Општина: Невиден популизам и навреда на интелегенцијата на граѓаните е однесувањето и делувањето на СДСМ

Во врска со денешната прес-конференција на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати Општина Охрид во која стои: „Невиден популизам и навреда на интелегенцијата на граѓаните е однесувањето и делувањето на СДСМ Охрид. Тоа сме го кажале многупати го повторуваме и денес. Како тоа велат дека проблемот е повеќегодишен, а токму сега во очи на локални избори одлучија да го обелоденат? Или СДСМ Охрид го преспале овој период кога имало проблем со водата, или потребата за популизам е толку голема што СДСМ Охрид мора вака паушално да дејствува? Добро е СДСМ…

повеќе...

Општина: Продолжува паушализмот и расфрлањето со непроверени информации на СДСМ Охрид

Во врска со соопштението од СДСМ Охрид, реакција испрати Општина Охрид, во која стои: „Продолжува паушализмот и расфрлањето со непроверени информации на СДСМ Охрид во јавноста што стана препознатлив белег на нивното политичко делување. Исто така се однесуваа и кога го водеа Охрид, а со тоа и Јавното претпријатие „Охридски комуналец“. Чести се обидите да си ја перат совеста, при тоа за своите неуспеси да обвинат некој друг. Овие се истите оние луѓе кои под превезот на „Чист Охрид“ дозволија во непосредна близина на центарот на градот да изникне депонијата…

повеќе...

Свикана седумдесет и втората седница на Советот на Општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува: Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА СЕДУМДЕСЕТ И ВТОРАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ седумдесет и втората седница на Советот на општина Охрид на ден 18.07.2017 година (вторник) со почеток во 11,00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам следниот : Д Н Е В…

повеќе...

Отворено ново детско игралиште

Најмладите во Охрид, денес, добија уште една забавно – рекреативна зона каде што ќе можат да го користат своето слободно време. На детското игралиште лоцирано покрај патеката што се протега од „Студенчишта“ до хотел „Парк“, поставени се повеќе детски реквизити што нудат разновидна забава. „Им овозможивме на младите да се забавуваат и рекреираат тука, меѓутоа и на оние кои се занимаваат со рекреативен спорт или фитнес да можат да ги користат овие реквизити на оваа мошне атрактивна локација во Македонија, со прекрасен поглед кон стариот град и кон езерото“, рече…

повеќе...

Конкурс за најдобар расказ „Живко Чинго“

По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распишува годинешниот К О Н К У Р С З А Н А Ј Д О Б А Р Р А С К А З Услови за учество на Конкурсот: 1.Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија 2.Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул.„Димитар Влахов“бр.57 со назнака : ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ; 3.Авторското право…

повеќе...

Јавен повик за пријавување на штети од земјотресот на 03.07.2017

Се повикуваат граѓаните на Општина Охрид кои сметаат дека земјотресот кој беше почуствуван на територијата Општина Охрид на 03.07.2017 година им има нанесено материјална штета на нивните имоти, истата да ја пријават во просториите на Општина Охрид. Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот од 04.07.2017 година (вторник), во Општински услужен центар, во архива на Општина Охрид, или на телефонскиот број 046/230-175. Лице за контакт од Општина Охрид за пријавување на штетите е дипл. земјоделски инженер Радован Вељаноски, Претседател на Општинската комисија…

повеќе...

Во недела ќе се одржи 16то издание на фестивалот „Канеофест 2017“

На 02.07.2017 година (недела), со почеток во 21:00 часот ќе се одржи 16то издание на фестивалот „Канеофест 2017“, во организација на Телевизија Морис Охрид. За прв пат оваа година фестивалот добива локација во центарот на градот, односно на градското пристаниште, непосредно во близина на споменикот „Фаќач на крст“,што значи дека фестивалот ќе биде отворен за сите посетители. „Фестивалот е од натпреварувачки карактер. Ќе бидат изведени над 30 новокомпонирани македонски забавни и народни мелодии од кои ќе бидат одбрани најдобрите од страна на стручното жири, ама и присутната публика ќе има можност…

повеќе...

Честитка од градоначалникот Бакрачески по повод Денот на Египќаните

По повод Денот на Балканските Египќани , градоначалникот Никола Бакрачески упати честитка со искрени желби за соживот и мирољубива коегзистенција во сегашноста и иднината на локалната заедница. „Почитувањето на различностите и надминувањето на етничките и културолошките препреки се основен предуслов за здраво мултиетничко општество. Соживотот низ вековите покажал и покажува дека само со меѓусебно разбирање се градат темелите на доверба и меѓусебно почитување како универзални вредности. Уверен сум дека овие пораки до Еѓипќаните ќе бидат прифатени во духот на мултикултурализмот и меѓуетничката интеграција“. – стои во честитката на градоначалникот Бакрачески…

повеќе...

Обука за развој на претприемништвото

Општина Охрид и Секторот за ТЛЕР во рамките на проектот СЦБЕ – ТБЦ финансиран од Европска Унија, програмата ИПА – за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција 2007-2013, покрај работилницата која беше спроведена за изработка на SWOT анализа што ја покажува состојбата на пазарот на труд и претприемништво во Охрид , дополнително, предвидува и десетдневна обука за развој на претприемништвото. Во рамките на овој порект наменет за подобрување на претприемништвото во прекуграничната област Лерин-Охрид-Солун, преку воспоставување на нови претпријатија и подобрување на постоечките, вчера ја спроведе првата обука за развој…

повеќе...

На охридскиот аеродром: ТАВ го пречека првиот чартер-лет од Полска

Првиот чартер-лет со 220 полски туристи од Катовице пристигна утрово на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид одбележувајќи го почетокот на соработката меѓу ТАВ Македонија и еден од најголемите полски тур-оператори, Рего-Бис Со меѓународниот воздухопловен гест – воден мост во форма на виножито, со традиционалната македонска закуска – погача и сол, како и со церемонија на сечење торта, ТАВ Македонија утрово го пречека првиот чартер-лет од Полска на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, одбележувајќи го почетокот на соработката меѓу ТАВ Аеродроми и еден од најголемите полски тур-оператори Рего-Бис. Првиот…

повеќе...