Притворени две лица кои кршеле во продавница во Куратица

Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дел „Насилство“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.С.(38) и Ј.Ѓ.(28) двајцата од Охрид. Истражен судија им одреди мерка притвор во траење до 30 дена. Пријавените, на 14-ти овој месец во 20 часот и 30 минути  во продавница во селото Куратица го искршиле инвентарот и прозорските стакла, а потоа и стаклените шишиња со алкохолни и безалкохолни пијалоци. Тие на вработените и другите присутни во продавницата им упатиле закани по животот  со што предизвикале чувство на страв и несигурност.  Пријавените, претходно во…

повеќе...

По втор пат во Куратица започнува „Starfire“ фестивалот

По втор пат, во Куратица под отворено небо на 1400 мнв под планинскиот масив Мазатар од денеска  започнува „Starfire“ фестивалот. Официјалниот дел на забавата ќе започне од 21 часот и ќе трае се до утринските часови. Целта и идејата за организирање на ваков тип на фестивал е присутните максимално да се опуштат од секојдневниот урбан живот (брзото темпо на живеење ) и да го почуствуваат чистиот возух и секако како што самиот слоган кажува да бидат „ПОБЛИСКУ ДО ЅВЕЗДИТЕ“. Веќе е поставена целата опрема, од обезбедување на струја (агрегат), озвучување,…

повеќе...

Одлучено е кој ќе ја гради новата црква Св.Симеон Столпник во Куратица

На состанок на Црковниот одбор Свети Никола во Куратица, беше одлучено кој ќе ја гради новата црква – параклис Свети Симеон Столпник. „Од вкупно пет пристигнати понуди за изградба, како најдобри понудувачи беа Илиески Ратко и Александар Колески. Изградбата ќе биде комплет од природен камен. За многу години и со божји благослов за комплетна изградба“. – велат од Црковниот одбор Свети Никола с.Куратица. Инаку темелите на црквата посветена на Светиот Преподобен Симеон Столпник беа осветени на 28.02.2013 од страна на свештени лица. Kuratica.eu WebOhrid

повеќе...

Предизборна фатаморгана „Куратица 2013“

Откако започна предизборната кампања за локалните избори, од кандидатите можеме да слушнеме и видиме разни идеи –програми (посебно од кандидатите за Градоначалник). Пред неколку дена до Куратица меѓу другите  стигна  и програмата од коалицијата „СОЈУЗ ЗА ИДНИНАТА СЕГА„  за што  бевме заинтересирани. Секако ја разгледавме, и се разбира застанавме каде и што е предвидено во програмата за Куратица и околните села. Еднаш прочитано, па уште еднаш, па уште еднаш…… – да не им веруваш на сопствените очи! Читаме …. Реконструкција на патот од Прентовмост до Куратица. Па господине, да не…

повеќе...

Курајчките василичари учествуваа на карневалот „Прочка 2013“ во Прилеп

По повод карневалот „Прочка 2013“ во Прилеп, а по покана од организаторот на карневалот, годинава Курајчките василичари беа нивни гости. Во текот на вчерашниот ден, покрај многубројните маски кои продефилираа на карневалот „Прочка 2013“ во Прилеп, на долгата колона  во својот ред беше и Курајчката традиционална маска, која броеше 42 василичари. Курајчките василичари беа 59ти по ред, каде со својата специфичност на маските беа препознатливи, а маската ја отсликуваше традицијата која е добро позната, обредот кој се изведува на 13ти јануари со посетата на секоја куќа во Куратица. „Под мотото…

повеќе...

Во Куратица осветени темелите на црквата Св. Симеон Столпник

Со свечена литургија денеска во Куратица беа осветени темелите на црква посветена на Светиот Преподобен Симеон Столпник. Свет храм кој датираше од пред неколку децении на ова место, а кој со взаемна помош од месното население ќе биде повторно возобновен. На светиот чин покрај службата од страна на свештените лица, присуствуваа и голем број верници од Куратица и околината, каде после Црковниот обред беше служен и црковен ручек, во просториите на Основното училиште, од страна на Црковниот одбор. Ваквата заложба, како од страна на МЗ Куратица така и од месното население,…

повеќе...

Куратица доби камери и за ноќно надгледување

Пред извесно време во Куратица беше поставен видео надзор за надгледување и заштита од крадци преку ден. Но, од денес веќе се постави камера и за надгледување во текот на ноќта. „Камерите се со можност да ротираат 360°. Очекуваме со помош на нашите иселеници да се постават уште 5 вакви камери“. – изјави претседателот на Советот на месната заедница Куратица, Горан Ангелоски. Сето ова е со цел за поголема заштита од крадци, а одредени камери служат за промоција на селото, каде посетителите на интернет имаат можност 24 часа да го…

повеќе...

Куратица со нов снег

Изминативе неколку денови наврнаа околу 20 см нов снег во Куратица. Ова претставува одлична можност за љубителите на снегот и скијањето, да ја посетат Куратица и да поминат убав и незаборавен викенд. Рекреативната патека ќе биде тапкана и подготвена за прошетка и скијање. Според УХМР, наредните денови не очекува облачно време со повремени врнежи од снег. Температурата ќе се движи од -3 до 5 °С.

повеќе...