Се средуваат школските дворови и јавните површини во Лескоец, Пештани и Скребатно

Поттикнувањето на еко-свеста кај нашата најмлада популација и создавањето на еколошки чиста животна средина во која нашите деца ќе учат, нашето претпријатие континуирано ја имплементира со средување на школските дворови пред почетокот на школската година како и реализација на многу заеднички акции со учениците и наставниот кадар во текот на целата учебна година, велат од ЈП „Охридски Комуналец“. Екипите на „Паркови и зеленило„ хортикултурно го уредија дворот на О.У.„Братство Единство„ каде е засадена жива ограда, уредени се жардињерите на влезот во училиштето и засадени се 50 нови разновидни садници. Во…

повеќе...

Интензивно се работи на канализациониот систем во Лескоец

Градоначалникот Бакрачески заедно со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, денес ги посетија градежните зафати во селото Лескоец, за да се уверат како тече изградбата на канализациониот систем. Инвестицијата за изградба на канализациониот систем во должина од 7,2 километри чини 66 милиони денари. Овај проект е еден од дваесетината проекти кои се реализираат со европската инвестициона банка, значаен проект кој беше дел од програмата на градоначалникот, поддржана од Владата на Република Македонија. „Ова е доказ како локлната власт треба да соработува со Владата на Р Македонија. Ова е уште…

повеќе...

Со богата свечена прослава по повод патронатот, учениците од „Ванчо Николески“ ги воодушевија посетителите

Синоќа во преполна сала во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа свечена прослава по повод патрониот празник на ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец. Овогодинешната програма за свечената приредба беше на тема: „Другарството не познава граници“. Пред присутните се обрати директорката на ОУ „Ванчо Николески“, Жаклина Трипунова. WebOhrid

повеќе...

Делегација од ОУ „Светозар Марковиќ“- Лесковац го посети ОУ „Ванчо Николески“- Лескоец

Делегација на училиштето„Светозар Марковиќ“ од Лесковац (Србија) денес го посети  ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец. Тие остварија заедничка научно–стручна и рекреативна средба, а по повод прославата на патронатот на училиштето „Ванчо Николески“, прослава која  пак се совпаѓа и со Денот на Европа. „По повод патрониот празник на ОУ „Ванчо Николески“ и оваа година година го славиме денот и ќе се потрудиме да биде на достоинствен начин, на малку повисоко ниво, затоа што на гости ни доѓаат членови од нашето збратимено училиште,Светозар Марковиќ од Лесковац.Чинот на збратимување се одигра на 12.12.2013 година на…

повеќе...

Основците од ОУ „Ванчо Николески“ во посета на Општина Охрид

Група ученици од ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец, во рамките на нивните наставни активности, денеска ја посетија општина Охрид. Во придржба на заменик- градоначалникот Ангел Јанев, тие ги посетија салите во кои се одржуваат седниците на Советот на општината, кабинетот на градоначалникот и просториите во кои работи локалната администрација. Учениците беа запознати со ингеренциите и работата на Локалната самоуправа, при што се интересираа како можат граѓаните да побараат решавање на некој проблем. Основците, го поставија прашањето за присуството на кучиња скитници околу нивното училиште, по што од страна на секретарот…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески на терен во Лескоец и Горна Влашка Маала

Градоначалникот Никола Бакрачески денес  беше во посета во с. Лескоец,  со цел да утврди до каде се градежните активности кои ги започна Општина Охрид,  а се однесуваат на подигање комплетно нов спортски центар, во близина на ОУ „Ванчо Николески“ . Во првата фаза од проектот која се очекува да финишира во  месец јуни годинава предвидена  е  изградба на тревнатиот дел на стадионот за голем фудбал, реконструкција на  постојното игралиште за мал фудбал, ракомет и кошарка, изградба на забавно-  рекреативно детско игралиште како и реконструкција на соблекувалните. Во втората фаза од…

повеќе...

Во Лескоец пронајдени и одземени околу 7000 петарди

На 25.12.2013 година при претрес во магацински простор од кафетеријата „Фул“ во с.Лескоец Охрид, во сопственост на Љ.Џ.(45) биле  пронајдени и одземени околу 7000 различни пиротехнички средства. СВР Охрид против Љ.Џ поднесе кривични  пријави за „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

повеќе...

Две возила се судрија на влезот од Лескоец

Денес околу 12:30 часот на влезот од Лескоец се случи сообраќајна незгода во која учествуваа две возила, „Алфа Ромео“ со охридски регистарски таблички и комбе „Цитроен“ со прилепски таблички.  „Во сообраќајната незгода учествувале две патнички моторни возила. Причинета е незначителна материјална штета. Нема посериозни последици по човечки животи. Причината за незгодата дополнително ќе се утврдува, но најверојатно станува збор за непридржување на брзината на движење на возилата,“ – изјави за WebOhrid, портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски. Од страна на СВР Охрид направен е увид на лице место, а…

повеќе...

Величенствено и достоинствено збратимување на училиштата од Лескоец и Лесковац

Величенствено и достоинствено! Прекрасно и незаборавно! Вака напросто може да се опише збратимувањето на двете  училишта „Ванчо Николески“ од Лескоец (Македонија) и „Светозар Марковиќ“ од Лесковац (Србија) кои  во Лесковац во Републкика Србија, на ден 12.12.2013 година пред стотина присутни гости ја потпишаа Повелбата за збратимување. Имено, осумчлена делегација од ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, предводена  од  синдикалниот  лидер проф. Димче Донески, од 11 до 13 декември 2013  беа гости на своите колеги  од „Светозар Марковиќ“ – Лесковац, каде остварија бројни активности предвидени и со програмата на домаќините, но и…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески и министерот Спасов отворија градинка во други просторни услови во Лескоец

Денес во Лескоец, Градоначалникот Никола Бакрачески  и Министерот за труд и социјални работи, Диме Спасов и свечено ги ставија во употреба подрачните простории на детската градинка Јасна Ристеска.   Градинката е во големина од  150 метри, а во неа се исполнети сите најсовремени услови за згрижување на 40 деца. „Денешново случување е едно од најсреќните од започнувањето на мојот градоначалнички мандат. Отворањето на оваа група во други просторни услови односно во рамките на училиштето Ванчо Николески претставува за мене и по симболика и по значење еден од најуспешните проекти кои…

повеќе...