Изведба на нова водоводна линија во Лескоец

Со цел подобрување на водоснабдувањето, МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид започна со изведба на нова главна водоводна линија ф160мм во село Лескоец.  Проектот кој се реализира во соработка со Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид ќе се реализира во три фази од кои првата во должина од 500 метри.

повеќе...

Јавна показна вежба на евакуација на учениците и вработените во ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец

Во рамките на своите активности за подготвеност и дејствување при несреќи, а со цел подигнување на нивото на координираност и заедничко делување во случај на несреќи, Црвен крст Охрид во соработка со Центарот за управување со кризи, СВР Охрид, Службата за итна медицинска помош, Територијалната протпивпожарна бригада и Општина Охрид ќе реализира јавна показна вежба на евакуација на учениците и вработените во ОУ „Ванчо Николески“ во с. Лескоец, Охрид при случена несреќа според соодветно сценарио. Вежбата, воедно ќе биде и можност за проверка на подготвеноста и капацитетите на ОУ „Ванчо…

повеќе...

ЈП „Нискоградба“ со градежни зафати во Лескоец

Јавното претпријатие „Нискоградба“, на улицата „Илија Смически“ во с. Лескоец, започна со градежни активности изведба на премини за приклучување на фекална канализациона мрежа. Во должина на улицата е поставена улична фекална канализација, а со изградбата на премините се врши подготовка за приклучување на објектите на мрежата за одведување на отпадни води.

повеќе...

Заврши меморијалниот фудбалски турнир во Лескоец

Финалето од меморијалниот турнир кој се одржува во чест починатите фудбалери од Лескоец, Љупчо Цветаноски – Шенгелија и Јордан Башукоски – Пипер, се одигра синоќа на спортското игралиште во селото Лескоец. Првото место на турнирот го освои екипата на АСП – ПАК, која во финалето ја победи екипата на Кадмо Бар со 5:2. На трите прво рангирани екипи им беа доделени медали и пехари и соодветни парични средства. Градоначалникот Никола Бакрачески кој присуствуваше на финалето од турнирот, на победниците им го врачи пехарот и медалите. Оваа година општина Охрид турнирот…

повеќе...

ОУ „Ванчо Николески“ Лескоец го одбележа патрониот празник

Со пригодна програма учениците и наставниците од ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец синоќа го прославија патрониот празник. Свечената прослава се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Покрај учениците од Лескоец, свои настапи имаа и гостите-ученици од збратименото училиште „Светозар Марковиќ” од Лесковац, Република Србија. како и ученици од училиштето „Мирче Ацев” од село Лисичани, општина Пласница (кичевко), партнер-училиште на ОУ „Ванчо Николески” во проектот за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО). „Мотото на овогодинешниот патронен празник беше „Нека победи љубовта. Инспирација беше да се прикаже желбата на нашите ученици, значењето на…

повеќе...

Одржана „Априлијада“ во Лескоец

По повод Денот на шегата (1-ви април), учениците од Основното училиште „Ванчо Николески“ од Лескоец одржаа „Априлијада“ каде прошетаа маскирани низ улиците во Лескоец, а играа и повеќе игри во дворот на училиштето. Фотографии: Фото Рекс

повеќе...

Прегазен пешак пред селото Лескоец

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што утрово во 8 часот се случи на улицата „15 корпус“ во Охрид. Од здобиените повреди, на лице место починал Славе П. (71) од Охрид кој во критичниот момент се обидувал да ја премине улицата на необележан пешачки премин. Притоа, во него со предниот дел удрило патничко моторно возило марка „Пасат“ со охридски регистарски таблици кое од селото Лескоец се движело кон Охрид. Возилото било управувано од С.М. (53) од Охрид. За кратко време на местото на тешката сообраќајна незгода пристигнало…

повеќе...

Се расчистува кај Грашница, малото пристаниште и Лескоец

По налог на општинскиот инспекторат се расчистува крајбрежниот појас на Охридско Езеро на потегот од западната страна од охридското Кале до вливот на река Грашница. Езерските води на површина имаат исфрлено големи количини неразградлив комунален отпад: пластична амбалажа, најлони, како и хартија и друг вид отпад (ќе се подигнат 4 м3), пластична амбалажа, најлони, како и хартија и друг вид отпад. Кај малото пристаниште пред х.Палас синоќешниот ветер од јужен правец натрупа големи количини отпад : трска и друг вид комунален отпад, кој се расчистува рачно од езерските води. Се…

повеќе...

Лесковчани во Лисичани

Денес, во рамките на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО), а по повод Денот на турската настава во Република Македонија, десетина наставници од ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец со триесетина ученици отпатуваа во посета на партнер-училиштето „Мирче Ацев“ во Лисичани, општина Пласница. На свечената приредба по повод нивниот празник, учениците од Лескоец – пеачка група и оркестар на народни инструменти – настапија со една музичка точка „Чифте, чифте, пајтонлари“ која предизвика аплаузи на отворена сцена. Наставниците и учениците од Лескоец имаа можност да се запознаат со колегите-домаќини, со нивните наставни…

повеќе...

Делегација од Лескоец (Македонија) во Лесковац (Србија)

Минатиот викенд , десетина наставници од ОУ „Ванчо Николески” -Лескоец, заедно со нивни ученици , на покана од збратименото училиште “Светозар Марковиќ “ од Лесковац, Република Србија, учествуваа во свеченостите по повод нивниот јубилеј – 110 години од основањето на училиштето. Десетината наши ученици -деветоодделенци од ОУ „Ванчо Николески” – Лескоец со своја сценско- балетска точка мотивирана од песната „Билјана платно белеше” и од стиховите на “Т’га за југ” успешно се претставија пред српската публика во исполнетата сала на Народното позориште во Лесковац. Во рамките на оваа посета , директорот…

повеќе...