Уште една успешна генерација на „Јахја Кемал“

Педесет и осум матуранти од познатото приватно училиште „Јахја Кемал“ ги добија завршните дипломи. Тие, своето школување ќе го продолжат на различни страни. Задоволни од училиштето се матурантите кои посебно го нагласуваат и стекнатото другарство и меѓусебно пријателство, а задоволни се и наставниците и раководителите со секоја новоизлезена завршна генерација. Од училиштето велат дека се горди на секоја успешна генерација од која бројни членови завршуваат на познатите македонски, но и светски универзитети од каде се враќаат како високо стручни капацитети подигнувајќи ја цената на трудот и на домашниот пазар. WebOhrid им…

повеќе...

Продолжуваат успесите на учениците од „Јахја Кемал“

Учениците од Колеџот „Јахја Кемал“ од Струга продолжуваат да нижат успеси. Софија Димоска (физика), Сања Симоновиќ (математика) и Никола Грунчевски (математика) беа избрани за Државниот тим на Светската олимпијада. Ученикот Никола Грунчевски доби бронза, додека пак Сања Симоновиќ доби признание од Балканската математичка олимпијада. WebOhrid

повеќе...

Ученици од „Јахја Кемал“ на тридневна екскурзија во Истанбул

Деветтоодделенците од познатото основно училиште „Јахја Кемал“ од Струга, заедно со своите наставници ја реализираа традиционалната генерациска екскурзија во Истанбул, Република Турција. Во рамките на тридневната екскурзија беа посетени речиси сите позначајни места од каде со фантастично-возбудливи и незаборавни спомени се враќаат и учениците и наставниците кои уживале во убавините на некогашниот Стамбол и уште додаваат: -Навистина беше фантастично! WebOhrid им верува и на фотографиите кои ни ги доставија -проследете ги! WebOhrid

повеќе...

Награди за најдобрите на натпреварите во „Јахја Кемал“

Учениците од Колеџот „Јахја Кемал“ – Струга, изминатиот период учествуваа на повеќе натпреварувања, со што се закитија со многубројни награди и признанија. Тие се натпреваруваа во читање (март-април), био модел натпревар, фото натпревар по екологија, натпревар по македонски јазик, натпревар во хербариум, натпревар по албански јазик, натпревар во експерименти, натпревар во карикатури, турска олимпијада, натпревар по мајчин јазик (8-ми март), натпревар по читање (февруари), турнир во фудбалче, турнир во пинг-понг. Директорот Исмаил Ердил на најдобите ученици им врачи подароци, медали и сертификати. Од „Јахја Кемал“  упатуваат честитки до нивните ученици и им…

повеќе...

Меѓународниот ден на танцот одбележан во „Јахја Кемал“

Меѓународниот ден на танцот, 29-ти април, денес беше одбележан и во Колеџот „Јахја Кемал“ – Струга. Наставниците и учениците од „Јахја Кемал“, точно во 11:00 часот, со танц во дворот од Колеџот,  му се приклучија на светот во прославувањето на овој Ден.

повеќе...

Ученици од „Јахја Кемал“ освоија бронзен медал на Меѓународна научна олимпијада

Учениците Имран Селимоска и Севги Тале од Колеџот „Јахја Кемал“ – Струга,  освоија бронзен медал на Меѓународната научна олимпијада, која се одржа викендот.

повеќе...

„Јахја Кемал“ организираше екскурзија за победниците на натпреварите по англиски, физика и математика

Колеџот „Јахја Кемал“ од Струга, вчера организираше екскурзија до Тетово и Скопје. Екскурзијата беше наменета за победниците на натпреварите по англиски, физика и математика, односно за учениците од други училишта кои учествуваа на овие натпреварувања, информираат од YKS Струга.

повеќе...

Учениците од „Јахја Кемал“ меѓу најдобрите македонисти

Учениците од Колеџот „Јахја Кемал“, Емел Туфекчиоска и Тамара Карчевска го положија Регионалниот тест по македонски јазик и обезбедија учество на Државниот натпревар по македонски јазик.

повеќе...