Вчера и денес во Охрид, повеќе организациони единици при Министерството за внатршни работи ја изведоа националната вежба за превенција од тероризам насловена „Галеб 2013“, чија што денешна финална фаза ја проследи и министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска. Вежбата којашто беше организирана во рамки на активностите предвидено со Акциониот план на Националната стратегија за борба против тероризмот, се одвиваше според сценарио кое беше замислено како терористички акт на група на џихадисити кои учествувале во борбите во Сирија и кои грабнуваат брод со ВИП гости на Охридското езеро со намера…
повеќе...Tag: криминал
Жител од Поградец извршил кражби во „Охридско Лето“
Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дело „Кражба“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(20) од Поградец Република Албанија. Истражен судија му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Пријавениот на 24-ти Јули оваа година, од просториите на „Охридско Лето“ бесправно одзел еден фотоапарат „Никон“. Тој, на 10-ти Август годинава извршил уште една кражба од „Охридско Лето“ при што одзел еден лап-топ компјутер со дополнителна компјутерска опрема како и неколку стикови. Двете кражби пријавениот Д.Р. ги извршил од канцеларијата на програмскиот сектор на фестивалот „Охридско лето“…
повеќе...Семејството, па дури и малолетната ќерка, му биле „параван“ и ги заглавил во шверц со хероин
Министерството за внатрешни работи, во содејство со Царинската Управа на Р.Македонија, вчера, пресече меѓународен канал на недозволена трговија со хероин на релација од Р.Турција преку Р.Грција и Р.Македонија со крајна дестинација западно европските земји, при што се запленети 2 кг и 430гр високо квалитетен хероин, а од слобода се лишени две лица. Вредноста на наркотичната дрога хероин доколку би се продал на нарко-пазарот во Западна Европа би достигнала цена од околу 300.000 евра. При преземени координирани мерки и активности на вчера (31.08.), околу 12,30 часот, на ГП „Богородица“ при влез…
повеќе...Кривична пријава за пронајдена дрога кај продавач на пазар
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.М.(38) од Охрид за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При извршен претрес во домот на пријавениот, како и на тезга лоцирана на градскиот пазар во Охрид каде пријавениот работел се пронајдени 5,3 грама наркотична дрога марихуана, 0,4 грама мешавина од тутун и марихуана и 1,8 грама гранчиња и семки од растението канабис сатива.
повеќе...Приведени 3 лица за сторено дело „Тешка телесна повреда“
Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дело „Тешка телесна повреда“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Р.(35) од Охрид како и против Џ.Х.(25) и А.Х.(22) двајцата од Тетово. Пријавените, синоќа околу 21 часот и 50 минути пред кафетеријата „Славица“ во Охрид започнале вербална расправија со Р.А. (24) од Струга по што и физички го нападнале. Тие му задале повеќе удари со раце и нозе по целото тело и го собориле на плочникот. Тука продолжиле да го удираат по главата од што Р.А. се здобил со тешки телесни…
повеќе...Купиле килограм марихуана и тргнале да ја носат во Охрид
Завчеравечер (20.08) околу 23 часот, во непосредна близина на клучката за тетовското село Групчин, службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај-Автопатна Тетово запреле патничко возило „БМВ“ со скопски регистерски таблици, што го управувал 21-годишниот Ф.И од Студеничани. При контрола на возилото, во кое биле уште две лица, Д.С (33) и С.П (23) од Скопје, под совозачкото седиште, пронајден е ранец во кој имало непозната тревкаста материја, завиткана во најлонска фолија. Пронајдениот ранец бил сопственост на Д.С, кој заедно со возачот и сопатничката С.П набрзо биле приведени и задржани…
повеќе...Јанкулоска: Обезбедени докази за 10 лица од Македонски пошти
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска не исклучи можност за проширување на истрагата во врска со кражбата во Македонски пошти доколку за тоа се обезбедат дополнителни докази. „Во оваа фаза МВР обезбеди докази за овие 10 лица. Токму заради тоа кривичната пријава ги опфаќа овие лица. Во оваа прилика сакам да појаснам дека секогаш кога станува збор за кривично дело ние одговорноста треба да ја гледаме и кај оние кои требало да ги обезбедат условите тоа да не се случи и се разбира кај директните извршители“, изјави министерката Јанкулоска. Запрашана…
повеќе...Притворени две лица кои кршеле во продавница во Куратица
Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дел „Насилство“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.С.(38) и Ј.Ѓ.(28) двајцата од Охрид. Истражен судија им одреди мерка притвор во траење до 30 дена. Пријавените, на 14-ти овој месец во 20 часот и 30 минути во продавница во селото Куратица го искршиле инвентарот и прозорските стакла, а потоа и стаклените шишиња со алкохолни и безалкохолни пијалоци. Тие на вработените и другите присутни во продавницата им упатиле закани по животот со што предизвикале чувство на страв и несигурност. Пријавените, претходно во…
повеќе...Кршел инвентар и се заканувал со нож во пекарница во Охрид
На 14.08.2013 година, околу 02:00 часот, во пекарница „Феникс“ лоцирана на улицата „7 Ноември“ во Охрид, дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Љ.С.(38), кој во алкохолизирана состојба најпрвин вербално ги нападнал присутните, а потоа им се заканувал и со нож, скршил една витрина и физички го нападнал сопственикот на пекарницата Љ.С.(42). Пријавениот е приведен во ПС Охрид каде е алкотестиран, при што е утврдено 2,76 промили алкохол во крвта. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
повеќе...Хакирана веб-страната на Општина Дебарца
Денес попладне официјалната веб-страна на Општина Дебарца www.debarca.gov.mk беше хакирана. Очигледно, од неодамна пуштената во употреба веб-страна на Општина Дебарца и нејзината присутност во медиумскиот простор предизвика „интерес“ кај хакерите, кои очигледно ја згрешиле адресата, па наместо на некоја српска веб-страна, овде упатиле порака до Србите дека „Косово не е Србија“. Одговорните за одржувањето на официјалната веб-страна на Општина Дебарца, работат на оспособување на страната и нејзино повторно функционирање.
повеќе...