ФФРМ: Цената за „вранец“ 17 денари/кг и 16 денари/кг за „смедеревка“

Федерацијата на фармерите на Република Македонија преку својот секторски систем за лобирање во месец јули ја разгледуваше состобата со производството на грозје. Оваа година лозарството се соочува со голем проблем направен од пролетниот мраз на 22 април 2017 година кој уништи скоро 70% од овогодинешниот род. Имено според официјалните статистички податоци во Република Македонија 48000 индивидуални земјоделски стопанства егзистираат од проиводство на грозје и од вкупната обработлива површина во Републикка Македонија 5% се лозови насади, односно вкупно 23613 хектари се лозови насади, каде што најголем процент се наоѓаат во кавадаречкиот…

повеќе...

Ставрески: Извозот од зоните 1,062 милјарда евра

Растот на извозот се должи на подобрата конкурентност на македонското стопанство во однос на останатите економии, а тоа е секако одраз на политиките што ги водиме, пред се најниски даноци во Европа, привлекување странски инвестиции и овозможување и за домашните и странските бизнисмени да имаат добра бизнис клима. Тоа го оцени денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, коментирајќи ги податоците на Државниот завод за статистика за извозт во првите десет месеци од годинава. Според Ставрески, извозот од слободните економски зони од Македонија што достигна милијарда и 62 милиони…

повеќе...

Успешно завршени преговори за извоз на македонското јагне

Во периодот од 08-14 октомври 2014 година, во Република Македонија престојуваше делегација на Народна Република Кина предводена од Заменик генерален директор на Сектор за регистрација при Институтот за сертификација и акредитација, во чиј состав беа и Заменик директорот на Сектор за надзор на храна при Биро за гранична инспекција и карантин, и Генерален директор на Институт за инспекција и карантин. Цел на посетата беше техничка контрола, односно запознавање со системот за безбедност на храна од животинско потекло во Република Македонија, во делот на официјалните контроли од страна на Агенцијата за…

повеќе...

До мај извозот е 1,9 милијарди долари

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари – мај 2014 година изнесува 1 946 119 илјади САД долари, а на увозот 2 976 529 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 65.4%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај 2014 година, изнесува 1 030 410 илјади САД долари. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, феросилициумот, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично, за возила,…

повеќе...

ДЗС: Извозот на стоки во јануари изнесува 318.574 илјади долари

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во јануари 2014 година изнесува 318. 574 илјади САД долари, а на увозот 506 431 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 62.9%. Трговскиот дефицит, во јануари 2014 година, изнесува 187 857 илјади САД долари. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, феросилициумот, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи) и облеката. Во увозот најмногу се…

повеќе...

Груевски: Очекуваме да продолжи трендот на зголемување на извозот

Премиерот Никола Груевски очекува и годинава да продолжи трендот на намалување на трговскиот дефицит со зголемување на извозот и намалување на увозот во земјава, како што беше во минатата 2013 година. „ Според нашите анализи трендот ќе продолжи и оваа година. Добро е што минатата година заврши со пораст на извозот од 6,6 отсто, а увозот за 1,1 отсто што значи дека растот на извозот повеќе растел отколку растот на увозот,“– рече Груевски. Тој нагласи дека извозот е еден од стимулаторите на профитот, а профитот пак е еден од стимулаторите…

повеќе...

АД ЕМО потпиша договори за изработка и испорака на електроопрема на пазарот во Србија

Согласно преземените активности за настап на пазари надвор од Република Македонија деновиве АД ЕМО потпиша договори за изработка и испорака на електроопрема на пазарот во Република Србија.  „Договорите се однесувааат за изработка и испорака на дистрибутивни трансформатори за Електродистрибуција Београд во износ од 1.780.000,00 еур. и договор за изработка и испорака на расклопни апарати за Електропривреда на Република Србија во износ од  550.000,00 еур. Со потпишувањето на овие договори се реализираат претходно преземените активности за извоз на електроопрема, и се очекува во 2014 година да се реализираат и други договори…

повеќе...

Коњановски: До август годинава од извоз на мед остварени 600 илјади евра

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски денеска во Битола ја отвори традиционалната манифестација „Денови на македонското пчеларство“ со апел да се конзумира квалитетниот македонски мед. Според евиденцијата на Министерството, во Македонија има околу 4.400 пчеларници со повеќе од 183 илјади пчелни семејства кои заклучно со август годинава обезбедиле 600 илјади евра од извоз на мед. „Продолжува поддршката на Владата за производителите кои имаат над 35 пчелни семејства, а следната година за поддршка на македонските пчелари во буџетот се планирани околу два милиони евра. Исто така, од ИПАРД-програмата може…

повеќе...

Годишна конференција за поддршка на извозот

Извозот од Македонија годинава е зголемен за 5 проценти, а извозот кон земјите членки на Европската унија пораснал за 17,5 проценти, истакна министерот за економија Ваљон Сарачини на Конференцијата за поддршка на извозот насловена „Како до поголем извоз“. Традиционалната Годишна конференција ја организира Министерството за економија во соработка со стопанските комори и повеќе институции. „Целта на денешната конференција е преку дијалог со бизнис заедницата да разговараме за слабостите од минатата година, но и за тоа што не очекува во идниот период. Како Влада се трудиме да им дадеме поддршка на…

повеќе...