Се преврте автомобил на брегот од Охридското Езеро

Денес околу 17 часот на магистралниот пат Охрид-Св.Наум кај Долно Коњско, поточно на удолницата веднаш после хотелот „Гранит“, автомобил излета од коловозот, се преврте и падна на брегот од Охридското Езеро. Според очевидците кои ги затекнавме на лице место, станува збор за автомобил марка „Пежо“ со охридски регистарски таблички. За брзо време пристигнало амбулантно возило и биле хоспитализирани три лица, кои се наоѓале во возилото. На овој дел од патот денес беше извршен прекоп поради дефект со водоводната линија. И покрај поставените сообраќајни знаци, излетувањето од патот најверојатно е настанато поради…

повеќе...

Повторно се расчистува речното корито на „Грашница“ на потегот од „Ливница“ и по ул. „Прилепска“

Само околу еден месец откако коритото на реката „Грашница“ беше темелно искосено и исчистено од страна на одделението за „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“, се јавува повторна слика од околните куќи и жителите кои гравитираат во околината каде што се ангажирани 2 комунални работници и се собира комуналниот отпад. Се апелира до околното население да не го депонираат отпадот во речното корито, затоа што со надоаѓање на водата во реката истото ќе се најде во Охридското езеро и ќе се предизвика поголем проблем.

повеќе...

Работна сесија во Проектот за интегрална заштита на природното и културното наследство на Охридскиот регион , УНЕСКО / ЕУ

Од 7ми до 10ти декември во Поградец на брегот на Охридско Езеро од албанската страна ќе се одржи тематска тренинг сесија во рамките на проектот за интегрална заштита на културното и природното богатство на Охридскиот регион поддржан од УНЕСКО и Европската унија. Главната цел на оваа сесија ќе биде да се нотираат главните опасности и предизвици кои имаат ефекти врз состојбата на Охридското Езеро и засилување на прекуграничната соработка, зајакнување на ефектите од управувањето, како и идентификување и згрижување на природното и културното наследство во Охридскиот регион. На работната сесија…

повеќе...

Одземени рибарски мрежи – продолжуваат акциските контроли на Езерската полиција

Повеќе рибарски мрежи во вкупна должина од околу 2000 метри, сто парчиња риба Охридска белвица, едно кајче и повеќе примероци на риболовен алат, прибор и друга опрема, се пронајдени и одземени при патроли на полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“. Акциските контроли на езерската полиција се реализираа пред два дена во соработка со инспектори од Државниот инспекторат за земјоделие по целата должина на северо-западната езерска гранична линија но и во останатиот дел од територијалните води на езерскиот басен. Акциите беа координирани со полициски службеници од полициската станица за граничен…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Дали надлежните институции се запознати со бетонизацијата на крајбрежјето на Охридското Езеро во општина Дебрца?

Советничката група на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое се вели: „На седницата на Советот на општина Дебрца, одржана на ден 13.11.2015 година, советничката група на СДСМ побара Информација за пешачката патека (а не плажа, како што пренесоа некои медиуми, кое нешто е сосема друг проект) на крајбрежјето на Охридското Езеро, во КО-Оровник, општина Дебрца, чија изградба е во тек. Поаѓајќи од фактот дека Охридското езеро е со закон заштитен споменик на природата, прогласено и за светско природно наследство, ставено под заштита на УНЕСКО и дека преземањето на…

повеќе...

Работен состанок во Поградец за компонентата за заштита на важните видови на флора и фауна во езерата

Во рамките на заедничкиот проект за заштита на биодиверзитетот во езерата во Дримскиот басен поддржан од Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ, денес и утре во Поградец се одржува Работен состанок за компонентата за заштита на важните видови на флора и фауна во езерата. „Во рамките на Проектот веќе е изготвена листа на важни видови (вкупно 78 ) и на овој состанок целта ќе биде да се приоретизираат 5 до 10 најважни и загрозени видови во секое од езерата врз кои потоа ќе се врши мониторинг согласно критериумите и директивите…

повеќе...

Објавена публикацијата Природното богатство и вредности на Дрим

Објавена е публикацијата „Природното богатство и вредности на Дрим“, изработена во рамките на заедничките активности за управување со Дримскиот Басен со вклученост на НВО секторот. Во публикацијата се наведува дека суштинската вредност на сливот на реката Дрим е бесценета – несомнено, е еден од најважните слатководни “жаришта” на биолошката разновидност во Европа. „Без разлика дали сфаќаме или не, но слатководните екосис заедно со биодиверзитетот и екосистемските услуги што ги обезбедуваат, го одредуваат квалитетот на животот и добросостојбата на луѓето. Ние, како индивидуи можеме да направиме разлика едноставно преку почитувањ на…

повеќе...

Шест години од потонувањето на бродот Илинден

Денес се навршуваат шест години од потонувањето на бродот “Илинден“, кога животот го загубија 15 Бугарски државјани. Пред паметникот за оваа бродска несреќа на кејот “Македонија“, претставници на општина Охрид, на Бугарскиот културен центар од Скопје, Ротари клубовите од Охрид и Пирдоп, Здружението “5 Септември“ и капетанот на капетанијата во Охрид, положија свежо цвеќе и оддадоа почит за трагично настраданите бугарски туристи. Директорката на Бугарскиот културен центар од Скопје, Светлана Славева, им се заблагодари на општина Охрид и охриѓани, за пиетеот кој го покажуваат за овој настан и изрази увереност…

повеќе...

Повик за спас на Националниот Парк „Галичица“

Активисти на Граѓанска иницијатива Охрид SOS ги повикуваат сите граѓани активно да учествуваат на јавната расправа за измени во Планот за управување со Националниот Парк „Галичица“ како би го искажале своето мислење за планираните градежни активности во НП „Галичица“ пред да биде доцна, со цел да го зачуваме природното богатство од уништување. Националниот Парк „Галичица“, веќе и официјално е во опасност од уништување! Новите измени во Планот за управување со Националниот Парк, кои јавно се изнесени на нивната официјалната веб-страна, подразбираат отстранување на досегашниот степен на заштита на најранливите подрачја…

повеќе...

Викендов 15-та Меѓународна регата во кајак и кану на мирни води „Охрид 2015“

Во организација на кајак кану „Стрмец“ од Охрид по повод 8-ми Септември – Ден на независноста на Македонија на 5-ти и 6-ти септември ќе се одржи 15-та меѓународна регата во кајак и кану на мирни води на Охридското Езеро. На регатата ќе учествуваат екипи од Полска, Бугарија, Србија, Црна Гора, Грција и Македонија. Регатата ќе се одржи на Охриското Езеро пред хотел Милениум со почеток во 8:30 часот, во конкуренција на кадети/ки, јуниори/ки, сениори/ки во дисциплини К1, К2, Ц1 и Ц2 на 200, 500, и 2000 метри.

повеќе...