На Табановце спречен шверц на 4,5 кг марихуана

Царинските службеници од Одделението за оперативни работи (мобилен тим) вчера, 22.12.2015 година, спречија обид за шверц на околу 4,5 кг марихуана. При детална контрола, извршена со помош на царинско куче, на Ауди А6 караван со албански регистарски ознаки, управувано од албански државјанин кој патувал заедно со својата сопруга и двете малолетни деца, во специјално направен бункер во долниот дел од автомобилот, зад задниот браник се пронајдени 3 пакувања наполнети со зелена тревкаста материја, за која по извршената проверка со тестер за дрога NIK е утврдено дека станува збор за марихуана…

повеќе...

Зголемен интензитетот на сообраќајот на патиштата низ државава

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица има задржување од 30 мин,а на граничниот премин Дојран има задржување од 15тина минути за излез од државата. Подолги задржувања има на грчкиот дел, при влез во Грција. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

повеќе...

Притворен албански државјанин поради фалсификување исправа

На 14-ти јуни околу 10,00 часот на Граничниот Премин Свети Наум-Охрид на влез во Република Македонија приведен е М.Д.(31) од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение дека неговата патна исправа и возачката дозвола се фалсификувани. Против истиот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, а од страна на Основен Суд-Охрид одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

повеќе...

Тројца грчки државјани спречени во обид да прокриумчарат 11 Ирачани и еден Сириец

Оделението за прекуграничен криминал миграција странци и реадмисија при РЦ за ГР “Југ“ поради постоење основано сомнение до надлежното ОЈО поднесе кривични пријави против тројца грчки државјани А.П.(40), К.Т.(34) и П.Р.(50), како и против непознато лице за сторени кривични дела – “криумчарење мигранти“ по член 418-б став 4, “загрозување на сигурноста“ предвидено и казниво по член 144 став 3 в.в. став 1 и “предизвикување општа опасност“ предвидено и казниво по член 288 став 1 од од КЗ на Р. Македонија. Имено, пријавените по претходен договор прифатиле и превезувале лица со…

повеќе...

Отворен заеднички Контакт центар на македонската и косовската гранична полиција

„Отворањето на заедничкикот Контакт центар е уште една потврда на одличните добрососедски односи меѓу Македонија и Косово и по неколкумесечното пробно работење денес само може да констатираме дека од технички апсект Контакт центарот одлично функционира, што значи дека полициските службеници од двете страни на границата заеднички во овие простори ќе можат да извршуваат задачи од доменот на своето работење, да разменуваат информации а се во функција на побрзо решавање на одредени спорни ситуации кои по природа можат да се јават на граничните премини“. Ова меѓу другото го изјави министерката за внатрешни…

повеќе...

Пронајдена дрога на Ќафасан, приведени тројца полски државјани, еден е во бегство

Во заедничка акциска контрола на царинската управа на Република Македонија и граничната полиција – регионален центар Запад, вчера на граничниот премин „Ќафасан“ беше пронајдена и одземена 1,6 килограми опојна дрога марихуана. Притоа, три лица – полски државјани се приведени, а еден полски државјанин е во бегство. Полските државјани беа детално контролирани при обид за влез во Република Македонија со нивното патничко моторно возило марка „Пежо“ со полски регистарски ознаки. При контролата, двајца од нив се упатиле кон тоалетот при што, во близина на контејнерите од џебовите извадиле и оставиле две…

повеќе...

Промотивен настан во рамките на проектот прекугранична соработка BORDER IN

На граничниот премин Богородица се одржа јавен промотивен настан „Road Show Event”, во рамките на ИПА Проектот за развој на гранична инфраструктура помеѓу Република Македонија и Република Грција – BORDER IN. Овој Проект беше реализиран во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2007-2013 од Инструментот за предпристапна помош (ИПА), и истиот беше финансиран од страна на Европската унија, со финансиско учество на Владата на Република Македонија. Активностите кои беа опфатени во рамките на овој Проект и се состоеја во реконструкција на административната зграда и…

повеќе...

Брзо и безбедно преку граница

Царинската управа на Република Македонија ги потсетува патниците кои имаат намера да ја преминуваат македонската граница за важечката царинска регулатива за патнички промет, со цел да се избегнат подолги задржувања на граничните премини и да се обезбеди брз и безбеден проток на патници и стока. Таканаречениот „зелен канал“, таму каде што постои, патниците можат да го користат само доколку не поседуваат стока која подлежи на плаќање увозни давачки. Во спротивно се користи „црвениот канал“, се пријавува сé што патникот носи со себе и во т.н. скратена царинска постапка се царини…

повеќе...

Запленети девет илјади килограми праски на граничен премин Богородица

Царинските службеници на граничниот премин Богородица, на 23.06.2014 година запленија 9.060 килограми непријавена стока – праски. На 23 јуни 2014 година, околу 23:15 часот на граничниот премин Богородица на влез во Република Македонија, за транзит се пријави товарно моторно возило влекач со ладилник со полски регистарски таблички, сопственост на превозната компанија од Република Полска, управувано од полски државјанин со иницијали Ј. Т. С. Возилото било натоварено со свежи праски и цреши од Република Грција, наменети за компанија увозник од Република Полска. По пристигнување на граничниот премин Богородица, осомничениот ги доставил…

повеќе...

Гранична полиција – респектабилна организациона единица во безбедносниот систем на МВР

Препознавајќи ја потребата од подобрување на систем на гранична безбедност, како и поради потребата од целосно имплементирање на ЕУ стандардите во областа на граничното работење Република Македонија, односно Министерството за внатрешни работи, пристапи кон крупни реформи во оваа сфера и воспоставување на модерен систем на интегрирано гранично управување, во кој еден од главните столбови е граничната полиција. Наедно развивањето на овој систем претставуваше и исполнување на дел од предусловите за пристапување во Европската Унија и во НАТО, а имаше значајна улога во овозможувањето на визна либерализација за граѓаните на Р.…

повеќе...