Во одлична атмосфера во СЦ „Јане Сандански“ се играше финалето на 23-от Куп на Македонија, кое беше изедначено во најголемиот дел од првото полувреме. По поените на Чековски и Соколов, Работнички рано поведе со 7-2, но преку Божовиќ, Дунџерски и Брчков екипата на Кожув успеа брзо да направи пресврт и да дојде до предност. Пред самиот крај на првото полувреме, гевгеличани поведоа и со 5 поени разлика, сепак Чековски намали и на пауза се замина со 34-32 за Кожув. Сепак, со самиот почеток на третата четвртина, Работнички одигра одлично во…
повеќе...Tag: куп
МЗТ Скопје домаќин на Фајнл Фор турнирот од Купот на Македонија
МЗТ Скопје Аеродром и СЦ „Јане Сандански“ ќе бидат домаќини на Фајнл Фор турнирот од 23-то издание на Купот на Македонија, откако предмалку заврши јавната лицитација за организатор на Купот, на која учествуваше и КК Куманово. МЗТ достави барање Финалниот Турнир да се игра на 21 и 22 февруари (сабота и недела), наместо на претходно предвидените 20 и 21 февруари (петок и сабота). Во наредните денови ќе биде објавен и точниот термин на извлекувањето на полуфиналните двојки, каде организаторот на турнирот ќе ги соопшти и првите детали околу организацијата. На…
повеќе...Конкурс за организатор на финалниот турнир во Кошаркарскиот Куп на Македонија 2015
Согласно член 1.9.3 од Правилникот за Куп натпреварувања, МКФ ги поканува сите заинтересирани правни и физички лица на јавна лицитација за организатор на Финалниот турнир на Кошаркарскиот Куп на Македонија, што ќе се одржи на 29.01.2015 година во просториите на МКФ. Почетната сума за организација на Купот во машка конкуренција изнесува 400.000 денари. Заинтересираните учесници на лицитацијата треба да уплатат 10% од почетната сума до почетокот на лицитацијата на жиро сметка или во готово во канцеларијата на МКФ. Финалниот турнир (Фајнл Фор) во машка конкуренција ќе се одржи на 20 и…
повеќе...Извлечени двојките за Младинскиот кошаркарски Куп на Македонија 2015
Денес во просториите на МКФ беше одржано извлекувањето на двојките за четвртфиналните и полуфиналните натпревари од Младинскиот Куп на Македонија 2015. Првите натпревари почнуваат на 24 и 25 јануари. Седумте учесници на Младинската лига до 20 години ќе бидат дел и од Куп натпреварувањето во Младинска конкуренција за оваа година, односно ќе се борат за трофејот во седмото по ред издание на Младинскиот Куп. Според системот на натпреварување се игра по еден натпревар, а победниците обезбедуваат пласман во наредната фаза. Четвртфиналните и полуфиналните двојки, заедно со домаќините на натпреварите, денеска…
повеќе...Одредени полуфиналните двојки во Купот на Македонија
Денес беа извлечени двојките за полуфиналните натпревари од Купот на Македонија: Тетекс – Турново Работнички – Ренова Првите натпревари ќе се одиграат на 18 март 2015 (среда), со почеток во 14:00, а реванш натпреварите се закажани за 15 април 2015 (среда) со почеток во 16:00 часот. WebOhrid
повеќе...Извлечени двојките за 1/16 финалето од фудбалскиот Куп на Македонија
Денеска во „Куќата на фудбалот“ беа одредени паровите за воведното коло од Купот на Македонија. Актуелниот носител на титулата од Купот на Македонија, тимот на Работнички одбраната на титулата во натпреварувањето ќе ја започне од 1/8 финалето заедно со екипите на Шкендија и Еуромилк кои исто така нема да бидат дел од 1/16 финалето, откако Третата лига – север наместо четири претставници даде три, а третата лига – запад неместо четири претставници даде два. Натпреварите за 1/16 финалето од Купот на Македонија се играат на 20 август во 17:00 часот.…
повеќе...Вардар го освои ракометниот Куп на Македонија
Ракометарите на Вардар го освоија Купот на Македонија. Во финалето кое се играше во Охрид, ракометарите на Вардар го победија Металург со 30:28 (14:11). Ова е деветта освоена Куп титула за Вардар во неговата клупска историја, пред екипите на Металург и Пелистер, кои што имаат по пет. За најтрофејниот македонски ракометен клуб ова е втора титула сезонава, откако претходно беше освоен трофејот и во СЕХА лигата. Првото полувреме започна со два гола на Металург за водство од 2:0. Вардар возврати со два погодоци, по што следувaа два брзи гола на Металург.…
повеќе...Работнички победник во финалето од Купот на Македонија
Работнички го освои Купот на Македонија во фудбал. На Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје, Работнички го совлада Металург со 2:0 и по трет пат го освои овој трофеј. Натпреварот започна без некои позначајни возбудувања се до 31-та минута кога беше исклучен Пеев поради намерно удирање на противнички играч. Од тој момент, Металург со играч помалку не успеа да оди на полувреме со позитивен резултат. Во 45 минута поради игра со рака беше досуден пенал за Работнички кој успешно го реализира Маневски и на полувреме му донесе водство на Работнички…
повеќе...Работнички – Металург, пехарот од Купот на Македонија се враќа во Скопје
По пауза од неколку сезони пехарот во фудбалскиот куп на Македонија се враќа во главниот град. Утре (среда) со почеток од 20:00 часот на Националната aрена „Филип Втори“ во финалето ќе играат Металург и Работнички. За Металург ова е второ финале, а во досегашните учества имаат 100% ефект. Во 2011 година во финалето одиграно во Прилеп тие беа поуспешни од Тетекс со 2-0. Работнички пак ќе се обиде по трети пат во нивната историја да се закити со драгоцениот пехар од македонскиот фудбалски куп. Во 2008 година стигнаа до првиот…
повеќе...Работнички едвај во финалето, ќе игра против Металург
И покрај водството од 2 голови од првиот дуел, Работнички едвај се пласираше во финалето од Македонскиот Куп во фудбал. Брегалница го искористи домашниот терен и успеа да ја анулира предноста на Работнички од првиот дуел. По регуларните 90 минути Брегалница одигра 2:0 против Работнички, по што се изведуваа пенали каде Работнички имаше повеќе среќа и со 5:4 успеа да победи и да се пласира во финалето од Купот на Македонија. Металург го победи Тетекс со 1:0 со што се пласираше во финалето. Првиот натпревар помеѓу овие клубови заврши 0:0.…
повеќе...