Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Одделот за недозволена трговија со дрога во содејство со Царинската Управа на Р. Македонија реализираше случај на недозволена трговија со наркотична дрога – хероин, наменет за домашниот нарко пазар при што запленети се околу 500 грама хероин, со што е пресечен меѓународен канал за недозволена трговија со хероин на релација од Р.Турција до Р.Македонија. Денес (15.04.2013) по претходно добиено сознание за можен транспорт на хероин во раните утрински часови околу 03:30 часот на граничен премин „Богородица“, на влез од Р. Македонија…
повеќе...Tag: криминал
Спречен нов обид за изнесување културно наследство
Царинската управа спречи нов обид за изнесување на 48 стари нумизматички монети кој датираат од од 2 век п.н.е до 4 век од н.е., како и монети од поново време (од 17 век од н.е.), со различно писмо, големина и ознаки од Македонија преку граничниот премин Делчево во Бугарија. И овој обид за изнесување културното богастсво на државата е извршен од страна на американски државјанин, кој пристигнал во Македонија во хуманитарна мисија во околните села на градовите Штип и Пробиштип. Случајот е откриен на 12.04.2013 година, на граничниот премин Делчево,…
повеќе...Од револт поради укината социјална помош, со секира почнал да крши во Центарот за социјални работи
Поради укината социјална помош и нерешено станбено прашање, денес претпладне лицето А.В. (30) од Охрид со секира во рака изврши насилство во Центарот за социјални работи. Револтиран, тој насилно влегол во Центарот за социјални работи и со секирата започнал да ги крши прозорите од влезната врата и од другите канцеларии и помошни простории. А.В. видно агресивен, ги искршил и компјутерите со целокупната компјутерска опрема поставени во канцелариските оддели. Потоа, започнал да ја оштетува и расфрла целокупната документација од работните бироа. Со навремена реакција на полициските службеници, А.В. е приведен…
повеќе...Цел шлепер со фалсификат лак и пена за коса Intesa запленети на царинската испостава Богородица
Царинските службеници од царинска испостава Богородица, синоќа околу полноќ привремено задржаа околу 43 илјади парчиња лак и пена за коса, под сомнение дека се фалсификат на заштитна трговска марка INTESA. Имено, на 28.03.2013 година, 30 минути по полноќ, за влез во Република Македонија на граничниот премин Богородица се пријави турски камион, управуван од лице со турско државјанство. Камионот бил натоварен со стока со турско потекло, пријавена за транзитна постапка за увозник од Тирана-Албанија. При контрола на стоката, царинските службеници забележале козметички производи за нега на коса од трговската марка INTESA,…
повеќе...Конфискација на имот на сторителите на организиран криминал со тутун
Портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев на денешната прес-конференција истакна дека Владата е силно посветена во борбата против организираниот криминал и корупцијата, тоа е приоритет во кој најважни принципи се владеењето на правото и доследна примена на законите. Притоа за нас подеднакво важно е лицата кои се обидуваат да вршат криминал да бидат спречени во нивните дејства, оние пак кои сториле криминал и криминални активности да се соочат со санкции и казни за нив, но и по осудувањето и правосилноста на судските пресуди на истите сторители на кривични дела…
повеќе...Во Скопје откриена мини лабораторија за изработка на фалсификувани пари
СВР Куманово во содејство со СВР Скопје откри група на лица кои во Скопје направиле мини лабораторија опремена со опрема за скенирање, компјутерска обработка и изготвување на лажни пари, во која во почетокот на 2013 година изготвиле поголема количина на фалсификувани пари во апоени од по 500 денари со ист сериски број. Од страна на полициските службеници од СВР Скопје опремата е одземена, по што до ОЈО Куманово заедно со кривична пријава ќе бидат спроведени Н.С.(24), М.М. (24) и И.А.(39) од Скопје, Д.Т.(28) од Куманово и Г.С.(28) од Крива Паланка…
повеќе...Кривична пријава за закани упатени кон директорот на „Охридски Комуналец“
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Загрозување на сигурноста“, секторот за внатрешни работи Охрид, против лицето С.Д.(39) од Охрид, поднесе кривична пријава. На 8-ми овој месец, пријавениот во два наврати му упатил сериозни закани на С.А. (42) директор на јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ кој во својство на службено лице извршувал службени дејствија. Заканите, пријавениот ги извршил најнапред телефонски јавувајќи му се на неговиот службен мобилен телефон. Тоа го направил околу 11 часот и 15 минути изрекувајќи му низа навредливи, недолични и заканителни зборови. Таквиот телефонски разговор го…
повеќе...Приведено лице поради полов напад врз малолетник
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“, Секторот за внатрешни работи Охрид, против лицето А.А.(36)од Охрид, поднесе кривична пријава по што истражен судија му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Ноќта помеѓу 16-ти и 17-ти овој месец, пријавениот се обидел да изврши полов напад врз десетгодишен малолетник- негов роднина. Настанот се случил во една од собите во куќата каде заедно живееле сега притворениот и нападнатиот малолетник. На обидот за полов напад, му претходел удар со тупаница по…
повеќе...Притворени две лица од Лешани поради „Изнуда“
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Изнуда“ секторот за внатрешни работи Охрид, против лицата Д.Ј.(25) и Д.М(33) двајцата од охридското село Лешани, поднесе кривична пријава по што истражен судија им одреди мерка притвор во траење од 30 дена. На 16-ти овој месец околу 23 часот, пријавените влегле во кафе барот „Хемингвеј“ каде останале подолго време. Притоа тие постојано барале да бидат служени со алкохолни пијалоци велејќи му на келнерот дека на крајот ќе ја плателе сметката. При повторниот обид за наплата, двајцата сега притворени, започнале со агресивно…
повеќе...Маскиран разбојник ограбил бензиска во Дебар, но бегајќи ги изгубил парите
Кривично дело разбојништво извршено е утрово во 01 часот и 40 минути во бензиската пумпа „Макпетрол“ во Дебар. Едно засега непознато лице, маскирано и вооружено со автоматска пушка, насилно велегло во бензиската станица, и на вработената, заканувајќи и се со оружјето и кажал дека има само една минута да му ги даде парите од прометот. Одкако таа се спротивставила и одговорила дека нема пари, маскираниот ја одтурнал и кон рафтовите во бензиската станица испукал еден куршум. Потоа, од работното биро одзел еден дел од парите во фиоката. Во обид да…
повеќе...