Отворен конкурсот за учество на Школата за млади лидери под покровителство на претседателот Иванов за 2014 година

Од 24 мај 2014 до 05 јуни 2014 е отворен Конкурсот за учество во Обуката на млади лидери, која по петти пат ќе се одржи во Охрид од 18 до 28 август 2014. Програмата е намената за млади луѓе со завршено високо образование кои имаат желба континуирано да ги развиваат и усовршуваат нивните лидерски вештини и да придонесат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат. Програмата опфаќа предавања од лидерството и менаџментот со еминентни предавачи и гости од земјата и странство, менаџмент симулации и практични…

повеќе...

„Летна школа за зависности од дроги 2014“ ќе се одржи во Охрид 30 јуни до 07 јули

ХОПС – Опции за здрав живот Скопје по трет пат организира „Летна школа за зависности од дроги“. Оваа седумдневна летна школа ќе понуди мултидисциплинарен пристап за учење за зависноста од дроги, пристап кој ќе ги земе предвид социјалните, медицинските, но и политичките прашања. Целта на летната школа е да ги едуцира младите стручни кадри за работа на полето на зависноста од дроги. Школата посебно ќе се фокусира на моделите на политика за дроги, третманите базирани на докази, намалување на штети, психосоцијална подршка и концептот на човекови права на корисниците на дроги. ХОПС – Опции за здрав живот…

повеќе...

Реализирана обука за македонски и косовски полицајци за работа во ЗКЦ

Во организација на ОБСЕ и Секторот за гранични работи и миграции Север, на граничниот премин со Република Косово – “Хани Елезит“, како и во заедничкиот контакт центар со Р.Бугарија на Граничниот премин “Деве Баир“ беше одржана дводневна обука на полициски службеници за работа во заеднички контакт центар. На обуката присуствуваа десет полициски службеници од РМ и четири полициски службеници од Р.Косово. Притоа, едукацијата беше посветена на теми во врска со Конвенција за спроведување на Шенген Договор од 19 јуни 1990 година, потоа Конвенција за полициска соработка во Југоисточна Европа; Протокол…

повеќе...

Обука за еколошко означување на туристичките услуги

Во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и Регионалниот центар за животна средина, денеска во Општина Охрид се одржа обука за еколошко означување на туристичките услуги. Пред претставниците на туристичкичко- угосителскиот еснаф од Охрид и организаторите на обуката се обрати заменик- градоначалникот Ангел Јанев. „Во концепирањето на новите  стратегии за развој на туризмот, доминира компонентата за неговата одржливост, односно  избалансираност на  социо- економскиот развој и заштитата на човековата околина.Воведувањето на еколошки означени туристички услуги, во чија основа лежи одржливиот развој, ќе покаже дека носителите на еколошката ознака…

повеќе...

Обука за борба против трговијата со фалсификувани медикаменти

Во Центарот за обука при МВР во Идризово од денес до 02.04 експерти од француската Национална жандармерија ќе ја реализираат специјалистичката обука за борба против трговијата со фалсификувани медикаменти. “Проблемот за кој денеска зборуваме добива на тежина и се почесто надлежните институции се соочуваат со потреба од негово решавање. Затоа оваа обука очекуваме да значи нов квалитет во работењето на службите кои се надлежни да постапуваат по оваа проблематика“, истакна министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска којашто заедно со амбасадорката на Франција во РМ, г-ѓата Лоренс Оер присуствуваше на…

повеќе...

Завршуваат шест месечните обуки за поефективна општинска администрација

Со донесување на финалниот извештај со препораки во наредниве два дена во Маврово ќе бидат заокружени обуките за само оценка при работа COMMON ASSESSMENT FRAMEWORK (CAF),што по барање на градоначалникот Никола Бакрачески во изминативе шест месеци ги спроведуваше Британската Амбасада и Центарот за управување со промени од Скопје а со цел професионализација на вработените во општина Охрид и нивна поголема ефективност при услужување на граѓаните. При донесување на финалниот извештај во Маврово покрај 15-те вработени кои беа дел од обуките а се од различни општински сектори , ќе присуствуваат и…

повеќе...

Ќе се одржи последната сесија од тренинг обуката за едукатори во областа на штетни последици од користење на алкохолот

Утре во просториите на Црвен крст Охрид, во 12 часот ќе биде одржана четвртата, последна  сесија од тренинг обуката за едукатори во областа на штетни последици од користење на алкохолот. На 20 волонтери од клубот на млади на Црвен крст Охрид, кои активно учествуваа на обуката ќе бидат доделени сертификати за успешно завршената обука, како и признание на Црвен крст Охрид како организација домаќин.

повеќе...

Груевски договори обука на медицински лица од Македонија во елитна болница во Брисел

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска постигна договор со елитната бриселска болница „Едит Кавел“ и во иднина овој врвен медицински центар ќе биде место каде македонски лекари, медицински сестри и друг медицински пероснал ќе може да се стекнат со обука за најновите методи што се применуваат во медицината. Во еден од најголемите медицински центри во Европа, премиерот Груевски денеска имаше средба со директорот Жад де Тоеуф, со кого постигна договор за потпишување на Меморандум на разбирање меѓу Република Македонија и болницата „Едит Кавел”. „Имаме зацртано програма со…

повеќе...

Пуштен во употреба Центарот за обука на пилоти

Центарот за обука на пилоти на хеликоптери од денеска влегува во фаза на потполна оперативност, подготвен да ги обезбеди сите услуги на македонските државни институции, но и на сите заинтересирани странски партнери. Ова денеска го истакна премиерот на Република Македонија Никола Груевски по повод официјалното пуштање во употреба на Центарот за пилоти. Проектот вреден 43 милиони евра, почна да се реализира во 2010 година. „Идните пилоти во овој Центар ќе поминат обука во три фази, елементарна, основна обука на хеликоптер и напредна обука на хеликоптер. Во објектот се вградени модули…

повеќе...

Обука на македонски дипломати од Центарот за политички и дипломатски студии во Лондон

Во македонското Министерство за надворешни работи за 54 дипломати од сите директорати, беше организирана обука која ја спроведе реномираниот Центар за политички и дипломатски студии од Лондон. Предавачи на обуката беа Џон Емери, директор на Центарот и амбасадорот Џереми Хил, а врз основа на Меморандумот за соработка меѓу Министерствата за надворешни работи на Република Македонија и на Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска. Во текот на обуката, соопшти денеска МНР, се дискутирало на повеќе теми: политика, организација и менаџмент на централа и дипломатска мисија, политичка анализа, известување и брифирање,…

повеќе...