Во рамки на своите програмски активности од социјално-хуманитарната сфера, Црвен крст Охрид традиционално и оваа есен под мотото „Сите сме нивни деца“ од 23-29 Ноември ја одбележува Неделата на грижа за стари лица. Во сабота, 28-ми ноември ќе биде прогаслен најстариот жител и брачен пар со најмногу години поминати во брак во општините Охрид и Дебрца. Прогласувањето ќе биде извршено во рамки на настанот „За сончева есен на животот“ кој ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“.
повеќе...Tag: крст
Учениците од Бреинобреин учеа за отстранување на електронски отпад
Учениците кои ја следат едукативната БРЕИНОБРЕИН програма во Бреинобреин-Црвен крст Охрид Центарот за развивање на животни вештини, денес имаа единствена можност, од претставници на Друштвото за управување со отпад „НУЛА ОТПАД“, да се запознаат со постапките за отстранување на отпадот на начин што е прифатлив за животната средина, со акцент на електрична и електронска опрема и отпадни батерии. Најмладите и практично можеа да го отстранат електронскиот отпад и отпадните батерии кои ги донесоа од своите домови или најдоа во своето опкружување, со ставање на истите во специјални посади за складирање…
повеќе...Успешен настап на театарската група при Црвен крст Охрид на Форум театар во Куманово
Театарската група при Црвен крст Охрид синоќа имаше настап на Форум театар во Куманово, во рамки на Проектот „Одржување на ниска преваленца на ХИВ во РМ, одржлив развој“, во организација на Интер Етник Проект ИПГ – Гостивар и Министерство за здравство, со своја театарска претстава „Кажи НЕ на дрогата, кажи ДА на животот“. Вo претставата која е со едукативен карактер, учествувaa 5 млади вoлoнтери на Црвен крст Охрид кои вчера испратија силна порака до кумановската публика, особено младите, да ги согледаат последиците од злоупотребата на дрога и да изберат здрав живот.…
повеќе...Конкурс за избор на најстар жител во Охрид и Дебрца и брачен пар со најмногу години во брак
Во рамки на своите програмски активности од социјално-хуманитарната сфера, Црвен крст Охрид традиционално и оваа есен под мотото „Сите сме нивни деца“ од 23-29 Ноември ќе ја одбележи Неделата на грижа за стари лица. Меѓу бројните активности предвидени да се реализираат во Неделата на грижа за стари лица, Црвен крст Охрид го распишува конкурсот за избор на најстар жител / жителка во општините Охрид и Дебрца и за избор на брачен пар со најмногу поминати години во брак во Охрид и Дебрца. К О Н К У Р С за…
повеќе...Предавање „Остеопорозата – Превентивата е најдобар лек“ по повод Светскиот ден на остеопорозата
По повод Светскиот ден на борба против остеопорозата 20-ти Октомври, Црвен крст Охрид организира предавање на тема „ОСТЕОПОРОЗАТА – Превентивата е најдобар лек,“ кое ќе го одржи Др. Кристина Стојаноска Алоска, стоматолог. Според дефиницијата на Светската здравствена организација, остеопорозата е системско метаболно, ендокринолошко заболување кое се карактеризира со ниска коскена маса и подложност на скршеници кои носат несогледливи последици за здравјето и висок морталитет. Главната причина за појава на оваа болест кај жените е намалувањето на нивото на естрогените хормони, односно тестостеронот кај мажите. Според статистиката во Македонија, секоја трета…
повеќе...Центарот за развој на животни вештини Бреинобреин – Црвен крст Охрид одбележа 5 години од своето постоење
Охридските генијалчиња од Центарот за развој на животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид заедно со своите родители и инструкторите-тренери, денес, во прекрасно дружење со игра и забава го прославија 5-годишниот јубилеј, роденден на најстариот-првоотворен ваков центар во Македонија и на балканот. Во едукатвниот Центар БОБ-Црвен крст Охрид бреинобреин програмата ја следат преку 70 деца. Со оглед на постигнатите резултати (две генерации ученици со завршено највисоко десетто ниво, бројни награди на државните и интернационални натпревари на Бреинобреин програмата, докажани, високо професионални инструктори) центарот БОБ-Црвен крст Охрид на прагот е да постане регионален…
повеќе...Доделени хуманитарните пакети за социјално најзагрозените граѓани
По повод 16-ти Октомври, Светскиот ден за борба против гладта, кој годинава се одбележува под мотото „Помислете и на нас“, денеска во општинската организација на Црвен Крст , заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев, подели 60 хуманитарни пакети за социјално најзагрозените граѓани. Во хуманитарната акција, што ја спроведува Црвен Крст со подршка на Локалната самоуправа, вчера се вклучи градоначалникот Никола Бакрачески, кој заедно со најблиските соработници во маркетот „Тамаро“ , купи прехрамбени и производи за одржување хигиена, кои се дел од хуманитарните пакети. Во рамките на Неделата за борба…
повеќе...Советот на родители при ОУ „Живко Чинго“ со донација за учениците од ранливите категории
Советот на родители при ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти, реализирајќи ја својата годишна програма за работа, денес со поддршка на ОО Црвен Крст Охрид за учениците на кои им е потребна материјална помош и поддршка, им обезбеди облека и обувки. „Советот на родители во претходна консултација со одделенските наставници изработи листа на потребни средства за одреден број ученици, па потоа во соработка со ОО Црвен Крст обезбедија дел од она што беше потребно. Оваа соработка се негува и се надеваме дека и понатаму ќе продолжи. Исто така Советот на родители…
повеќе...Охрид се вклучи во одбележувањето на Светскиот ден и Неделата за борба против гладта
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, денеска со купување прехранбени производи наменети за семејствата во социјален ризик се вклучи во хуманитарната акција што под мотото „Помислете и на нас трета година по ред ја организираат општина Охрид и општинскиот Црвен Крст а по повод одбележувањето на 16- Октомври, Светскиот ден и неделата за борба против гладта. Градоначалникот Бакрачески ги повика сите охриѓани во рамки на своите можности да се вклучат во оваа хуманитарна акција. „Во оваа прилика ги повикувам сите охриѓани, физички и правни лица, припадници на бизнис заедницата , секој…
повеќе...Кампања „Помислете и на нас“ по повод Денот на гладта и Недела на борба против гладта
По повод Денот на гладта, 16-ти октомври и Недела на борба против гладта (16-22 октомври), под мотото „Помислете и на нас“ Црвен крст Охрид спроведува кампања за помош на најсиромашните наши сограѓани. Активностите се насочени кон прибирање на финансиски средства преку продажба на вредносни бонови и прибирање на доброволни прилози наменети за набавка на прехрамбени производи за подготовка на хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Охрид. Во текот на Неделата на борба против гладта од 16-22 октомври, во поголемите маркети ќе бидат поставени видно обелечени корпи во кои хуманите сограѓани…
повеќе...