Привлечно катче за одмор во непосредна близина на црквата Света Софија

Во рамки на разубавувањето  на стариот дел од Охрид,  денес  ЈП „Градски гробишта“ започна со средување  на просторот пред  црквата  Св.Софија и истоимениот ресторан, каде долг период  несовесни  возачи ги паркираа своите автомобили нагрдувајќи го изгледот на ова атрактивно место кое е привлечно и посетувано од туристи особено во летниот период  од  годинава. Денес  на  овој простор се поставуваат жардињери со цвеќе, а наредниот период ќе бидат поставени  клупи за седење. Просторот ќе биде и хортикултурно  уреден со што охриѓани  ќе добијат  привлечно катче за одмор и уживање во срцето…

повеќе...

Последната група деца замина на бесплатно зимување на Пелистер

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов ја испрати третата група деца на бесплатен одмор и рекреација во детското одморалиште Пелистер. На бесплатно зимување на Пелистер годинава услугата ќе ја искористат околу 1.000 дечиња во рамки на владиниот проект за бесплатен одмор и рекреација за деца од социјално загрозени категории, социјални семејства, со пречки во развојот, со посебни потреби и деца и без родители и родителска грижа. „Досега 660 деца ја искористиле услугата, а ова е последната група која заминува. Опфатени се сите градови од Македонија со по определн…

повеќе...

Уште 1000 деца од ранливи категории на бесплатно зимување

Уште 1.000 деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток, со пречки во развојот и деца без родители и родителска грижа ќе можат да ја искористат можноста да зимуваат на товар на државата за време на зимскиот распуст од 4 до 19 јануари 2014 година. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на денешната прес-конференција информираше дека во тек е повикот за користење на бесплатната услуга кој завршува на 3 јануари 2014 година и ги повика сите заинтересирани корисници да поднесат барање до надлежниот Центар…

повеќе...

Пензионерите и догодина на бесплатна бањско-климатска рекреација

Проектот Бањско-климатска рекреација на корисници на пензија ќе продолжи и во 2014 година. Повикот за користење на услугата за наредната година ќе биде објавен во јануари.  Досега за четири години, период во кој што се спроведува овој проект, можноста за користење на услугата бањско-климатска рекреација ја искористиле 5.500 лица за што од буџетот биле издвоени 30 милиони денари. „Пројавениот интерес на корисниците на пензија за користење на услугите во 2010, 2011, 2012 и 2013 година потврдува дека има потреба од продолжување на проектот и во наредната 2014 година за што…

повеќе...

Првата група деца замина на бесплатен летен одмор

Првата група од 320 деца од повеќе градови од Македонија денеска замина на бесплатен одмор и рекреација. Сто и дваесет деца ќе летуваат во одморалиштето „Мајски цвет“ во Струга, а 200 на Пелистер. На секои седум дена ќе се испраќаат нови групи деца со што вкупно ќе летуваат 2.000 деца. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска на Меѓуградската автобуска станица во Скопје ја испрати првата група деца кои ќе ја користат бесплатната услуга за одмор и рекреација. Дечињата се од семејства со социјален ризик и деца корисници…

повеќе...

Три илјади деца ја искористиле можноста за бесплатен одмор

Вкупно 3.000 деца од семејства во социјален ризик ја искористиле можноста да отидат на  бесплатен одмор и рекреација на трошок на државата. Од нив, 2.000 деца биле на летување во 2012 и 1.000 на зимување во јануари 2013 година. „Како Влада исклучително сме задоволни од реализацијата на овој проект бидејќи се помина во најдобар ред, без непредвидени ситуации и проблеми. Во неколку наврати ги посетивме дечињата во одморалиштата, при што видно беше задовиолството кај нив особено затоа што многу од нив за прв пат во животот имаа можност да одат…

повеќе...