Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Тилевски, најави реконструкција на градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ и плоштадот кај Чинарот. Како што рече на денешната прес конференција, квалитетни и препознатливи градби како и напредни услуги за граѓаните се неопходен чекор за создавање и одржување на растот и развојот на Охрид. „ВМРО-ДПМНЕ не застанува, како што не застана и претходните години. Продолжуваме со исто темпо, помотивирани и посветени, остануваме на патот Охрид да го направиме квалитетно место за живеење со светла иднина за охриѓани. Новите два проекта: Реконструкција на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ и…
повеќе...Tag: конференција
Тунтев: Планираме гасификација на Охрид
Домашниот буџет на секој охриѓанец е оптоварен со големи трошоци за електрична енергија за загревање на своите домови. Ние ќе ставиме крај на тоа бидејќи планираме гасификација на Охрид, рече на денешната прес-конференција пратеникот од СДСМ, Томислав Тунтев. „Со гасификацијата на Охрид, придонесуваме за намалување на огромните сметки за електрична енергија, со што секој граѓанин заштедува значителни средства во семејниот буџет. За здрава животна околина, пониски трошоци и економски развој на општината ќе донесеме гас до секое училиште, амбуланта, детска градинка, институција, до фирмите и до секое домаќинство во Охрид.…
повеќе...Тилевски: Градскиот Кеј ќе биде нов лик на градот, модерно шеталиште
Кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Тилевски денес одржа прес-конференција, на која го најави новиот проект „Изградба на Кеј“. „Нашиот долг и наша обврска е да продолжиме Охрид да го градиме и да биде уште попозната туристичка дестинација. Целта ќе биде забрзан развој на инфраструктурниот и туристичкиот сектор. Градскиот кеј како најрепрезентативно и најпосакувано место во градот, во моментов се наоѓа во лоша состојба и со сериозно нарушена статика.“– изјави Тилевски. Како што кажа Тилевски, проектот опфаќа реконструкција, санација и уредување на Градскиот кеј, да се изврши…
повеќе...Стефаноска: Образованието е клучен фактор за напредокот на градот Охрид
Кандидатката за советник од ВМРО-ДПМНЕ Охрид, д-р Снежана Стефаноска, денес одржа прес-конференција, на која го презентираше проектот „Реконструкција или доуредување на градинки, Основни и средни училишта“. „Образованието е клучен фактор за напредокот на градот Охрид. Знаењето е сила, знањето е моќ. Вложувањата во образованието се вложувања во иднината на нашите деца и нивно формирање како здрави личности, кои ќе бидат подготвени за современите предизвици на животот. Изминатите 4 години покажавме максимална посветеност кон унапредувањето и развојот на образованието како и подобрување на образовната инфраструктура: реконструкција на училиштен објект ОУ „Григор Прличев“, реконструкција на објектот (фасада,…
повеќе...Трајкоски ги презентираше проектите од новата Програма од областа на партерното уредување
Кандидатот за градоначалник на Општина Дебрца од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Трајкоски денес одржа прес-конференција, во с.Велмеј пред реконструираната чешма. Тој ги презентираше досега реализираните проекти од областа на партерното уредување, како и проектите од новата програма кои ќе бидат реализирани во новиот мандат од областа на партерното уредување. „ВМРО ДПМНЕ практицира, ветување, реализација, отчетност, а токму ваквата пракса е кристално јасна и видлива во изминативе четири години. Нашите ветувања ќе продолжат, но докажавме дека тоа никогаш не биле празни зборови туку зборови кои преминале во реализирани проекти. За развојот на Дебрца…
повеќе...Булоски: Да создадеме услови за никој повеќе да не размислува да го напушта родното огниште
Кандидатот за советник од СДСМ и Коалицијата, Ристе Булоски, денес на градското пристаниште одржа прес конференција, на која потенцира дека младите се движечката сила, енергијата, истрајноста и желбата. „Нашата цел е ние да останеме тука, а нашата мисија е да создадеме услови за никој повеќе да не размислува да го напушта родното огниште. Ниту една мајка да не пролее солзи по своето чедо од каде го испраќа на аеродромот. Младите имаат потреба од вработување, а ние ќе им ја дадеме нашата поддршка во тој процес.“– истакна Булоски. Тој рече дека дополнитено даваат…
повеќе...Пецаков: Подобрување на условите за спортување, натпреварување и рекреирање
Носителот на листата за советници од ВМРО-ДПМНЕ Охрид, д-р Кирил Пецаков денес одржа прес-конференција, на која го најави новиот проект „Трибина и соблекувални на Билјанини извори“. Како што кажа тој, со реализација на проектите од областа на спортот и спортската инфраструктура, ќе се придонесе за подобрување на условите за спортување, натпреварување и рекреирање на сите граѓани. „Постојната трибина на фудбалскиот стадион со реконструкција ќе прерасне во современа трибина. Во рамките на трибината ќе има четири соблекувални, просторија за Атлетски клуб Охрид, и просторија на Општински фудбалски сојуз Охрид. Секогаш младите, младите, младите.…
повеќе...Мацеска: Граѓаните многу добро знаат дека Општина Дебрца е подеднакво услужлива кон сите
ОИШ ВМРО-ДПМНЕ Дебрца денес одржа прес конференција, на која говореше носителот на советничката листа Моника Мацеска. „Паднаа маските и се покажаа вистинските лица на кандидатите за градоначалници од редовите на СДС. Најдобар пример е нашата Општина Дебрца каде што кандидатот за Градоначалник г-дин Зоран Ногачески се декларира како противник на стотина реализирани проекти во интерес на граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Г-не Ногачески, дали се борите против подобрување на животот во Општина Дебрца? Дали се борите против проектите кои на нашите Дебрчани им го олеснува секојдневното живеење? Реализацијата на проектите од…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Охрид секогаш ќе биде лулка на ВМРО-ДПМНЕ и стожерот на Македонија
Во просториите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид денес се одржа прес-конференција, на која говореа кандидатот за градоначалник д-р Митко Тилевски и носителот на советничката листа д-р Кирил Пецаков. „Заедно со останатите советници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата застанувам гордо пред вас со остварлива визија и цел за Охрид со работа, дела и отчетност да се внесе во Новата Ера, гордо и достоинствено. За нас најважната работа е дадениот збор. Во изминатите четири години неуморно се реализираа најголем број проекти за кои дадовме збор, максимално се вложивме за изградба на Охрид како современа општина.…
повеќе...Охрид од утре домаќин на третата Меѓународна конференција „Квалитет и компетентност 2017“
Oд утре до 16 септември во Охрид ќе се одржува третата Меѓународна конференција „Квалитет и компетентност 2017“ во организација на македонското Здружение на лаборатории и инспекциски тела МАКЛАБ и Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ). Конференцијата се организира со цел промоција и унапредување на развојот, квалитетот и компетентноста на лабораториите и инспекциските тела во Р.Македонија кои како чинители на инфраструктурата за квалитет со своите испитувања и тестирања придонесуваат за подобрување на квалитетот на работна и животна средина, како и целокупното живеење. На конференцијата свои обраќања ќе имаат м-р Магдалена…
повеќе...