Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(36) од охридското село Горенци како и против Н.С.(54) од селото Требеништа. На 20-ти минатиот месец, по писмена наредба од Судија на претходна постапка, полициските оперативци извршија претрес во домот на С.Т. во селото Горенци. Притоа, пронајдоа 3 пушки, 127 куршуми различен калибар, 3 празни кожни реденици за муниција и 2 прибори за чистење на оружје. Тој, оружјето и муницијата ги поседувал нелегално односно немал…
повеќе...Tag: оружје
Уште еден месец за замена на дозволите за поседување и носење на оружје
Преостанува уште еден месец за замена на дозволите за поседување и носење на оружје. Рокот истекува на 12 април, a дотогаш граѓаните и правните лица кои поседуваат оружје со стари дозволи се должни да поднесат барање за нивна замена. Барањето треба да биде поднесено во Министерството за внатрешни работи, Оддел за граѓански работи, Сектор за оружје, експлозивни и опасни материи, агенции за обезбедување и детективска дејност, Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи според место на живеење на физичкото лице, односно седиште на правното лице. WebOhrid
повеќе...Жител од Брежани во домот неовластено чувал муниција и ловна пушка
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.И. (50) од с. Брежани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 21.01.2016 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот каде биле пронајдени 147 оловни кугли различен калибар, пет испукани патрони, кожен реденик, ловна пушка калибар 12 мм, 122 грама барут, кои пријавениот неовластено ги чувал во својот дом.
повеќе...Активниот состав на СВР Охрид денес врши вежбовна активност за боево гаѓање
Активниот состав на Секторот за внатрешни работи Охрид, денес врши вежбовна активност за боево гаѓање. Според планот, боевото гаѓање се реализира со огнено оружје-автоматска пушка, во просториите на стрелиштето „Бејбунар“ во времето од 10:00 до 13:00 часот. Денешната вежбовна активност се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом Охрид“ и урбаната заедница „Билјанини извори“. Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи извршија обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето „Бејбунар“ со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување на…
повеќе...Кривична пријава за кичевчанец поради недозволено држење на оружје
Регионален центар за гранични работи-Запад поднесе кривична пријава против М.А.(59) од Зајас-кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „недозволено држење на оружје или распрскувачки материи”. На 16.07.2016 година околу 18,35 часот пријавениот во ПС за ГП Аеродром- Охрид се пријавил на излез од Р.Македонија со македонска патна исправа и швајцарски документ, а со цел да патува со авионот на релација Охрид-Базел. По извршена контрола од рачниот багаж на наведеното лице, пронајдени биле пет куршуми, од кои четири се со калибар 38 (специјал) и еден куршум калибар 38…
повеќе...Вработен во ловно друштво го повредил колегата додека ја проверувал пушката
Вчера околу 19:00 часот во с.Врбјани – Охрид, К.Б. вработен во ловно друштво „Славеј“ проверувајќи ја ловната пушка во дворот на сопствената куќа, испукал према Д.Р. (1963) од с.Врбјани – Охрид, вработен како ловочувар во ловно друштво, при што го повредил во пределот на двете подколеници. Д.Р. е префрлен во МЦ-Охрид за укажување на лекарска помош, каде што му се констатирани телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од СВР Охрид.
повеќе...Охриѓанец заработи кривична пријава поради поседување нелегално оружје
Регионалниот Центар за Граничен Реон Запад поднесе кривична пријава против З.Н. (47) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 31ви март годинава на место викано „Царина“, на патот кон селото Стење, во ПМВ „Голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, полициска патрола пронашла репетирачка пушка со калибар 7,9 милиметри, оптички нишан и два куршуми калибар 7,9 милиметри. Пронајденото оружје и останатите предмети се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.
повеќе...Во Скопје одржан вториот куп во гаѓање со воздушно оружје
Викендов на стрелиштето во гимназијата „Раде Јовчески Корчагин“ во Скопје се одржа вториот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма, на кое учестуваа околу 50-тина стрелци од повеќе клубови во државава. Мартина Петровска се пласира на вицешампионската позиција во јуниорска категорија, со значително послаб резултат (393,3 круга) од првопласираната Ана Иваноска од СК „Рек“, на која ова и е личен рекорд со извонредни 407,5 кругови. „Нашата јуниорка не можеше да го издржи притисокот да ја одбрани шампионската титула со која се закити еден месец претходно, па следеше ваков пад…
повеќе...Известување за полагање на стручен испит за располагање со оружје
Министерството за внатрешни работи, Комисијата за полагање на стручен испит за располагање со техничко знаење за правилна употреба, чување и одржување на оружјето и познавање на прописите за оружје, ги информира кандидатите кои практично се оспособиле во правното лице „Стрелец 2008 ДООЕЛ Штип“, дека на 23.03.2016 година во 16,00 часот во просториите на Испитниот центар “АССЕКО“ (на ул.Христо Смирненски бр.30 Скопје) ќе одржи спроведување на теорискиот дел од стручниот испит. Додека практичниот дел од стручниот испит ќе се одржи на 26.03.2016 година во 11,00 часот на стрелиштето во Штип. Исто…
повеќе...Испит за дозвола за огнено оружје за кандидати обучувани од правното лице ДООЕЛ „Бејбунар“ од Охрид
Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за оружјето, а кои се однесуваат на полагањето на стручен испит за безбедно ракување со оружје, Министерството за внатрешни работи информира дека Комисијата за полагање на стручен испит за располагање со техничко занаење за правилно утотреба, чување и одржување на оружјето на 24.02.2016 во 14 часот во просториите на Испитниот центар “Asseco-see“ (на ул.Христо Смирненски бр.30 Скопје) ќе одржи спроведување на теорискиот дел од стручниот испит. На овој испит ќе бидат кандидатите од Охрид кои се оспособиле во правното лице ДООЕЛ „Бејбунар“…
повеќе...