Околу 200 припадници на МВР во акција за спасување заложници и апсење терористи

Вчера и денес во Охрид, повеќе организациони единици при Министерството за внатршни работи ја изведоа  националната вежба за превенција од тероризам насловена „Галеб 2013“, чија што денешна финална фаза ја проследи и министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска. Вежбата којашто беше организирана во рамки на активностите предвидено со Акциониот план на Националната стратегија за борба против тероризмот, се одвиваше според сценарио кое беше замислено како терористички акт на група на џихадисити кои учествувале во борбите во Сирија и кои грабнуваат брод со ВИП гости на Охридското езеро со намера…

повеќе...

Одбележана четвртата годишнина од трагичната несреќа на бродот „Илинден“

По повод одбележувањето на четвртата годишнина од бродската несреќа, што се случи на 5- ти септември 2009- та  година, денеска, делегација на општина Охрид, предводена од претседателката на Советот, Гордана Коњаноска, претставници на Амбасадата на Република Бугарија во Република Македонија  и претставници на граѓански здруженија, положија свежо цвеќе на спомен обележјето подигнато на градскиот кеј, во чест на трагично погинатите петнаесет бугарски туристи. На местото каде што потона бродот „Илинден“, во близина на авто- кампот „Елешец“, делегациите пуштија меморијален венец во водите на Охридското Езеро, посакувајќи, во иднина, никогаш и…

повеќе...

Ревијален натпревар меѓу ветераните од поранешните ватерполо клубови од Охрид и Струга

Ветераните од поранешните ватерполо клубови од Охрид и Струга, попладнево на Градското пристаниште, со почеток во 17 часот, во рамките на  хепенингот „Да навиваме заедно за Македонија“, ќе одиграат ревијален натпревар. Натпреварот ќе биде потсетување за времињата кога во Охрид и Струга имаше ватерполо клубови и езерски дерби натпревари и тие беа вистинско спортско доживување.

повеќе...

Пановски: Спроведен уште еден процес во интерес на заштита на нашите заеднички природни ресурси

Билатералниот Секретаријат како носител на активноста за изготвување на Номинација за прогласување на регионот Охрид–Преспа за биосферен резерват на УНЕСКО, успешно заврши уште една од своите мисии. Имено, номинационата форма за ставање на Охридскиот и Преспанскиот регион и на македонска и на албанска страна под заштита на УНЕСКО е веќе изработена и се чека само состанокот на МАБ Комитетот кој ќе се одржи на 12 Септември во Скопје и потписот на документот кој треба да го стават македонскиот и албанскиот преставник во Билатералниот Секретаријат.  „Номинацијата е акт кој ќе биде…

повеќе...

Охридското Езеро порибено со сто илјади единки охридска пастрмка

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска во Охрид присуствуваше на порибувањето на Охридското Езеро со подмладок од ендемичниот вид охридска пастрмка. Во водите на езерото беа испуштени сто илјади парчиња подмладок пастрмка од годинaшниот мрест, девет месеци од оплодувањето на икрата и шест месеци старост, со просечна тежина од 2 и 2,5 грама и должина меѓу шест и осум милиметри. „Станува збор за редовна активност согласно Законот за рибарство и аквакултура, со кои државата е задолжена за порибување на рибиловните води врз основа на риболовната основа изготвена…

повеќе...

Рејмонд Аксел од Франција победник на 27 Охридски пливачки маратон

Рејмонд Аксел од Франција е новиот победник на овогодинешниот 27 Охридски пливачки маратон. Французинот кој дебитираше на нашиот маратон, а е претпоследен од ФИНА Гранд при серијата за 2013 година, постави нов рекорд на патеката „Климе Савин“ долга 30 километри, со време од 5 часа, 9 минути и 54 секунди, што е за 10 минути подобро време од претходниот рекорд на Бугаринот Петар Стојчев. Второ место беше Италијанецот Едоардо Стокино, додека пак трет беше Русинот Иван Афоневич. Од нашите пливачи, Евгениј Поп Ацев заврши на четвртото место, додека пак Томи…

повеќе...

Македонија со 4 претставници на Охридскиот пливачки маратон

Како што веќе беше објавено од страна на FINA, овогодинешниот Охридски Маратон ќе се одржи во сабота на 24 август по 27 пат. Досега своето учество на маратонот го пријавија 30 натпреварувачи (19 во машка и 11 во женска конкуренција). Искусниот маратонец Томи Стефановски ќе ја предводи македонската „чета“ од четворица пливачи  на претстојниот Охридски маратон, заедно со Евгениј Поп Ацев, на кои ќе им се приклучат и помладите Александар Панчевски и Александар Илиевски. Ни оваа година, како и години претходно, нема да имаме претставничка во женска конкуренција. Дамјан Блаум…

повеќе...

Пијанистите Марк Соле Лери и Фредерик Шовел од Франција на „Охридско Лето“

Вечерва со почеток во 21 часот во црквата „Св.Софија“ на програмата на „Охридско Лето“ ќе настапат двајцата пијанисти Марк Соле Лери и Фредерик Шовел од Франција со изведба на дела од Моцарт, Дворжак, Менделсон-Мошелес, Пуланк, Мијо. Пијано дуото Марк Соле-Лери – Фредерик Шовел го сочинуваат двајца успешни пијанисти – претставници на француската изведувачка школа. Во текот на своето повеќегодишно постоење дуото се промовира како еден од најуспешните ансамбли од ваков вид во Франција и надвор од неа, а неодамна стана добитник на наградата на конкурсот „Grieg“ во Осло, Норвешка. Ансамблот…

повеќе...

Здружението на риболовци се против изградба на инфраструктура за пловни објекти во каналот Студенчишта

Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ од Охрид е против проектот на Локалната самоуправа на Охрид  за изградба на инфрастуктура за прифаќање на пловни објекти во каналот Студенчишта. „Со овој проект на мала врата се турка идејата од каналот Студенчишта да се направи марина. Секаква изградбата на инфрастуктура за прифаќање на пловни објекти само ќе допринесе да се доуништи флората и фауната во едно природно зимовалиште и мрестилиште, кое опстојувало со милиони години. Зголемениот број на пловни објекти е една од причините да веќе неколку години во каналот влегува…

повеќе...

Намален бројот на сообраќајни инциденти во Охридското Езеро

Намален е бројот на инциденти од безбедносен карактер во Охридското Езеро и евидентно се подобрени состојбите, констатираа министрите за транпсорт и врски и за внатрешни работи, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, по денешната работна посета на Капетанијата на пристаништа на РМ во Охрид. Јанакиески и Јанкулоска се сретнаа со надлежните во институцијата задолжена за безбедност во сообраќајот на Охридското Езеро, како и со градоначалникот Никола Бакрачески. „Во насока на поголема безбедност на пловилата и капачите на Охридското Езеро, во текот на оваа година, особено во летниот период се спроведени 150…

повеќе...