Утре во Охрид официјално отворање на Codefest 2016

Утре во Охрид, официјално ќе биде отворен 4тиот по ред Codefest. Гости на официјалното отворање кои ќе имаат свои излагања покрај организаторите на настанот, ќе бидат Министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, и Rozandi Louw, програмска директорка на Швајцарската програма ИМЕ (Increasing Market Employabil Оваа година настанот се состои од три делови: еднодневна технолошка конференција Codeference, која се одржува утре (петок, 15.04) и на која ќе учестувааат истакнати имиња од повеќе странски и наши институции. Меѓу истакнатите предавачи и панелисти се вбројуваат Атанас Рајков, Генерален Менаџер за Viber за…

повеќе...

Меѓународен Атлетски Маратон Охрид 2015

По повод Денот на независноста на Република Македонија, 8-ми септември, во вторник, Здружението Охридски Атлетски Маратон 2012 го организира 29-иот традицонален меѓународен атлетски маратон Свети Наум – Охрид во должина од 30 км. Трката започнува во 9 часот од караулата кај Свети Наум и се трча до Центарот за култура „Григор Прличев“. Се очекува првите маратонци да пристигнат околу  10:30 часот.

повеќе...

Признание и благодарница за градоначалникот и Општина Охрид за големиот придонес за успешниот пливачки маратон

Градоначалникот Никола Бакрачески и општина Охрид станаа добитници на признание од Светската Пливачка Федерација и благодарница за големиот придонес во успешната организација на годинешниот 29-ти Охридски пливачки маратон. Наградите му беа врачени на градоначалникот Бакрачески на синоќешната свеченост што се одржа во Охрид по повод доделување на наградите на најдобрите пливачи во машка и женска конкуренција на охридскиот пливачки маратон . Упатувајќи честитки до победникот на 29-тиот пливачки маратон Евгениј Поп Ацев , до покровителот, Претседателот на Р. Македонија д-р Ѓорѓе Иванов, но и до сите учесници, организатори, гости, подржувачи…

повеќе...

Евгениј Поп Ацев победник на Охридскиот пливачки маратон 2015

Евгениј Поп Ацев е победник на 29-то издание на Охридкиот пливачки маратон. Поп Ацев е првиот македонски пливач што победува на маратонот во изминатите 29 изданија колку што маратонот е на „Гран-при“ програмата на трки на отворени води на Светската пливачка федерација. Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 30 километри ја исплива за 5:39:42 часа. Првото место во женска конкуренција и припадна на Алиса Франко од Италија, која патеката ја преплива за 5:44:03 часа.Победникот на Охридскиот пливачки маратон, покрај паричната награда, ќе добие и…

повеќе...

Се е подготвено за 29-тиот Охридски пливачки маратон

Во сабота Охрид е домаќин на 29-тиот Охридски пливачки маратон. На 30-километарската патека „Климе Савин“ од манастирскиот комплекс Св. Наум до градското пристаниште во водите на Охридското Езеро точно напладне ќе запливаат 20 пливачи, 10 мажи и 10 жени од Македонија, Аргентина, Италија, Венецуела, Бразил, Канада, Германија, Хрватска, Русија, Шпанија и Франција. Како минатата така и оваа година општина Охрид застанува зад целокупната техничка организација на овој голем меѓународен настан. „Охридскиот пливачки маратон, како спортски настан со долгогодишна традиција и светско реноме е од голема важност за Локалната самоуправа .…

повеќе...

Финишираат подготовките за годинешниот охридски пливачки маратон

Охридскиот пливачки маратон ќе се одржи на 29-ти август ( сабота) на патеката „Климе Савин“, од манастирскиот комплекс „ Св. Наум“ до градското пристаниште, во должина од 30 километри. Организаторите на годинешниот 29. маратон, Меѓународната пливачка федерација-ФИНА, Македонската пливачка федерација, Општина Охрид и Капетанијата на пристаништата, велат дека финишираат подготовките за најголемиот меѓународен пливачки настан во Република Македонија. На Охридскиот пливачки маратон, според пристигнатите пријави, ќе учествуваат 24 маратонци од кои 12 мажи и 12 жени од Македонија, Аргентина, Италија, Венецуела, Бразил, Бугарија, Канада, Германија, Хрватска, Русија и Шпанија. На…

повеќе...

Утре по 36-ти пат ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон

Во организација на пливачкиот клуб Охридски бранови 2008 Охрид, традиционално, по 36-ти пат, на 2 август (недела), на патеката Горица-Охрид во должина од 2,5 км, ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон. Своите пливачки способности и вештини ќе ги одмерат преку 35 пливачи од повеќе пливачки клубови од Македонија и странство, кои организирани во две возрасни групи (до 16 години и постари од 16 години) ќе стартуваат во 10:00 и во 10:15 часот од плажата Голден Бич (поранешен хотел Парк). Пристигнувањето на пливачите на целта на Градското пристаниште во Охрид се…

повеќе...

Благодарница од маратонците од Ултра Маратонот Тоше Проески

Денес, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески ја прими спортската делегација предводена од Наумче Капрически која го трчаше Ултра Маратонот „Тоше Проески“. Капрически во името на маратонците и фановите на Тоше Проески во чест на благодарност на Агенцијата за млади и спорт му подари плакета на Директорот Спасески за поддршката што АМС ја дава за ултра маратонот кој по седми пат се оддржа од Нова Градишка до родното место на Тоше, Крушево. Директорот Спасески ги поздрави маратонците и истакна дека Агенцијата за млади и спорт нема никогаш…

повеќе...

Заврши „Балкан маратон Рели“ 2014

Кристијан Пастори од Италија е победникот на „Балкан Маратон Рели“ 2014 и ја освои големата награда, бесплатно учество на „Africa Eco Race“. Јубилејното петто издание на „Балкан Маратон Рели“ стартуваше од плоштадот во Самоков, Бугарија и финишираше на брегот од Охридското Езеро. Натпреварот се организираше во партнерство со Општина Охрид и Општина Самоков, а главни организатори беа оф роуд клубот „4х4 Адвенчр“ од Бугарија и Мото клубот„Александар“ од Македонија. На стартот се појавија над 80 учесници од Холандија, Белгија, Италија, Австрија, Србија, Грција, Бугарија и Македонија, најдобрите изминаа траса од…

повеќе...

Утре во Охрид завршува „Балкан рели маратонот“ 2014

Натпреварувачите своите мотоцикли, четвороцикли и теренски возила, со кои учествуваа на релито по завршувањето на ревијата ќе ги изложат на Кејот Македонија, со што туристите и охриѓани ќе имаат несекојдневна можност да се запознаат, фотографираат и разгледаат возилата од ваков тип. Подоцна во 19 часот на свеченоста која ќе биде збогатена со културно – уметничка програма ќе бидат доделени медалите и признанијата за најдобрите во секоја категорија. Инаку балканскиот „Дакар“ како што го нарекуваат ова рели, започна на 5-ти септември од Самоков, Република Бугарија, а завршува на 11-ти септември во…

повеќе...