„Прличеви Беседи 2014“

По повод одбележувањето на годишнината од смртта на Григор Прличев, а истовремено и чествувањето на ликот и делото на најпознатиот писател и преродбеник, од денес со изложба на ликовни дела од колекцијата на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид започна манифестацијата „Прличеви Беседи“. Одбележувањето започна со свеченост посветена на лауреатот на наградата ГРИГОР ПРЛИЧЕВ. Настап имаше хорот при НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, со изведба на „1762 лето“ и „Билјана платно белеше“. Пред присутните се обрати директорката на НУ Центар за култура, м-р Драгана Боцеска.…

повеќе...

Граѓаните од Охрид ја добија наградата за „Трајно уништување на рибниот фонд на Охридско Езеро“

На Конкурсот за доделување на награда за животно дело „Трајно уништување на рибниот фонд од Охридско Езеро“ во период 1991-2014 година пристигнати се 49 пријави за кандидати од трети лица и тоа за: – Две научни установи од областа на рибарство – Два концесионери за стопански риболов – Концесионер за рекреативен риболов – Поранешен директор на рибарско стопанство – Водна заедница – Две здруженија на граѓани – Два државни инспекторати – Четири подрачни единици на министерства – Две локални јавни претпријатија – Две министерства – Двајца министри за земјоделство –…

повеќе...

„Функционер“ го лапна бурето со 40 литри „Вевчанска керф“ од Стоби

Импресиите во јавноста и низ социјалните мрежи од овогодишниот Вевчански карневал и по една недела не стивнуваат. Се уште се зборува за рекордната посетеност, музичките гости, детското катче, за гостопримливоста на Вевчанци и, секако, пред се, за василичарската поворка со маски, која беше вистински театар на улица. Субрата Рој, пензионери на скии, функционер, Глупи Август, Есма, младоженец и невеста… беа само дел од маските со кои Долна и Горна Маала на сатиричен начин ја поздравија и ја насмеаја толпата дојдена да го доживее Вевчанскиот карневал. Претставниците на седмата сила беа…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески ја додели светската награда за хуманизам

Во рамки на празнувањата посветени на најголемиот и најмасовен христијански празник, Богојавление – Водици, синоќа градоначалникот Никола Бакрачески во куќата на Уранија по традиција ја додели Светската награда за хуманизам 2014, на годинешниот добитник, академскиот сликар Светлин Русев од Бугарија. „Во  предвечерјето  пред водици , ми причинува особена чест и задоволство што сум избран да ја доделам оваа престижна награда на академикот  Светлин Русев . Без сомнение од она што го знам можам да речам дека се работи за уметник- сликар од светски ранг. Јас сум среќен што Охрид претставува…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески во сабота ќе ја додели наградата за хуманизам 2014

Традиционално, во рамки на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици, градоначалникот Никола Бакрачески во сабота со почеток во 18 часот во куќата на Уранија свечено ќе ја додели Светската награда за хуманизам на годинешниот добитник, познатиот академски сликар Светлин Русев од Бугарија. Признанието на добитникот ќе му биде врачено во присуство на Претседателот на МАНУ, Владо Камбовски. Следниот ден на 19-ти јануари, добитникот Светлин Русев ќе присуствува и на свечениот настан на фрлање на крстот во водите на Охридското Езеро. Русев како добитник на наградата беше одбран од…

повеќе...

Ново извлекување за наградната со фискални на 27 јануари, трошоците двојно пониски преку пошта

На 27 јануари ќе се одржи второ извлекување од наградната игра „Фискална во рака, награда без мака“. Учествуваат сите фискални сметки издадени по 15 ноември, кога почна наградната игра, а ќе може да се испратат по пошта за половина цена односно по осум денари за плик. За таа цел Македонски пошти изработи наменски марки за наградната игра кои се пуштени од денеска во промет, а чинат осум денари. „На ваков начин граѓаните ќе можат да ги испратат пликовите за двојно пониска цена“, рече вицепремирерот и министер за финансии Зоран Ставрески…

повеќе...

Конкурс за доделување на Плакета за животно дело – „Трајно уништување на рибен фонд од Охридско Езеро“

Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ од Охрид за да ја збогати програмата на Денот на масовно капење на рибарите (Ден на рибарите) на 20-ти јануари ќе додели плакета за животно дело – ТРАЈНО УНИШТУВАЊЕ НА РИБЕН ФОНД ОД ОХРИДСКО ЕЗЕРО- сите заинтересирани заслужни и докажани граѓани, институции, правни лица и Здруженија на граѓани своите кандидатури можат да ги достават по пошта на следнава адреса ЗРРСК „Свети Апостол Петар“ ул. Димитар Влахов бб, или на е-маил srdsvapostolpetar@yahoo.com. Најдоцна до 18- ти јануари. Може да се конкурира  за дела направени…

повеќе...

Доделени признанијата и наградите на сопствениците од трите најубаво украсени новогодишни дворови

 По спроведената акција на Општина Охрид, за „Најубаво украсен новогодишен двор или тераса“, денеска секретарот Димитар Спасески заедно со тричлената комисија што учествуваше во изборот, официјално ги додели признанијата и наградите на сопствениците од трите најубаво украсени новогодишни дворови.  Првото место го освои Иванка Гигер од населбата „Радојца Новичич“, второто Ристо Димоски од селото Горно Лакочереј, а третата позиција беше за Фанија Станкоска чиј двор е  на улица „Сирма Војвода“ 94 од Охрид. „Чест и задоволство е да се учествува во доделувањето на признанија за најубаво украсен двор“, рече Секретарот…

повеќе...

Избрани најубаво украсените новогодишни дворови

Општина Охрид повторно ја одржа акцијата – „Најубаво украсен новогодишен двор или тераса“. На годинашниот натпревар се пријавија 9 наши сограѓани, кои празнично ги украсиле своите дворови. Комисија на Општина Охрид, по претходна обиколка на сите пријавени и фотодокументирање, на 2 јануари донесе едногласна одлука за избор на најдобрите. Првото место го освои г-ѓа Иванка Гигер од населбата „Радојца Новичич“. Второто место му припадна на Ристо Димоски од селото Горно Лакочереј. Третата позиција е за Фанија Станкоска, на улица „Сирма Војвода“ 94 од Охрид. Наградите на најуспешните ќе им бидат…

повеќе...

Николче Новески најдобар фудбалер за сезоната 2012/2013

Фудбалската федерација на Македонија вчера на свеченост ги додели наградите за најдобрите во македонскиот фудбал за сезоната 2012/13. Репрезентативецот на Македонија и капитен на германскиот бундеслигаш Мајнц, Николче Новески е прогласен за најдобар фудбалер, а наградата за најдобар играч од домашниот шампионат му припадна на Дејан Блажевски од Хоризонт Турново. Благоја Милевски, тренерот на првакот во МФЛ, Вардар беше награден со признанието тренер на годината. ФК Работнички доби награда за фер-плеј екипа, а за спортски работник е прогласен Драган Поповски, претседателот на Работнички. На Јован Костовски, поранешниот напаѓач на Вардар…

повеќе...