По вчерашниот натпревар помеѓу Работнички и Ренова, денес се одиграа и останатите натпревари со што беше комплетирано 21 коло од Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати: Работнички 0:0 Ренова Брегалница 3:3 Силекс Македонија ЃП 1:2 Пелистер Победа 2:1 Вардар Шкендија 0:0 Шкупи На табелата и понатаму Вардар е на врвот со 47 бодови, пред Шкендија на второто место со 41 бод. WebOhrid
повеќе...Tag: македонски спорт
Одиграни првите дуели од полуфиналето од фудбалскиот Куп на Македонија
Денес се одиграа првите дуели од полуфиналето од фудбалскиот Куп на Македонија. Постигнати беа следните резултати: Вардар 1:3 Шкендија Брегалница 2:2 Пелистер Повратните дуели ќе се играат на 19 април кога ќе бидат познати годинешните финалисти. WebOhrid
повеќе...Македонските атлетичари ќе учествуваат на Европско во Србија
Нашите двајца најдобри натпреварувачи во атлетика ќе земат учество на престојниот европски шампионат во сала, кој од 03-05 Март ќе се одржи во Белград, Србија, а на кој ќе учествуваат 600 натпреварувачи од 51 држава членки на ЕАА. Атлетската федерација на Македонија ќе земе учество со своите 2 најдобри атлетичари по постигнати резултати за 2017 година и тоа Сашо Голубиќ- 1995 година, кој треба да настапи на 60 метри и Мартина Мироска-1998 година, која треба да настапи во скок во далечина. По тој повод се одржа прес конференција во Агенцијата…
повеќе...МКФ организира турнир за девојчиња до 14 години
Во тековната натпреварувачка сезона, Македонската кошаркарска федерација планира да организира турнир за девојчиња генерација родени 2003 година (М14) и помлади. Турнирот би се одржал викендот 11 – 12 март во Скопје. Како би можела МКФ да го направи системот на натпреварување во зависност од заинтересираноста на клубовите, се молат клубовите да достават писмена потврда доколку клубот сака да учествува. Одговорите, односно учеството треба да се потврди најдоцна до 1 март (среда) во канцеларијата на Македонската кошаркарска федерација. По добивање на точниот број на екипи ќе биде доставена и комплетна информација…
повеќе...Работна средба на Директорот Спасески со претставниците на Пинг-понгарската федерација на Македонија
Денес, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески оствари средба со претставници на Пинг-понгарската федерација на Македонија. Тема на средбата беше презентација на новите мерки за развој на спортот и даночните поттикнувања во спортот во државата. Директорот Спасески на средбата истакна дека Агенцијата за млади и спорт во периодот што измина посветено работеше во делот на имплементација на новите мерки за развој на спортот и даночните поттикнувања во спортот и дека пинг-понгарскиот спорт како и останатите спортови во Македонија ќе имаат законска можност да ги почуствуваат новите реформски…
повеќе...КФМ организира селективен тренинг за кошаркари родени 2003 година
Претстојниот викенд ќе се одржи селективен тренинг за кошаркари родени 2003 година односно М14 возрасна категорија. Јуниорите, поделени во три термини во зависност од регионот каде е стациониран клубот, ќе одржат тренинг во салата на КК Вардар (мала сала „Кале“) во Скопје, в недела на 25 февруари. РАСПОРЕД НА ТЕРМИНИ ЗА СЕЛЕКТИВЕН ТРЕНИНГ: 09:00-11:00 часот КК Водњански лисици; КК Водно санс; КК Работнички; КК Јуниор Скопје; КК Плејмејкер; КК Борец Баскет. 11:00-13:00 часот КК Крива Паланка; КК Куманово; КК Лирија 77; КК Пинк Пантери; КК Бал фор лајф; КК Милановски;…
повеќе...Петар Заборски освои бронза на Европското првенство во карате
На Европското првенство за каратисти (машки и женски) до 21 година, во борбата за трето место Петар Заборски го совлада Серјожа Саргстјан (Ерменија) и со тоа го освои бронзениот медал. Европското првенство се одржа од 17 до 19 февруари во Софија – Бугарија. Ова е прв трофеј за Република Македонија откако каратето стана олимписки спорт. WebOhrid
повеќе...Илчо Ѓорѓиоски реизбран за претседател на ФФМ
Илчо Ѓорѓиоски едногласно е реизбран за претседател на Фудбалската федерација на Македонија со четиригодишен мандат до 2021 година. На Редовното изборно генерално собрание кое се одржа во хотел „Александар Палас“ во Скопје, Илчо Ѓорѓиоски со 91 глас го доби мандат да го предводи македонскиот фудбал. „Најнапред сакам да ја искажам мојата благодарност до сите вас за укажаната доверба. Голема чест е да се биде претседател на ФФМ и да се бориме за македонскиот фудбал како што тоа некогаш го правевме на теренот. Вратата на Фудбалската федерација секогаш ќе ви биде…
повеќе...Интензивни подготовки на ФФМ за УЕФА Супер Купот Скопје 2017
Фудбалската федерација на Македонија интензивно работи на подготовките за УЕФА Супер Куп натпреварот кој го организира на Националната арена во Скопје. Оваа недела во посета на ФФМ и нашиот главен град е бројна работна делегација на УЕФА. Активностите за реконструкција на просториите на северната трибина (Прес центар, простории за медиуми, позиции за ТВ камери, ВИП ресторани, канцеларии, паркинг зони) и доизградба на фасадното обликување веќе се во завршна фаза, а гостите од УЕФА се исклучително задоволни од сработеното во однос на минатата посета. „ФФМ направи големи напори за да можеме…
повеќе...Македонските каратисти ќе учествуваат на Европско првенство во Софија
Карате репрезентацијата на Македонија ќе земе учество на Европското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У-21, кое ќе се одржи во периодот 17-19.02 во Софија, Бугарија. По тој повод денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа прес конференција, на кој уводен говор имаше директорот Марјан Спасески. „Карате спортот дефинитивно е меѓу најуспешните и најтрофејните спортови во земјава, а за тоа говорат и резултатите. Тоа е последица на добро организирана федерација, функционални клубови кои регрутираат млади и талентирани спортисти, одлични тренери и селектори, а верувам дека…
повеќе...