ЗПММ: Доколку не се повлече одлуката, од утре комплетен БОЈКОТ на македонската музика

Доколку не се повлече спорното барање за стопирање на емитување на музика на членовите кои се под заштита на ЗАМП, од Здружението на приватните медиуми на РМ (ЗПММ) најавуваат дека ќе ги повикаат сите свои членови на комплетен бојкот на македонската музика. „Ние едноставно немаме друг избор и оваа одлука се наметнува сама по себе. Само за ислустрација, според одлуката донесена од Законодавецот, радио станиците од 01.01.2015 година, ќе треба да емитуваат 50% македонска музика. Во вакви услови, тоа е едноставно невозможно и затоа ние веќе побаравме од истиот законодавец…

повеќе...

Наградени 24 дела на конкурсот за класична музика

Од вкупно поднесени 34 апликации наградени се 24 дела во 11 категории, додека за три категории (композиции за мелодиски инструмент, композиции со духовен карактер за мешан хор и композиции за квартет) на конкурсот не пристигнала ниту една апликација. За резултатите од конкурсот на денешната прес-конференција во Скопје информираше министерката за кутура Елизабета Канческа-Милевска. Таа подвлече дека преку овој конкурс, кој, според неа, е еден од најефективните кои ги спроведува Министерството во насока на соодветно вреднување и стимулација на творештвото на македонските автори, досега фондот на музичките дела од овој жанр…

повеќе...

Фолк пејачот Гаги Тришески го живее македонскиот сон во Швајцарија

Фолк пејачот Гашо Тришески, пoзнат како Гаги по потекло e од Кичево, а веќе долги години наназад работи и живее во Базел-Швајцарија. Во музичките води сериозно запливува уште кога живеел во Кичево но неговите големи и забележителни успеси се на швајцарска територија. Имено,неофицијално дознаваме дека Гаги на своите настапи низ градовите каде што има македонци низ Швајцарија, зема вртоглаво големи хонорари и дека е доста баран по тамошните забави и свечености. Кога го прашавме за хонорарор, тој скромно ни одговори дека секој човек кој својата работа ја работи со љубов…

повеќе...

Гордана Јосифова Неделковска одликувана со орденот на уметности и книжевност на Франција

Музичкиот селектор на фестивалот Охридско лето, Гордана Јосифова Неделковска, е одликувана со престижниот орден на Република Франција „Витез од Редот на уметности и книжевност“ заради нејзините достигања во промоцијата на уметноста во Македонија, промоција на македонската уметност надвор од земјата и поддршка на промоцијата на француската култура во Македонија. Одликувањето синоќа на свеченост во француската резиденција и го врачи амбасадорката на Франција, Лоренс Оер, која го истакна нејзиниот допринос во ширењето на француската култура и уметност. „Француската Влада сака да ѝ оддаде признание на г-ѓа Јосифова Неделковска, посебно во областа…

повеќе...

Ќе се собираат доброволни прилози за помош во лечењето на охриѓанецот Марјан Вељаноски

Црвен крст Охрид, информира дека музичкиот настан-промоција на албумот „Ретро перспектива“ на младата џез пејачка Стефанија Милеска од Битола, кој денес ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 18 часот ќе биде со хуманитарен карактер. Влезот за присуство на настанот останува слободен, а на влезот во големата сала ќе бидат поставени собирни каси на Црвен крст Охрид во кои ќе се собираат доброволни прилози за помош во лечењето на нашиот сограѓанин, 30-годишниот Марјан Вељаноски. Во договор со пеачката Стефанија, и дел од средствата од продажбата на…

повеќе...

Светската музичка атракција 2CELLOS во Метрополис Арена

Супергрупата од двајца, 2CELLOS (Ту Челос) на Лука Шулиќ и Стјепан Хаузер, познати како Хрватите кои го освоја целиот свет, доаѓа во Скопје. 2CELLOS ќе настапат пред македонската публика на 4. декември на сцената на Метрополис Арена. Концертот е дел од офф-програмата на „Таксират“ кој за своето 17. издание подготвува повеќе настани кои ги задоволуваат различните музички вкусови. Во тоа име, на овој концерт на „Таксират“ кој е организиран во сорабтока со културната манифестација „Охридско Лето“, маестралните 2CELLOS гарантираат незаборавно доживување и за оние со најпрефинет музички вкус. Дотолку повеќе…

повеќе...

Јавна објава до сите правни и физички лица кои поседуваат фирма на територијата на општина Охрид

Врз основа на законот за комунални такси (Сл.весник на Република Македонија бр.61/2004,64/2005,92/2007 и 123/2012), а согласно Законот за општа управна постапка (Сл.весник на РМ бр.38/2005,110/2008,118/2008 и 51/2011) Градоначалникот на Општина Охрид, објавува: JAВНА ОБЈАВА До сите правни и физички лица кои поседуваат фирма на територијата на ОПШТИНА ОХРИД СЕ ПОВИКУВААТ: 1. Да го подигнат решението за Комунална такса за фирма за 2015 година во најкраток можен рок. *за обврзници кои немаат добиено решение. 2. Да ги измират заостанатите обврски: *за обврзници кои должат по основ на  Комунална такса за фирма.…

повеќе...

Премиерно – Тајзи со нова романтична балада и спот

Еден од најуспешните, но и најозборуваните артисти на социјалните мрежи продолжува да е активен кога се работи за нови песни и спотови, а публиката навистина ужива во неговите хитови. Последен пат се уверивме во тоа на Вино-Скоп во Скопје каде што и покрај озборувањата собра најголема публика. Деновиве тој сними нова песна и спот кој го изработи „Фабрика“ продукција, додека музиката е на Тајзи и Ивајо. Текстот е исто така на Тајзи, а тој периодов работи и на својот втор соло албум кој треба да излезе наредната година. „Ова е…

повеќе...

Овации за Македонската Филхармонија, Дуке Бојаџиев и Каролина Гочева во Карнеги Хол

Камерниот оркестар на Македонската Филхармонија, првпат во историјата, заедно со солистот Дуке Бојаџиев настапи во престижниот Карнеги Хол во Њујорк, кој има 125 годишна традиција и во кој редовно концертираат најголемите музички имиња на денешницата. Македонската музика наиде на одличен прием кај американската публика, со долготрајни овации на крајот на концертот на камерниот оркестар, засилен со Бојаџиев и Каролина Гочева, јавува Македонската телевизија. „Целиот концерт беше на македонски, во среде Њујорк во Карнеги Хол. И имав доста пријатели не-Македонци, половина од публиката беа од Њујорк или од светот, но беа…

повеќе...

Охридската гимназија домаќин на семинар за оценување по предметот музичка култура

Охридската гимнзија „Св.Климент Охридски“ беше домаќин на семинар на тема „Оценување од предметот музичка култура за основно образование“ кој се оджа на 25-ти и 26-ти септември, во организација на на Здружението на музички педагози на Ребуплика Македонија . Предавачи беа Анкица Витанова – советник во бирото за образование по музичка уметност и раководител на одделот за човечки ресурси и Флорин Кадриу наставник по музичка уметност во општина Липково. На семинарот беше присутна и Претседателката на Задружението Слаѓана Чекиќевска која изрази голема благодарност кон училиштето, директорот Звонко Трпески како и кон наставниците…

повеќе...