пред информатички компании од Естонија, на која ќе ги претстави потенцијалните можности за инвестирање во Република Македонија, со фокус на ИТ секторот. Министерот Ивановски ќе посети и неколку естонски компании, кои работат во областа на информатичко-комуникациската технологија. Активностите се во рамките на владините роуд шоу активности за привлекување на странски инвестиции.

повеќе...

Арсовска Томовска на Светскиот инаугуративен форум за развој и здравје на жените во Њујорк

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, денес и утре ќе учествува на првиот Светски инаугуративен форум за развој и здравје на жените, кој се одржува во Њујорк. Таа ќе има свое обраќање на форумот како главен говорник и излагач на третата пленарна сесија на темата „Животен стил, медиуми и здравјето на жената“. На отворањето на Светскиот форум ќе се обрати и генералниот секретар на ООН, Бан Ки Мун. Инаку, настанот се одржува во седиштето на Обединетите Нации и е во заедничка организација помеѓу Меѓународната научна фондација при Кралската…

повеќе...

Пешевски, Самак и Мизо на бизнис-форум во Њујорк

Економска делегација, предводена од заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, во чиј состав се и министерот за привлекување странски инвестиции, Веле Самак и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо, учествуваше на бизнис – форум во Њујорк, каде беа презентирани поволните услови за водење бизнис во Република Македонија. За време на форумот, организиран во соработка со магазинот Форбс, вицепремиерот Пешевски ги истакна поволностите за водење бизнис, посочувајќи ја поволната деловна клима во земјата, притоа осврнувајќи се кон придобивките за странските компании, како што се најнискиот даночен…

повеќе...

Форумот на жени на СДСМ донира топла облека и обувки за социјално загрозените семејства

По повод Новогодишните и Божиќните празници Формот на жени на СДСМ традиционално ја организира хуманитарната акција „Дарувај од срце“. Топла облека и обувки се донираа во Црвениот крст со цел истите да бидат дистрибуирани до социјално загрозените семејства. „И оваа година даруваме со желба за среќа и доброто на секој поединец во општеството, неприкосновеност и почит на човечкото достоинство и интегритет. Голема благодарност до сите наши сограѓани кои зедоа учество во хуманитарната акција докажувајќи дека хуманоста го облагородува човекот, не познава граници, ги зближува луѓето.“-велат од Центарот за комуникации со јавноста ОО…

повеќе...

Утре во Приштина ќе се одржи Форум за Води

Утре во Приштина ќе се одржува Форум за Води организиран од страна на Регионалниот центар за животна средина за Централна и источна Европа (РЕЦ), преку иницијативата за безбедност и животна средина (Environment and Security Initiative – ENVSEC). На форумот Главни теми ќе бидат ефикасното управување со води посебно во прекуграничен аспект и еко дипломатијата и дипломатијата за води како носител на процесите во регионот на Југоисточна Европа. На темата еко-дипломатија и дипломатија за води панелист ќе биде Дејан Пановски од Билатералниот Секретаријат кој на Форумот ќе предава за искуствата со еко -дипломатијата околу…

повеќе...

Министерски форум „ЕУ-Западен Балкан“

„Државите се повеќе се загрижени за својата безбедност од феноменот на странски терористички борци. Несомнено справувањето со овој проблем наметнува сеопфатен пристап кој ќе обедини мерки за спречување на радикализацијата која води кон тероризам, пресекување на финансиската подршка на терористичките организации, енергична борба против насилниот екстремизам, како и промовирање на политичка и верска толеранција“. Ова, меѓу другото, го истакна министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска на министерскиот форум за внатрешни работи и за правда – “ЕУ- Западен Балкан“, што во органзиација на италијанското претседателство со ЕУ се одржува денес во…

повеќе...

Министерката Јанкулоска учесник на Форумот за правда и внатрешни работи во Белград

Утре 12.12 (петок) во Палата „Србија“ во Белград ќе се одржи Министерски форум за правда и внатрешни работи на „ЕУ-Западен Балкан“, на кој ќе учествува и министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска. На форумот ќе се разговара за борбата против тероризмот, организираниот криминал, трговијата со луѓе, визната либерализација, ИПА проектот за борбата против меѓународниот криминал, судските реформи, соработката во граѓанското и кривичното право, конфискација на имотите стекнати со криминал и човековите права со посебен фокус на жените и децата. Министерката Јанкулоска ќе има свои излагања на следните теми: „Борба…

повеќе...

Прв национален форум за Отворено владино партнерство

Во организација на Центарот за истражување и креирање на политики денеска се одржува Првиот национален форум за Отворено владино партнерство, на кој обраќање имаше министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски. Тој се осврна на активностите преземени во домен на Отвореното владино партнерство, како суштествен сегмент за поврзување на владата и бизнис заедницата и соработка со граѓанските организации. „Уште со првиот Акциски план Владата на Република Македонија направи седум заложби со мерки кои придонесуваат за отвореност, транспарентност и отчетност, како основни вредности од Декларацијата за отворено владино парнерство. Овој…

повеќе...

Премиерот Груевски ќе присуствува на Виенскиот економски форум на состанокот на Централно-европската иницијатива

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски денеска (понеделник, 24.11.2014 година) присуствуваше и се обрати на Виенскиот економски форум. Виенскиот економски форум е еден од најреномираните и најеминентни политичко економски настани кои што се одржуваат на европскиот континент, а на овогодишниот настан покрај македонскиот премиер присуствуваат и претседателот на Република Австрија г-дин Хајнц Фишер, австрискиот премиер г-дин Вернер Фајман, албанскиот премиер г-дин Еди Рама, црногорскиот премиер г-дин Мило Ѓукановиќ, вицепремиерот на Бугарија г-дин Томислав Дончев, претседателот на Европската банка за обнова и развој, г-дин Сума Чакрабарти и поголем…

повеќе...