Во просториите на ОО на СДСМ Охрид денес се одржа прес конференција, на која зборуваше портпаролот, Александар Кузески. „Обидот на ДПМНЕ се‘ уште да игра на картата – кратко памтење на народот – веќе не пали. Ги научи народот нивните провидни обиди да глумат спасители и градители, да си се фалат самите со скапите реклами платени со парите од народот, а всушност ништо да не прават за тој ист народ и само да ја дефокусираат јавноста од нивната катастрофална економска политика. Охриѓани тоа најдобро го знаат и го чувствуваат секој…
повеќе...Tag: конференција
Николоски: Работејќи ја Програмата за 2014–2018 година главен акцент е ставен на политиките кои што се однесуваат на младите
Кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Александар Николоски, денес на прес-конференција презентираше делови од програмата на ВМРО-ДПМНЕ кои што се однесуваат на младите, како и други проекти од изборната програма. Како што кажа Николоски, работејќи ја Програмата за 2014 – 2018 година главен акцент е ставен на политиките кои што се однесуваат на младите, заради тоа што сметаат дека постои една огромна креативност и енергија во нив која што треба да се искористи и додаде дека во исто време овие генерации коишто доаѓаат се генерации кои се веќе родени…
повеќе...Заев: Груевски дали ти лично си земал 1,5 милиони евра кеш?
Претседателот на Социјаледемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев на денешната прес – конференција рече дека, како што ветил, до крај ќе го разобличат кој е главниот креатор на криминалите во Република Македонија. Тој дирекно го праша премиерот Никола Груевски дали од познат бизнисмен зел 1,5 милиони евра. „Објавувавме во изминатиот период многу финансиски афери за кои институциите молчат и непостапуваат. Чекаат македонската јавност да заборави, додека институциите наводно работеле. Сите тие афери водеа кон врвот на власта, кон најблиските луѓе на Груевски, но пропагандната машинерија секогаш успеваше да го држи…
повеќе...Костоски: Ако сакате да ја доживеете демократијата гласајте за ВМРО-НП
Претседателот и носител на пратеничката листа на ВМРО-НП Охрид, Ванчо Костоски на денешната прес конференција се обрати до како што рече, десно ориентираните гласачи во Република Македонија, оние кои што би го дале гласот за ВМРО – Народна партија или за ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа и до сите граѓани на општина Охрид. „Би сакале да направиме една разлика меѓу програмите на Народна партија и на ДПМНЕ, односно онаа нивна реална програма и состојба во Р.Македонија, а не онаа која што ја прикажуваат во бајките на нивните реклами, скапо платени реклами од буџетот на Р.Македонија,…
повеќе...Костеска: Градинките под раководство на поранешната власт беа доведени во катастрофална состојба
ВМРО ДПМНЕ има морална обврска кон своите граѓани и пошироката јавност за изнесување на неколку од многуте факти кои сведочат за негрижата на претходната локална власт предводена од СДСМ во која Томислав Тунтев ја имаше функцијата на заменик градоначалник, рече на денешната прес конференција, директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, Розе Костеска. „Еден од тие факти е недомаќинското раководење со градинката, а со тоа и за негрижата за најмладата генерација која всушност преставува иднината на нашиот град. Во т.н мрачен период на Охрид покрај многуте сфери кои доживееја своевиден колапс, истиот ефект…
повеќе...Танасоски: Победа се честита кога е освоена во фер борба
Кандидатот за пратеник на СДСМ Охрид, Ѓоко Танасоски, денешната прес конференција ја започна со одговор на текстот објавен во локалните медиуми, за тоа дека СДСМ не им ја честитал победата на Иванов и ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг од претседателските избори. Танасоски рече победа се честита кога е освоена во фер борба. „Во име на прогресивни идеи, кога е постигната на чесен начин, кога има почит меѓу спротиставените страни за ставовите и правата и на неистомислениците. Но секако не, ако голем дел од нив лесно се откажале од своето мислење заради…
повеќе...Целосно ќе се реконструира специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид денес одржа прес-конференција пред специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“, посветена на дел од градежните зафати во делот на реконструкција и адаптација на болницата, како и изградба на еден дел во кој ќе биде сместен Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид. „Болницата е повеќе од регионален центар и се изведуваат најсложени операции, и во идната програма како проект е целосна реконструкција на специјалната болница „Св.Еразмо“ од Охрид. Ќе имаме две фази, во првата фаза е предвидено реновирање на централната стара болничка зграда, реорганизирање на амбулантите,…
повеќе...Тунтев: Во наредните две недели граѓаните ќе ги сфатат реалните состојби и ќе ја прифатат изборната програма на СДСМ и на Пендаровски
ОО на СДСМ од Охрид ја изразува својата благодарност до сите граѓани на Охрид, кои вчера излегоа на гласање во првиот круг на претседателските избори и го остварија своето уставно право и должност. „Охриѓани, како и многупати до сега, уште еднаш на дело го покажаа својот полн демократски капацитет и висока политичка култура. Посебно ја изразуваме нашата благодарност до повеќе од 11.300 граѓани од Охрид, или повеќе од 37% од нашите сограѓани што излегоа вчера на гласање, кои својата доверба ја дадоа за кандидатот за претседател на СДСМ, проф. д-р…
повеќе...Заев: Ова не е волјата на народот, ќе го разберат тоа на 27-ми април
Резултатот од првиот круг за избор на претседател на Република Македонија не е воопшто очекуван ниту од нас како опозиција, ниту според наше верување од мнозинството граѓани на нашата земја, рече синоќа на прес конференција, претседателот на СДСМ Зоран Заев. „Во изминатиот период бевме сведоци на масовна поддршка на опозицијата и нашиот кандидат за претседател на државата. ВМРО-ДПМНЕ исплашена од губењето на власта, преку системска кражба на гласови во деновите пред и на денот на изборите ја спречи волјата на граѓаните. Крајниот резултат е нов удар врз кревката демократија во Македонија. Но,…
повеќе...Охрид ќе биде домаќин на светската туристичка бизнис елита
По повод големата Конференција за туризам што од 10 до 12 септември ќе се одржува во Охрид и Скопје ,а чиј покровител е Премиерот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски и Генералниот секретаријат на Светската туристичка организација, денес градоначалникот Никола Бакрачески оствари работна средба со регионалниот директор за Европа на Светската туристичка организација UNWTO, Изабел Гарања. На средбата директорката Гарања го информира градоначалникот Бакрачески за суштината и важноста на Конференцијата за туризам која што покрај туристички и економски има и силен политички дел. Притоа градоначалникот Бакрачески го изрази…
повеќе...