Општина Охрид доделува бесплатни курсеви за 20 невработени охриѓани

Со цел стимулирање на социјалната интеграција и побрзо вклучување на пазарот на трудот, општина Охрид доделува бесплатни курсеви за 20 невработени лица од Охрид за заварувачи, готвачи и машинисти- фини подесувачи на машини . За таа намена од својот буџет општина Охрид издвои 128 000 денари со што покажа дека во континуитет ја реализира обемната социјална политика. Изборот на струките и професиите за кои се наменети курсевите е определен по претходно направено анкетно истражувања во 25 фирми во Охрид, кои покажале дека најмногу потреба имаат од горенаведените профили. Бесплатни курсеви…

повеќе...

Конкурс за бесплатни курсеви: заварувачи, готвачи, шивачи и машинисти-фини подесувачи на машини за невработени лица од Општина Охрид

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 34 од Статутот на Општина Охрид (Сл. гласник на Општина Охрид бр. 8/07 и 1/08), Градоначалникот на Општина Охрид објавува                                                                                          КОНКУРС      …

повеќе...

Презентирани резултатите од Конкурсот за откуп на драмски текстови

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска на прес-конференција, на која ги презентираше резултатите од Конкурсот за откуп на драмски текстови, кој Министерството го објави на 30 септември минатата година, рече дека на Конкурсот пристигнале 51 драмски текст од реномирани македонски автори, но и од млади писатели кои се дебитанти или се сѐ уште недоволно афирмирани на македонската театарска сцена. На изборот на текстовите работеше Комисија за откуп на драмски текстови во состав: Јордан Плевнеш (претседател) и Петар Темелковски, Синиша Евтимов и Илбер Муртези (членови). Министерката Канческа-Милевска посочи дека најновиот Конкурс…

повеќе...

ОУ „Братство Единство“ распиша конкурс за поезија за ученици и за сите повозрасни творци

По повод 24-ти мај, Денот на македонските просветители Светите „Кирил и Методиј“ и 25-ти мај патрониот празник на ОУ „Братство Единство“, Охрид,  училиштето распишува конкурс (отворен од денот на објавувањето до 12-ти мај) за поезија во две категории: за ученици од основно образование и за ученици од средно и високо образование, воедно и за сите повозрасни творци. За секоја категорија ќе се доделат прва, втора и трета награда. „Наградите ќе бидат книги – подарок на ОУ – „Братство Единство“, заради одличната соработка што ја имаме со издавачката куќа МАКАВЕЈ – Скопје.…

повеќе...

Конкурс за доделување на државната награда „8 Септември“ во 2015 година

Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ врз основа на членoт 24 од Правилникот за работа на Одборот за доделување на наградата „8 Септември“ бр. 08-721/1 од 20.03.2013 година, распишува: К О Н К У Р С за доделување на државната награда „8 Септември“ во 2015 година Со државната наградата „8 Септември“ се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот. Во една година можат да се доделат најмногу до пет награди, од кои една награда е за животно дело за исклучителен придонес…

повеќе...

Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2015/2016 година во Република Македонија

Во согласност со член 42 од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 103/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14 и 10/15) и Законот за стручно образование и обука („Службен весник на Република Македонија” број 71/06, 117/08, 148/09, 17/11, 24/13, 137/13 и 41/14) запишувањето ученици во јавните средни училишта се врши по пат на Конкурс кој го објавува Министерството за образование и наука во средствата за јавно…

повеќе...

Конкурс за организатор на финалниот турнир во Кошаркарскиот Куп на Македонија 2015

Согласно член 1.9.3 од Правилникот за Куп натпреварувања, МКФ ги поканува сите заинтересирани правни и физички лица на јавна лицитација за организатор на Финалниот турнир на Кошаркарскиот Куп на Македонија, што ќе се одржи на 29.01.2015 година во просториите на МКФ. Почетната сума за организација на Купот во машка конкуренција изнесува 400.000 денари. Заинтересираните учесници на лицитацијата треба да уплатат 10% од почетната сума до почетокот на лицитацијата на жиро сметка или во готово во канцеларијата на МКФ. Финалниот турнир (Фајнл Фор) во машка конкуренција ќе се одржи на 20 и…

повеќе...

Избрани најдобрите карикатури од конкурсот за карикатура „Поплава, поплава“

По повод Меѓународниот конкурс за карикатура, жири комисијата на Меѓународната културно-научна манифестација „Печалбарски денови“ и Вевчанското културно лето „ВЕВКУЛ 2015“ ги разгледа сите пристигнати карикатури кои беа преку стотина и по неколкуте состаноци ја донесе следната одлука: – Златна Маска се доделува на Захра Кадем Шаријат од Иран, – Сребрена Маска се доделува на Луис Пол од Австралија и Маргарита Јанчева од Бугарија и – Бронзена Маска се доделува на Рикардно Фереира од Португалија, Семеренко Владимир од Русија и Дору Ахинта од Романија. Жири комисијата оценува дека сите пристигнати карикарури…

повеќе...

Деветнаесет награди на вториот конкурс за создавање на класична музика

Деветнаесет награди со износ од 3.515.000 денари се доделени на вториот конкурсен рок за 2014 година за нарачка на дела од областа на класичната музика. На конкурсот за стимулација на творештвото од областа на класичната музика до Министерството биле поднесени 36 апликации за девет различни категории од кои само една не ги исполнила условите. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска на прес-конференција на која ги соопшти резултатите од конкурсот, рече дека се доделени 10 први награди со износ од 2.830.000 денари, седум втори награди со износ од 555.000 денари и…

повеќе...

Распишан Конкурс за субвенционирање на трошоците за користење на спортски терени на ЈП „Билјанини Извори“

Општина Охрид распиша Конкурс за прибирање на барања за користење на средства од буџетот на општина Охрид преку субвенционирање на трошоци за користење на спортските терени на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид. Целта на оваа одлука е поттикнување на масовниот спорт и спортот воопшто, поттикнување на здравјето на граѓаните, комуникацијата, соработката и тимската работа како и создавање услови за живеење на младите кои претставуваат движечка сила и промотор на новите вредности. На конкурсот можат да аплицираат Здруженија на граѓани и Акционерски друштва или друг облик согласно законската регулатива. Условите кои…

повеќе...