Точно на пладне од Св. Наум 9 пливачи во машка и исто толку во женска категорија ја започнаа битката за освојување на тронот на јубилејниот Охрдски пливачки маратон. Стартот на трката во 12 часот го означи градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Пред самиот почеток на маратонот, градоначалникот Бакрачески на сите маратонци им посака среќен натпреварувачки ден, мирна вода и освојување на најдобар резултат. Се очекува околу 17 часот да пристигнат и првите пливачи на целта на Градското пристаниште.
повеќе...Tag: охридско езеро
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа кај Радожда
Вчера околу 17:00 часот Охрид, во водите во Охридското Езеро кај с.Радожда-струшко била пронајдена една нескплодирана експолозивна направа, по што од страна ДЗС истата била безбедно подигната.
повеќе...И струшките плажи полни со гости
Деновиве и струшките плажи се полни со гости од земјава и странство кои спасот од горештините го бараат токму покрај убавото Охридско Езеро, односно се разладуваат во водата. Интересно е тоа што на струшките плажи можеа да се видат и повеќе лебеди кои се дружеа со капачите, особено со најмладите, не само во водата, туку и на копно. WebOhrid
повеќе...Утре по 37 пат ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон
Во организација на Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“ Охрид, а под покровителство на Советот на оштина Охрид, традиционално, по 37-ми пат, утре, 2-ри август (вторник), на патеката Горица – Охрид во должина од 2,5 км, ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон Охрид 2016. Своите пливачки способности и вештини ќе ги одмерат преку 50 пливачи од повеќе пливачки клубови од Македонија и странство, кои организирани во две возрасни групи (до 16 години и постари од 16 години) ќе стартуваат во 10 и 10:15 часот од плажата на х. Парк. Пристигнувањето на…
повеќе...Почина 24-годишен давеник што вчера беше извлечен од Охридското Езеро
Вчера околу 15:30 часот од водите на Охридско Езеро на м.в.„Трски“, помеѓу машка и женска плажа, изваден е давеник И.С. (24) од с.Камењане, тетовско, кој по укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар Струга е пренесен во Клинички центар Скопје на КАРИЛ, каде во 20:15 часот починал. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.
повеќе...Повредениот Џорџ престојува во Пештани
Лебедот со повредено крило, популарниот Џорџ престојува во туристичката населба Пештани, односно на пристаништето во центарот на оваа населба. Жителите од ова туристичко место велат дека Џорџ веќе две недели е нивни гостин, станал миленик, но и атракција како за нив, така и за туристите кои го хранат. WebOhrid
повеќе...Утре ќе биде реализирана вежба „Гаснење пожар на брод и спасување давеници од вода“
Практична вежба „Гаснење пожар на брод и спасување давеници од вода“ ќе биде реализирана утре (25 јуни) во 12:00 часот на кеј „Македонија“, кај старото пристаниште. Предвидените активности од практичната вежба се организирани од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, а ќе ја реализираат претставници од Единицата за специјални задачи, СВР Охрид, езерската полиција, Капетанија на пристаништа, Територијалната против-пожарна единица Охрид, Општинскиот црвен крст-Охрид како и медицински екипи на Брза помош-Охрид. Целта на показната вежба е координација и меѓусебна соработка на стручните служби во спасување на загрозени лица и…
повеќе...Во Охрид одржана обука за управување со чамци
Царинската управа на Република Македонија во соработка со Програмата за контрола на извозот и гранична безбедност (EXBS) при Амбасадата на САД во Скопје, во период од 16ти до 26 мај во Охрид одржа напредна обука за управување со чамци, како продолжение на основната обука за управување со чамци која се одржа во текот на минатата година. Напредната обука за управување со чамци беше наменета за гранични полицајци и царински службеници што работат на езерски патролни активности. Покрај претставниците од Македонија, учесници на обуката беа и претставници од Албанија и Косово. Покрај…
повеќе...Утре во Поградец – состанок на Прекуграничната платформа за заштита на регионот на Охридско Езеро
Утре (7-ми март) во Поградец, Албанија, ќе се одржи состанок на Прекуграничната платформа за заштита на регионот на Охридско Езеро, во рамките на УНЕСКО проектот за интегрална заштита на културното и природното богатство на регионот околу Охридското Езеро. Целта на прекуграничната платформа е да ја интензивира соработката на прекугранично ниво меѓу Македонија и Албанија на различни нивоа т.е. помеѓу централните, локалните власти и секторите за туризам, урбано планирање, култура и животна средина. Целта на конкретниот состанок е да се идентификуваат сите можности за мониторинг врз животната средина и биодиверзитетот со што…
повеќе...На Сараиште одбележан Денот на рибарите
На денот посветен на Св. Јован Крстител охриѓани ја продолжуваат традицијата на одбележување на денот на рибарите. Годинава централното случување беше кај месноста Сараиште. Во пријатна атмосфера зачинета со староградската песна на ансамблот „Билјана Јуниор“, бројните посетители традиционално се служеа со греана ракија, вино, рибна чорба и пача. Со своите сограѓани и гостите радоста ја споделуваше и градоначалникот Никола Бакрачески кој вели дека прославувањата на овој ден влечат корени од минатото кога било забрането јавно фрлање на Чесниот Крст и осветување на езерските води. „Ова е едно убаво продолжување на…
повеќе...