Заев: Ќе ги искористиме сите механизми да спречеме изборна корупција

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денес одржа прес-конференција, на која истакна: „Социјалдемократскиот сојуз на Македонија продолжува да ги штити интересите на граѓаните, на идните генерации и на Република Македонија. Ќе ги искористиме сите законски и демократски механизми за да спречиме изборна корупција, залоупотреба на парите на граѓаните за изборни цели и ново задолжување на граѓаните. Откако призна пораз на сите политики во изминатите 10 години, Никола Груевски, пред заминување од премиерската позиција, сака да ги задолжи граѓаните со нови 100 милиони евра на домашниот пазар. Иако пред неколку дена ја…

повеќе...

Охрид домаќин на конференцијата „Adventure next Balkan 2016“

Работните групи на Секторот за туризам од швајцарската „IME“ програма и Секторот за туризам од општина Охрид, денеска одржаа состанок на кој учествуваа: Пјетро Бертиели, професор по менаџмент со специјални фокус групи во туризмот на Универзитетот „St. Gallen“ од Швајцарија, Ангел Јанев, заменик градоначалник на општина Охрид и Габриела Крешини, фокус лице за туризам на „СВИС Контакт“ од Швајцарија. На состанокот беше утврдена методологијата за управување со туристичка дестинација по која што ќе се развива Охрид со поддршка на „IME“ програмата. Исто така беа посочени проблемите во областа на авантуристичкиот…

повеќе...

Министерот Адеми присуствуваше на конференцијата „Младинско претприемништво во регионот на Западен Балкан“

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, денеска присуствуваше на регионалната конференција „Младинско претприемништво во регионот на Западен Балкан“, која се реализира во рамките на проектот „Поттикнување на младинско претприемништво во Западен Балкан“, со кој раководи канцеларијата на Британскиот совет во Република Македонија. Адеми истакна дека претприемничкото образование зазема значајно место помеѓу приоритетите на Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука. Развивањето на претприемничкиот дух кај младите е повеќе од неопходно почнувајќи од образованиот систем и понатаму во контекст на доживотното учење. „Креативноста и иновативноста се потребни…

повеќе...

Спасовски: „Наша должност и обврска е унапредувањето на системот на кризен менаџмент“

„Република Македонија, нејзините институции, вклучително и Министерството за внатрешни работи, како една од важните алки во концептот на кризен менаџмент, имаат должност и обврска, како пред своите граѓани, така и во поглед на своите меѓународни пријатели и партнери крајно совесно и одговорно да пристапуваат кон развојот и унпаредувањето на овој безбедносен сегмент.“ Ова, меѓу другото, го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на отворањето на Меѓународната конфернција – „Кризен менаџмент: предизвици и перспективи“, што во организација на Центарот за управување со кризи на РМ и американската амбасада во земјава се…

повеќе...

Македонија домаќин на првата меѓународна конференција на MediPIET

Институтот за јавно здравје на Република Македонија е домаќин на првата меѓународна конференција на MediPIET (Медитеранска програма за интервентна епидемиологија), како активен член во проектот, подржан од Европска Унија, под научно водство на ЕЦДЦ (Европскицентар за контрола и превенција на болести). Организатор на овој проект е Институт за здравје Карлос III, од Шпанија. Конференцијата на која ќе присуствуваат Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Аиво Орав, високи претставници на FIIAPP-ISCIII (Институт за јавно здравје КарлосIII – Шпанија) и Европскиот Центар за контрола и превенција на заразни болетси, претставник…

повеќе...

Олеснување кај матичните лекари – побрза реализација на превенцијата Размена на податоци за резултати од лаборатории ЛУ 1 по електронски пат

Воведување на превенција за кардиолошки, нефролошки болести и дијабетес кај матичните лекари е со цел да се придонесе кон намалување на бројот на идни пациенти заболени од овие болести, односно да се преземат сите превентивни активности за оваа ризична група на осигуреници да не ги развие овие заболувања и да се влијае на намалување на пациенти кои ќе завршат на дијализа, инсулинска терапија, како и да има помалку пациенти со срцеви и мозочни удари. За стимулирање на оваа активност секој матичен лекар преку Фондот добива 20% од капитацијата секој месец.…

повеќе...

Заменик претседателката на СДСМ, Шекеринска учествува на регионална конференција во Белград

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска учествува на Регионалната конференција за Западен Балкан, во организација на Партијата на европски социјалисти, што од вчера се одржува во Белград, Република Србија. Конференцијата ја отвори претседателот на ПЕС, Сергеј Станишев а посветена е на европската перспектива на регионот и предизвиците со коишто се соочува Западен Балкан. Денеска, заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска ќе говори на дебатата „Кон солидарност преку дијалог“, во рамки на оваа конференција.

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески учествува на конференцијата „Единство во различноста“ во Фиренца

Градоначалникот Никола Бакрачески и претседателката на Советот на град Охрид, Гордана Коњаноска учествуваат на меѓународна конференција „Единство во различноста“ што од вчера до 8-ми ноември се одржува во Фиренца – Италија. Целта на овој меѓународен настан е да се изгради мрежа што ќе се фокусира на спасување на културното наследство и идентитетот во различни области погодени од војни, политички или економски кризи. На трибината во домот при градското собрание во Фиренца ,каде бројни претставници од меѓународната политичка сцена разменуваат искуства и ставови за критички прашања, градоначалникот Бакрачески истакна дека нашава…

повеќе...

Завршна конференција за проектот за зајакнување на капацитетите во затворите

Завршна презентација на главните достигнувања и постигнати резултати на проектот „Изградба на капацитетите на агенциите за спроведување на законот за соодветен третман на притворените и осудените лица“, финансиран од ЕУ и спроведуван од Советот на Европа, се одржа денеска во Скопје. Проектот е фокусиран на две главни компоненти – казнениот систем и полицијата и има за цел зајакнување на организациските и раководните капацитети на затворите за да се обезбеди целосна заштита на човековите права во односот со притворените и осудените лица. Во однос на полицијата со проектот треба да се…

повеќе...

Ристовски присуствуваше на седмата Меѓународна конференција за човечки ресурси

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски присуствуваше на седмата Меѓународна конференција за човечки ресурси. Годинешната тема на конференцијата во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси е насловена „Искуство и иновативност“. Поздравувајќи ги учесниците на конференцијата, Ристовски истакна дека развојот и унапредувањето на човечкиот капитал, како најважен ресурс за придвижување на една организација, е основа за креирање на стратешките политики во многу области. „Од исклучително значење денеска е поврзаноста на инвестициите и развојот на човечките ресурси и нивно поврзување со иновациите – област во која ние како Влада…

повеќе...